Дали практично би имал проблем ако поврзам повеќе MOSFET транзистори за големи струи паралелно
негде 8 транзистори се, со тоа што сорсовите се на - од напојувањето, дрејновите се паралелно поврзани и одат према негативниот пол од потрошувачот, а гејтовите се преку отпорници од 15 оми паралелно поврзани и преку зенерки од 16V се на - напојување (за во случај од поголем напон, пошто можно е да напојувањето во одреден случај да крене повисок напон), а отпорниците од 15 оми кој се на еден крај сите заедно поврзани одат на засилувач на сигнал према дарлингтонов спој на транзистор, кој има за улога да го засили сигналот со кој ќе се контролираат фетовите.
Е сега пошто претходно напоменав дека треба да тече струја до кај 70A, потребна ми е да поврзам повеќе MOSFET-и за да контролирам тие 70A, се работи за импулсен режим на работа
па ме интересира дали ќе има проблем дека би се поврзале околу 8 фетови паралелно на дадениот начин, да не ми се појави шум или пак DC напон па да се случи континуирано да проведуваат 70A и да изгорат
може и да сум погрешил, ама ќе видам даташитот, и мене не ми се веруваше, имаше еден куп за избор, да не сум го смешал со некое друго