Колеги ако може некој накратко да ми објасни(ако е тоа можно) која е разликата помеѓу 50-херцен ТВ приемник и 100-херцен ТВ приемник во однос на сликата?
Кај аналогните, нема разлика бидејќи и онака сликата се праќа си 50 frame-а во секунда (поточно 50 полуслики за PAL, односно 25 цели слики
), така да, тоа беа само „лажги со опашки“ од страна на фирмите производители, као демек „овие подобри биле за очите, ова она“... да, подобри се само ако и сигналот се праќа со 100Hz
... до некаде барем беше така, не негирам дека на некои телевизори кои ги имам видено кои имаат refresh rate од 100Hz, навистина сликата поубаво се гледаше, малку поостра беше, ама ништо повеќе од тоа... и не се гледаше треперење на сликата ако снимаш со камера телевизор... или се гледаше, ама малку.
Кај дигиталните има, ама само ако сигналот се прака со поголем refresh rate од 50Hz, на пример, 80Hz или 70Hz. Тогаш, да, ќе се забележи разлика
. Но, повторно, нема да се забележи разлика кај филмови бидејќи и онака филмовите се снимаат со 24 frame-а во секунда, а оваа технологија не е сменета со децении и (колку што знам) не планираат да ја менуваат, така да, нема да ти направи никаква разлика, барем за филмовите
. Ти ако сакаш направи telecine на тие 24 frame-а и на 100 frame-а, џабе ти е, тоа пак се 24 frame-а, само што има еден куп дупликати на еден ист frame кои се прикажуваат 4.167 пати во секунда
.
Е сега, од друга страна, има голема разлика меѓу монитори со максимален refresh rate од 60Hz и максимален refresh rate од 100Hz
(тоа е всушност истата она работа „50Hz и 100Hz“ кај обичните телевизори, само за монитори, посебна терминологија се користи
, зошто, не знам, ама мислам дека има врска со развојот на самата технологија и фактот дека мониторите се имаат развивано „независно“ - условно кажано - од телевизорите). Веднаш се забележува дека екранот помалку ги заморува очите
.