Мислев на директна регулација на ВФ сигналот, значи мала плочка на која влегува коаксијален кабел, има на неа оклопен потенциометар квалитетен и излегува коаксијален кабел. Значи ако се прави ваква регулација на предзасилувачите (баферите) не е битно што излезот од потенциометарот нема да биде со импеданса од 50 оми бидејќи влезот на наредниот предзасилувач (ако биде во А класа) сигурно нема да треба да биде 50 оми
Вака те разбрав: Сигналот од А класа појачалото пред да влезе во C класа да биде намалуван по потреба од страна на потенциометар ? Каков тип на потенциометар е тоа (пром. отпорник или некој друг тип за RF) ?
Е сега зошто викам кога сигналот ке излезе од појачалото од А класа? Бидејки појачалата во А класа се будни цело време без разлика дали има сигнал или нема па мислам дека иако нема сигнал а транзисторот е буден тој ке дава нешто на емитер, макар некој шум. Поправи ме ако грешам.
Еве како мислам јас дека е направено
Имам направено ваков тест како што кажа didy и ivica.s но приметив дека со вртење на потенциометарот фрекфенцијата по малце се изместува па земав волтметар и приклучив и замислете и волтажата се менуваш и тоа. Предавателчето беше приклучено на 13,8V струја а со потенциометарот паѓаше и на 7V...
Значи со овој начин за регулирање доколку потрошувачот не е приклучен на волтметар не се менува волтажата па колку и да вртиш со потенциометарот а стави му потрошувач и тогаш и волтажата паѓа.