Пин 1 на 7805 е input, тој напон зависи од излезниот напон на трансформаторот. Јас имам направено две изведби, едната беше со 2X9V~ трансформатор, а другата беше со 2X11V~. Максималниот влезен напон на 7805 е 35V еднонасочен, така да, било кој напон во дијапазон од 8, 9V до кај 30V не би правел проблем
. Се разбира, колку е поголем напонот, толку повеќе загрева 7805, така да, не се препорачува влезниот напон да биде преголем. Во конкретниов случај, бидејќи ни 7805 ни 7905 немаат ладилници (а нема место ни каде да се монтираат), би рекол дека 20V еднонасочен напон би бил некоја максимална вредност над која не би требало да се оди... не дека нема да работат стабилизаторите и со поголем влезен напон, ќе работат, ама многу ќе заграваат и по некое време, можно е да изгорат :S.