Епа чим има место за прашања, да прашам и јас околу спецификациите на транзисторите
1Што им значи тоа тотална дисипација? Каква врска има со моќта на транзисторот?
2 Ако на некој транзистор пишува 99В 10А 150W дисипација и ако го опниме на 100В на 10оми(да врват 9.9А) мислам дека ќе прегори за 5 микросекунди. Зошто кога ни напонот ни струјата не сме ги пречекориле ? Секако транзисторот да е монтиран на соодветен ладилник-инаку јасно ми е-ради температурата
Не мора да значи дека одма ќе изгори, едноставно може да прегрее, башка, тоа се максмални дефинирани вредности на транзисторот, тоа не значи дека треба нормално да работи во неговите максимални граници, значи дека може да ја издржи таа моќност, но само многу краток временски период, неколку микросекунди. Може и да прегори, а може и да не прегори, зависи од квалитетот на изработката (дали е Кинески или не
) и од тоа колку стар, дали бил претходно изложуван на такви екстремни услови на работа, итн. Многу фактори влијаат врз работата на транзиторите, но обично кога се избира транзистор за било која апликација, се гледа максималните напони и струи кои поминуваат низ него да не бидат поголеми од 70% од неговите максимално дефинирани напони и струи
.
Сега јас да постава едно прашање. Ми останало (од некогаш, не знам ни кој ми го дал
) еден Sony PS1, расипан е, но исправно му е напојувањето, па се мислев да правам некаков тип на засилувач со него, некој едноставн, онака за по дома
(плус, немам звучници за другиот компјутер
, а имам два пара звучници од стари телевизори
, но не и засилувач за нив :S). Напоните кои ги дава напојувањето се 7.5V и 3.5V. Тој 3.5V-ниот излез не ми треба, но 7.5V-ниот може да го искористам за некаков тип на интегриран засилувач. Гледав некои интегрирани кола кои се наменети за car audio засилувачи и ми падна во око TDA1519A (2X11W, минимален работен напон му е 6V, барем на хартија, односно така пишува во datasheet-от
, има коло за мек старт, заштита од пренапон, заштита од преголема температура, итн.). Шемата за засилувачот е екстремно проста, па затоа и го избрав, има минимален број на екстерни компоненти (неколку кондензаторчиња за спрега и тоа е тоа
). Е сега, се мислам дали воопшто да го правам бидејќи минималниот работен напон му е 6V, но од кај да знам дека на некој нова верзија што ја направиле не му го дигнале минималниот работен напон :S (имаше некои модели на вакви car audio засилувачи произведени до ST кои имаа минимален работен напон од 8V). Според сервисната шема, на 7.5V-ниот rail напојувањето може да даде околу 3A струја, што мислам дека е доволно за волку слаб засилувач (башка, не планирам ни тие 11W целосно да гги користам).
Сакав да прашам неколку прашања:
1) Дали некој знае начин како да ги сумирам овие два напона, да можам да добијам напон од 11V (7.5V + 3.5V =11V). Бидејќи и двата напони имаат заедничка маса, не гледам начин како тоа може да се изведе, но си викам, зошто да не прашам
.
2) Дали може да се најде колово кај нас?
3) Дали има некој можеби подобар предлог, некое друго интегрирано коло кое има понизок работен напон (на пример 5V или 4.5V, па после да има во него вградено step up конвертор и да дава повисок напон), или можеби да предложи некое друго решение, без интегрирано коло, било каква идеја
.
Инаку еве и datasheet за колото, доколку некој сака да го види
.
http://www.datasheetcatalog.com/datasheets_pdf/T/D/A/1/TDA1519A.shtml