Пред некое време изработив регулиран извор на напојување 0..30 V и регулација на струја 0..3A според шемава:
Дечки дали ќе може да се стави на напојувањево трафо од 65VA 17V-AC.Што значи 17*1,41=24V,дали ќе биде доволно 65 вати или ќе треба да барам помоќно трафо?
Па, со тоа трафо јас мислам дека нема да работи со полн капацитет, ама сепак ќе работи. Максималниот напон, како што пресмета, ќе ти биде 24 V, а за струјата.., од 2 А повеќе нема да имаш.
Ако го користиш тоа трафо, види R22 - треба да се пресмета да го има истиот максимален пад на напон од отприлика 1,5 V за да работи струјната регулација.