Имам две прости прашања за кои што мислам дека многу лесно можете да ми одговорите...
-Имам две ламби E80CC, на интернет видов дека имаат номинален напон на греачите од 12,7 волти. Се мислев дека е во ред додека не забележав дека во пракса имаат два греачи...
Е сега, дали овој напон е за само еден греач или за двата заедно?
-Имам една ламба, 0A2, која што е регулатор на напон, ламбата е во одлична состојба освен името што е избришано. Е сега- сакам од неа да направам декоративно светло за кај мене во соба. За напојување сакам да ставам еден трансформатор 220:12, па после него множител на напон за да стасам до 160 волти, што е за 10 волти повеќе од нејзиниот breakdown напон... Дали е ова добра идеја, сакав прво да се консултирам со вас... Aко не- тогаш да останам со првичната замисла со една ламба E80CC...
Споено мислење: 30.07.2014, Wednesday, 20:04:34
И уште нешто да додадам- На еден од поорните постови има едно видео со некојси Биба струја, луѓе, се познава дека она Теслино трафо е од кит, или има еден куп делови по нарачка. Еве неколку работи што укажуваат на тоа...
-Убав, мазен и изгланцан тороид- попознат на форумов како "крофна". Овие се прават во фабрика од полно парче алуминиум кое се врти околу една оска со голема брзина и потоа се "режи" со едно специјално сечило во оваа форма.
-Добро изработена кутија по нарачка.
-Коничен примар со тело навидум излиено од пластика...
-Мазен секундар без ниедна грешка- што мислам дека укажува на присуство на машина во процесот на изработка... Плус тоа- лакиран е машински, рачно е многу тешко да се излакира со онолкава перфекција...