@stiffy, според описот мислам дека ми е позната шемава, и мислам дека можеш да искористиш потенка жица за намотките, затоа што не е висока фрекфенцијата на работа на колото и нема да требаат многу јаки струи кон gate-овите на MOSFET-ите...
Претпоставувам сакаш да го изработиш овој проект:
http://www.instructables.com/id/A-reliable-plasma-speaker/?ALLSTEPS
Проектот е одличен, признавам, но со иста ефикасност би можеле да воведиме само едно NE555 да ни ја брка целата работа, да го намалиме бројот на MOSFET-и и да добиеме коло со перформанси што многу малку отстапуваат од ова коло...
Овде се користи Half Bridge топологијата, таа има свои предности, да, како прво, никогаш не о оптоваруваш напојувањето освен на почетокот кога кондензаторите се целосно испразнети. Тоа има предности, но и недостатоци, поголем број на MOSFET-и и кондензатори што резултира со поголема цена на проектот.
Во овој случај, за да не се трошиш многу за MOSFET-и и филтер кондензатори, можеш комотно да се потпреш на еден филтер 10 000uF и еден IRFP460 во flyback топологија. Би требало да можеш да го работиш од 3-6 часови во зависност од ладилникот, а ако вклучиш и некој кулер, може да работи бесконечно долго.
Исто така IRFP460 e за 500V, а IRFP250 е за 200V. (Ова ти го кажувам затоа што имам измерено 200V повратни шилци од трафо од телевизор со 8 примарни намоткa, затоа ти препорачувам мин. 300V MOSFET.
)
Ако имаш разгледувано осцилатори со 555, можеби си забележал дека петтиот пин не се користи или се врзува преку кондензатор на маса. всушност, тој петти пин, се нарекува и контролен пин- се користи за PWM на излезниот сигнал. За да се насочиш одприлика за ова, разгледај овде, овој дизајн со мали модификации го имам применето јас лично за на натпревар и работеше 3 часа без престан...
http://www.instructables.com/id/Audio-modulated-flyback-transformer-driver/
Споено мислење: [time]08 Декември 2014, 20:30:33[/time]
Уште нешто- ако немаш доволно долго мртво време помеѓу вклучувањето и исклучувањето на двата MOSET-и, ќе си го краткоспоиш напојувањето и ќе ти спукаат FET-овите. Затоа не ти препорачувам Half-bridge...