Имам чувство дека сака да направи евтино камерче кое треба со помош на гимбалот да гледа лево-десно (ваљда за видео надзор).
Дап, и јас баш сакав ова да го пишам
.
@Apostol_Cz: Можеби е наједноставно да го имплементираш она што batka го пиша. Купи маус кој помни потези и преспои ги тастерите со тастерите на камерата, стави го во позиција да снима и остави го да снима, потоа, остави го да ги повторува потезите што си ги снимил
.
Може да се изведе и со микроконтролер.
Исто така, имај на ум дека без граничници (крајна лева, крајна десна, горна позиција, итн.), по неколку вакви loop-а, камерата веќе нема да се враќа во првобитната поцијата. Ќе се измести од причината која ја пишав во мојот претходен post во темава поврзан со овој проблем: не е возможно идентично да се реплицираат движењата на електромоторот при повторувањето на loop-от (ова е возможно, но само кај степ мотори... а и кај нив може да се појави грешка). Некое движење ќе има (на пример) 15000 завртувања на електромоторот. Поради несовршеноста на системот (природата), во наредниот loop, истото движење ќе има 15037 завртувања (бројката е дадена како пример
), што значи дека камерата ќе биде позиционирана малку по на десно/лево/горе/долу во однос на претходниот loop. Остави ја камерата вака да тера неколку часа, може да ја начекаш и свртена наопаку
.
Генерално земено, затоа овој системи на „движечки камери“ е батален кај системите за надзор... многу механички проблеми со позиционирањето на камерите. Кога камерите за надзор беа скапи, да, овој систем беше исплатлив за имплементација, ама со цените на камерите во денешно време... повеќе се исплати да поставиш 3 камери отколку една да ја прави работата за 3 (како што порано се преферираше).