Да не знае некој каде можам да најдам (купам) мало менгеме (на ново, не на старо, ми треба ново). Еве и неколку слики за да имате претстава за колкава големина на менгемето станува збор.
Ова е всушност моето старо менгеме, го користам уште од кога бев дете, ама веќе си го одслужи своето, скршено е и не му работат стегите како што треба (едната од лизгачките шини е тотало искршена, тоа можете да го видите и од втората слика). На времето го купив од Баумаркет, мислам дека беше некаде околу 1500 денари, така нешто.
Менгемето треба да може да се ротира барем по една оска (хоризонтала), а по можност и по двете оски (хоризонтала и вертикала, да му се ротира во круг и на местото каде што стега
).
Барав во Хубо, ама таму имаше само големи, и тоа со баснословни цени (8000, 9000, 1000 денари), башка не беа ротациони, статични беа (се монтираат со шрафови за работната маса). Прашав да не имаат случајно мали и ми рекоа дека порано имале, ама се распродале и сега веќе немаат :S. Мада оваа информација стара е, прашав пред едно 6, 7 месеци, не сум прашал во скоро време.
Може да биде менгемето и на старо, само да биде добро очувано, да не биде премногу користено (значи некој го купил, не му требало во моментот и така му стоело дома, го има користено 20, 30 пати се на се).
Однапред благодарам на сите што ќе можат да дадат било каква информација
.