Еве и табела со вредости на ESR факторот на кондензторите
. Само пазете,
ова се приближни вредности, значи не треба „слепо“ да се водите по вредностите во оваа табела. Ако имате на располагање искористете и мерач на капацитивност. Доколку вредноста на ESR факторот на кондензтаорот е на граница од пропишаната вредност во табелата (или малку над пропишаната вредност во табелата), но неговата капацитивност не е падната под 20% од пропишаната капацитивност, можете во принцип да сметате дека кондензаторот може да се користи во некоја напојувачка секција, но не и секции на импулсни (switching) напојувања (како на пример компјутерските). Фреквенцијата на напоните и струите во тие напојувања е релативно висока, па високата ESR вредност на полу-сувиот кондезатор ќе дојде до израз (нема да работи колото како што треба). Доколку вредноста на ESR факторот на кондензаторот е многу поголема од пропишаната вредност во табелата, тогаш слободно можете да го сметате тој кондензатор за сув
.
Инаку табелата е направена како средна вредност на вредностите од неколку различни табели што ги најдов на интернет, како и малото искуство што го стекнав до сега со мерење на кондезатори со различни капацитивности и работен напон
.
Табелата има две верзии, Македонска и Англиска, еве ги dwonload link-овите и за двете верзии:
Англиска верзија:permanent link:
http://www.box.net/shared/70gobphn4z
mirror:
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/7D035A4228494AE896930BF499E8D00AY
Македонска верзија:permanent link:
http://www.box.net/shared/28ej538vhh
mirror:
https://www.asuswebstorage.com/navigate/s/BC23188071BE48929B73F1B90C201118Y
Можете да ја редистрибуирате табелата каде сакате (по блогови, други форуми, сајтови...)
.