Аууууу, да, сум промашил еден вод на таа шемата од малецко, не го ни забележав, се случува, од што е премногу очигледна, не ја ни забележав, јас барав нешто комплицирано
.
EDIT:
R2 ќе му го ставам 10коми потенциометар и со него ќе се подесваат диодите за повеќе или помалце да светат а на другата шема од малечко таму има само еден отпорник и нема подесвање ама незнам зочто служи потенциометарот на влез шо е ставен?
Вкупната отпорност на отпорникот R1 и тример потенциометарот R2 на твојата шемата ја одредува сјајноста на диодите. Кај твојата шема таа отпорност е 11.2K (вкупната), а кај шемата од malecko е 1K, затоа и спомнав да го смениш потенциометарот R2 со вредност од 10K со потенциометар со вредност од 1K, со што вкупната отпорност на R1 и R2 ќе биде 2.2K, што би требало да допринесе за поголем сјај на диодите.
Со тример потенциометарот R2 на твојата шема се подесува напонот за споредба на влезниот напон (аудио сигналот) и референтниот напон во однос на кој се врши мерењето. Кај шемата на малецко напонот за споредба (референтниот напон) е фиксен (нема тример потенциометар врзан како реостат меѓу маса и пинот 8 од интегрираното коло), а се подесува нивото на влезен напон со тример потенциометарот од 10K.