Епа ете кај оди напонот, 20V - 13V = 7V
.
2N3055 е врзан како колекторски следител, изгледа кога ќе повлече струја засилувачот, напонот Vce на 2N3055 расте бидејќи добива „команда“ од LM317 да го намали напонот на излез на 7V, бидејќи напонот на излезот од LM317 паѓа на 6.4V кога е оптоварено напојувањето. Напонот на излез од LM317, односно 6.4V + напонот Vbe (напонот меѓу базата и емитерот на 2N3055, кој може да биде од 0.6V до 0.8V, ќе сметаме дека е 0.6V) дава точно 7V на излез од напојувањето. Зошто LM317 го намалува својот излезен напон кога е напојувањето оптоварено, не знам.
Ај пробај со модфициранава шема да го напојуваш колото. Знам дека веќе имаш пробано, ама со претходниот LM317, не со овој новиот. Плус, да не го заборавиме фактот дека погрешно ти беше врзан 2N3055, може и тоа да го оштетило LM317. Ова коло е чисто колку за тест, да видиме дали напонот на излез од LM317 ќе паѓа ако се користи за напојување на засилувачот, а не само за контрола на 2N3055
.
Само што R1 ќе го врзеш за излезот од LМ317, не на емитерот на 2N3055.
Поентата со поставувањето на потенциометарот ми беше чисто за тест, да видиме дали ќе се смени ситуацијата во колото ако се зголеми или намали вредноста на R2, тоа ми беше поентата
. А мислам и дека најубаво е прво тоа да го направиш и да видш што ќе се случи, пред да го правиш ова што ти го опишав горе
.