Како што знаат дел од членовите на форумов, го изработив дигиталниот ESR метар според шемата од Емитер 6/2004. Шемата не е прекомплицирана и сите компоенти можат да се најдат во Македонија, освен можеби операцискиот засилувач LF412 кој се наоѓа малку потешко, но место него можете да искористите друг нискошумен операциски засилувач со мал drift. Се на се, компонентите (заедно со каблите за мерните сонди, не сметајќи ја кутијата за инструментот се разбира) ме чинеа околу 600 денари (значи 10 евра), што е релативно ниска цена за ваков тип на инструмент
. Еве неколку слики од изработениот уред.
И јас исто (како LordZi) решив да ставам крокодилски штичиња, навистина полесно се врши мерењето, на веќе извадени кондензатори, а и доволно мали врвчиња имаат за да може да се врши и on-board мерење
. Нека не ве чуди покажувањето од -0.4 оми кога сондите се краткоспоени, му треба малку време на уредот на да се загрее (да постигне оптимална работна темепратура) за да може да почне да покажува правилно (му треба некаде околу 15 или 20 минути да работи за да почне да покажува правилно
). Како што може да се види од третата слика (која е сликана неколку минути по втората слика), веќе почнува да се стабилизирува работата на инструментот (ја намалува вредноста на „негативната“ отпорност се додека не дојде до вредност нула). На четвртата слика се гледа покажувањето на инструментот на отпорник од 100 оми, и како што се гледа, прецизно е измерена неговата вредност
. Знам дека дисплејот е наопаку, но можете да ги изротирате сликите ако ви е тешко да ја прочитате вредноста наопаку
. Наопаку е поставен дисплејот поради распределбата на пиновите на колото ICL7107CPL и неможноста да се најде истото коло во Македонија со инверзен распоред на пнови за да може дисплејот да се монтира нормално. На петтата слика е прикажан изгледот на ППК-то. Двете зелени жици се само за затегнување на мерните сонди за ППК-то, не вршат никаква улога во работата на уредот
.
Прво што треба да се направи при подесувањето на уредот е да проверите дали навистина се генерира правоаголниот мерен сигнал. Ова можете лесно да го проверите со помош на осцилоскоп. На пинот 4 од интегрираното коло IC1 (по правило треба да се искористи интегрираното коло CD4093B, но јас го имав ставено интегрираното коло HEF4093B) треба да се појави правоаголен сигнал со фреквенција од околу 200KHz (+- 50KHz). Доколку фреквенцијата на сигналот не е 200KHz, со помош на потенциометарот P1 (4K7) ја подесувате фреквенцијата на сигналот да биде околу 200KHz (некаде помеѓу 190KHz и 210KHz, не е премногу критична оваа вредност
). Еве како би требал да изгледа сигналот заедно со напонските нивоа (прикажани се на екранот на осцилоскопот) и фреквенцијата (исто така е прикажана на екранот од осцилоскопот).
На пиновите 8 и 9 од интегрираното коло IC2 (по правило треба да се искористи интегрираното коло 74ACT74, но јас го имам ставено SN74LS74AN) треба да се добие противфазен сигнал со дупло помала фреквенција, односно со фреквенција од околу 100KHz, како што е прикажано на следната слика. Исто така прикажани се минималната вредност на сигналот, максималната вредност на сигналот и напонот од пик до пик (Vpp).
На мерните сонди треба да го има истиот овој противфазен сигнал, но со релативно помала амлитуда.
Што се однесува до останатите подесувања на инструментот, се си е убаво опишано во проектот во Емитер. Единствен проблем (барем за мене) беше баждарењето на инструментот. Прво, имав направено една грешка во однос на вредноста на отпорникот со кој се баждари инструментот. Ја имав погрешно прочитано вредноста на отпорникот, и наместо со отпорник од 10 оми, јас го баждарев инструментот со отпорник од 100 оми (третата кафеава линија ми се виде како црна, премногу темна беше и сум ја помешал бојата, не ми ни текна да го измерам со омметар :S) и сакав да ми покаже вредност од 10 оми на дисплејот (што за живо чудо ми успеа
). Поради таа грешка, при мерење на кондензатори (тетстирање на инструментот) во никој случај не сакаше да ми покаже поголема вредност од 1.1 ом на електролитски кондензатори стари и по 20, 30 години (што всушност значело вредност од 11 оми, нели
). Затоа, прво добро проверете ја (измерете ја) вредноста на отпорникот со кој го баждарите инструментот за да не ви се случи истата ситуација како и на мене
.
Втора препрека на која се сопнав беше референтната вредност на напонот према кој се врши споредбата на измеренииот напон. Во проектот пишува дека на пинот 36 од интегрираното коло ICL7107CPL треба да се нагоди напонот да има вредност од 100mV (напонот за компарација). Јас со оваа вредност на напонот никако не можев да го подесам инструментот (со движење на потенциометарот P3) да покажува вредност од 18 оми на отпорник од 18 оми (немав отпорник со вредност од 10 оми, најниска врендост што ја имав беше 18 оми, па решив да го баждарам со таа вредност). На крајот решив да ја намалам вредноста на напонот за компарација (се подесува со тример потенциометарот P4) се додека на дисплејот не ја покаже посакуваната вредност од 18 оми (при оваа промена, потенциометарот P3 беше во неговата крајна десна позиција). Кога конечно успаев да ја добијам вредност од 18 оми на дисплејот, го измерив напонот на пинот 36 од ICL7107CPL (IC5) и видов дека вредност на напонот е околу 30mV. Со волку мала вредност на напон за комапрација, лесно се измрдува нултото покажување на дисплејот кога сондите се краткоспоени, а и измерената вредност на ESR отпорноста на кондензаторите премногу варира (се менува вредноста на дисплеот од, на пример, 10 оми до 12 оми без притоа да се мрдаат и поместуваат мерните сонди, ниту пак кондензаторот). Претпоставувам дека ова се случуваше поради тоа што вредноста на напонот за компарација е премногу мала, па веќе на толку мала вредност на напон, почнуваат да вилјаат електромагнетните пречки од околината, како и некои други фактори се разбира. Поради ова, решив да ја зголемам вредноста на напонот за компарација на некоја релативно поголема вредност, блиска до дефинираната (според текстот). Така ја подесив вредноста да биде 95mV.
Сликата е направена веднаш по пуштањето на инструментот во работа, па поради тоа покажува малку поголема вредност (како што нагласив претходно, и како што е напишано во текстот од проектот, му треба време на уредот за да ја постигне работната температура). При вака подесената вредност на напонот за компарација, решив да експериментирам со вредностите на отпорникот R23 (10K) и потенциометарот P3 (4K7). Посакуваната вредност од 18 оми на дисплејот ја добив со вредност на отпорникот R23 од 470 оми и вредност на потенциометарот P3 од 100K. Вредноста на потенциометарот P3 не е критична, и при вредност на отпорникот R32 од од 100 оми до 1K, може да се движи од 22K до 100K
. Се разбира, овие вредности на потенциометарот и отпорникот се добиени експериментално (не вршев никакви пресметки). Така да, ако случајно не можете да ја подесите вредноста на дисплјеот да ја покажува вредноста на отпорникот со кој го баждарите инструментот (според препишаните вредности на R23 и P3 од проектот, односно R23=10K и P3=4K7), експериментирајте со вредностите на R23 и P3. Само гледајте вкупната отпорност на R23 и P3 (R23 + P3) да не падне под 1K. Во тој случај може да почне малку повеќе да грее операцискиот засилувач LF412, па да се изгуби темературната стабилност на колото и да почне да „шета“ мерената вредност (да не покажува правилно инструментот).
Исто така, сакам да напоменам дека, доколку сте во можност, не е лошо да искористите повеќеобртен потенциометар на местото на потенциометарот P5 (100K). Со помош на повеќеобртниот потенциометар многу попрецизно ќе можете да наместите на дисплејот од инструментот да покажува нула оми при краткоспоени сонди (јас се изнамачив додека подесив нула да ми покажува на дисплејот). Истото важи и за потенциометарот P3. Ако често ви се измрдува нултата позиција на ESR метарот (ако при краткоспоени содни инструментот не покажува нула секој пат), можете тример портенциометарот P5 да го замените со потенциометар и да го монтирате на надворешната страна од самата кутија (исто како и тастерот S1, иако јас мислам дека е попрактично да се користи прекинувач), така да после определн број на мерења да можете повторно да ја подесите нултата позиција
.
Исто така, морам да наведам дека има грешка во листата на компонентите (во горниот десен агол на страна 47), IC7 не е 7809 туку 7905. На шемата е точно означена компоентата, но во листата на делови е згрешена
. Не знам дали во некој понатамошен број од Емитер ја имаат корегирано оваа грешка.
Еве и неколку слики од мерени кондензатори со ESR метарот
.