Ако се погледне подобро двата канала немаат иста врска. Едниот е врзан како бафер а другиот е инвертирачки засилувач со засилување 1. Имено при правење на мостна конфигурација треба на едниот засилувач да се донесе директен напон а на другиот да се донесе контрафазен (инвертиран) напон. Инверотр со операциски е оној долниот. Кај тој мора да има отпорници (види инвертор шема) и тие треба да бидат исти и поврзани како на сликата за да биде инвертор со засилување 1. А другиот е неинвертор со засилување 1 (бафер) и кај тој не се врзуваат отпорници за да има засилување 1.
Фала за објаснувањето Борче
. Исто така јасно ми беше дека двата канала не се исти и дека едниот е чист бафер а другиот инвертирачки, само што не знаев дали може да се изеде инвертирачкиот засилувач со засилување 1 без отпорници, тоа не ми беше јасно. Повторно, фала што ми ја разјасни дилемата
.
@tazzz
А трансформаторот вади 10V наизменичен напон или 10V еднонасочен напон (после исправување и пеглање)? Зашто ако воади 10V наизменичен напон, ќе може да се напојува TDA2030 со околу 14V еднонасочен напон бидејќи минимален работен напон на колото е 12V. Само да не паѓа напонот на секундарот од трансформаторот кога ќе се „оптерети“ секундарот, зашто ако паѓа и падне под 12V напонот, колото ќе гаси :S.
A за кондензаторот, мислам дека не би имал проблеми, со него ако го ставиш во конкретната апликација, значи да биде до кај 15V, 16V еднонасочниот напон кој треба кондензаторот да го „пегла“
.