Author Topic: Гитарски ефекти  (Read 2811 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Гитарски ефекти
« Opened on 23.07.2010, Friday, 01:01:39 (Edited 23.07.2010, Friday, 12:23:57) »
Стандардни шеми за wah-wah за електрична гитара и параметричен еквилајзер за гитара или бас.Овие шеми се проверени во работа и ги препорачувам и за почетници.Жалам што немам печатени плочки.Параметричкиот еквилајзер е особено добар за бас гитара,проверете.




Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3217
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #1 on 23.07.2010, Friday, 01:11:01 »
друже ке можеш ли те молам да ми објасниш што е тоа параметрички еквилајзер, дека првпат слушам за такво нешто... и како се користи. а за wah-wah користеше обичен потенциометар или некој посебен??? дека тој па ептен треба да се врти па мислам дека посебни потенциометри се за нив...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11797
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #2 on 23.07.2010, Friday, 01:16:19 »
Може да користиш и обичен потенциометар, зависи како си го замислил дизајнот на папучата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3217
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #3 on 23.07.2010, Friday, 01:54:16 »
пред некое време барав шеми за дисторзија и најдов една страна за како да си направите самите дисторзија (вие да ја конструирате)

Code: [Select]
http://www.generalguitargadgets.com/richardo/distortion/index.html
и да не ве интересираат дисторзии би ви препорачал да ја прочитате дека има и многу други објаснети работи што се поврзани со аудио техника...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #4 on 23.07.2010, Friday, 22:21:32 (Edited 26.07.2010, Monday, 02:33:26) »
Параметричкиот еквилајзер ги зголемува или намалува фреквенциите во одреден опсег на звукот.Имате три опсега на фреквенции кои можете да ги регулирате(да ги издигнувате или потиснувате),и миксер со три потенциометри да ги сумирате овие фреквенции.Со тоа добивате добри ефекти.Ова шема се изработува најчесто со ЛМ324 или ТЛ074/84,а може и со ТЛ071(ЛМ741) ако некој поседува само такви кола.Уредот го има направено еден мој пријател,музичар од Велес,за бас гитара,а за напојување користеше две батерии од 9в.Немам изглед на плочка,ама мислам дека не е тешко да се направи.
За другиот ефект може да се користи педала со потенциометар од 100 к линиски ,а може да се направи систем за преклопување со ножен прекинувач и лизгач потенциометар.Калемот е стандарден примар од мрежно трансформаторче ,изваден од универзалните адаптери.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #5 on 16.09.2010, Thursday, 17:26:31 (Edited 10.09.2014, Wednesday, 21:45:36) »
Еве една дисторзија со ФЕТ-ови која има нагласок на лампашки звук.Шемата е направена и работи,а добивате и изглед на плочка и монтажна шема.





Споено мислење: [time]17 Септември 2010, 15:50:02[/time]
Кога веќе почнав со ефективе,еве и две малку невообичаени,ама многу интересни и корисни ефекти.
Првиот е за поправање на КУ  факторот на гитарското коло,со што добивате побогат,можеби и почист и попрецизен тон,значи го подобрува квалитетот на звукот на гитарата.Вториот е компресор /лимитер кој за оние кои никогаш не свиреле со ваков ефект е право чудо.Не треба со целата сила да удирате на гитарата -  со него и со благо влечење на прстите ке добиете полн и силен звук,а нивото сами го бирате спрема начинот на свирење.




Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #6 on 10.09.2014, Wednesday, 20:02:51 »
Како го викаат овој ефект, од 2:53 почнува, а завршува во 3:04 на видеово, ова е тој познат wah-wah ефект?
Metallica - Don´t Tread On Me (with lyrics)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11797
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #7 on 10.09.2014, Wednesday, 21:50:22 »
Да, има малку wah. Не многу, ама има ;).

Wah ти е најобичен високопропусен филтер, ништо повеќе од тоа, само што се контролира фреквенцијата на отсекување со помош на ножна педала во која има потенциометар за контрола.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #8 on 10.09.2014, Wednesday, 22:42:03 »
Обично,скоро во секоја шема за вах вах има намотка,па затоа многу почетници се плашат да направат ваков ефект.Но има шеми кои немаат елемент кој е критичен и се добиваат солидни резултати.Еве некои шеми кои се покажале успешни:

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #9 on 11.09.2014, Thursday, 12:45:01 (Edited 11.09.2014, Thursday, 12:50:40) »
Quote
Да, има малку wah. Не многу, ама има
Ако има МАЛКУ wah, тогаш што е останатото??? (Знам дека може да се редат повеќе педали сериски... ;))

Споено мислење: 11.09.2014, Thursday, 12:50:40
Слаб overdrive?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 11797
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #10 on 11.09.2014, Thursday, 13:56:47 »
Слаб overdrive?

Па така ми изгледа и мене, на комбинација на overdrive со wah.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #11 on 13.02.2015, Friday, 19:31:57 (Edited 14.02.2015, Saturday, 03:19:38) »
Разгледував некои шеми со клипери со диоди и ми дојде како идеја да пробам онака во симулација дали можам со 2 отпорници и 2 диоди да направам дисторзија што може да се подесува...
Испадна дека идејата може да се примени во пракса и дава доста солидни резултати (на хартија), е сега, вие оценете го резултатот.... ;)
Потенциометарот го одредува напонот преку диодите (1N4148 има пад на напон од 0,7V) кои го клипуваат тој  напон. Во овој случај кога потенциометарот е на минимум, сигналот е слаб, но скоро и да нема клипување, додека кога е најголем има најголемо клипување... Еден мој другар сака да купи електрична гитара па ќе го пробам ова за кратко време...
Еве осцилограми:



Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #12 on 13.02.2015, Friday, 19:39:36 »
еве нешто повеќе за синтисајзер или аналоген компјутер

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Гитарски ефекти
« Reply #13 on 13.02.2015, Friday, 22:37:06 »
Батка ,не си разбрал очигледно - не постои * аналоген компјутер*. 8) Значи ли тоа дека има и *дигитални компјутери*??
А ова :

* EAI_TR20_MS_low Diode Function generators - Analog Computer museum-234.jp * јас го сваќам како  *диоден функциски генератор - аналоген *  ,а се наоѓа во музеј на стари компјутери !  ;)