Инаку да ве прашам за нешто баеги мистериозно, значи сабајле кога станував за на училиште забележав
сијалицата во мојата соба од време, на време трепнува, т.е. подсветнува, но слабо. Се работи за штедлива сијалица која што не беше приклучена на извор на напон,
Кажете, што ќе да е ова, не нападнаа вонземјани, некој тестира ЕМП на нас или некои проверки за моќна радио станица?
Трепнуваше скоро редовно, на секои 10-ина секунди, само еднаш еднаш направи застој од 20... сето ова го мерев со штоперица...
изгледа, ќе проверам... ова до сега ми е најлогично, но не свети вака секогаш, само еднаш видов...ова не се повтори вторпат.. но ајде, со фазометар ќе проверам..
Прекинувачот од сијалицата е ставен на нулата место на фазата. Значи и кога сијалицата е исклучена до нејзе има фаза па со капацитативен пренос протекува слаба струја низ сијалицата поради која трепка одвреме на време.
Споено мислење: 27.01.2014, Monday, 16:58:33
Патем, направив драјвер со НЕ555, дарлингтон пар 4 2Н3055 што се контролирани од еден ТИП41 транзистор преку 110 омски отпорник (немав сто омски, па ставив два од 220 оми паралелно) со заштитна диода и пригушувач на шилци... Работи одлично, дава поприлично жешка искра долга 4 мм...