ЛЦ метар со PIC16F84A
Многу едноставен уред кој би требало повеќето од нас/ вас да го имаат во својата работилница.
Цел проект се базира на добро познатиот PIC16F84A микроконтролер од микрочип, и на LM311 напонскиот компаратор кој со помош на кондензаторот Ccal и на калмот L е генератор на фреквенција, која подоцна преку приклучениот калем/ кондензатор се менува. Оваа фреквенција се отчитува со помош на пикот кој ја преработува и ја дава на LCD дисплејот.
Значи точноста на целиод уред зависи директно од калемот L и кондензаторот Ccal, колку поточни ќе бидат овие два елементи толку по прецизен уред ќе имате. Кондензаторот Ccal од 1000pF гледајте да биде со поголем работен напон, бидејќи тие се со помало отстапување
Можете да користите каков било LCD дисплеј од наведените
2x8, 1x16 или како во мојот случај 2x16
На самата плоча ( и во шемата ) има посебни џампери кој го одобруваат користењето на дисплеите од типот 2x8
Исто така има уште еден џампер кој не ми е сеуште познат и мене која функција ја има, ама најверојатно е дека со него може да се прикажува фреквенцијата при мерењето ( треба да се проба ).
Постои копче „ZERO“ со чија помош уредот се калибрира, ако сакаме да го калибрираме уредот да биде на нула при мерењето на кондензатори тогаш точките каде што се сместува кондензаторот реба да останат отворени. Ако сакаме да го калибрираме уредот при мерење на индуктивитет, тогаш точките каде што се става испитуваниот елемент треба да бидат кратко споени.
Исто така постои и копче BL кое служи доколку вашиот дисплеј има позадинско светло да го вклучите.
При изработка на уредот користете квалитетни елементи со точни вредности.
Пред да го стартовате во употреба проверете ги сите лемни споеви убаво поради можност од грешки ( не се вели за џабе два пати мери еднаш сечи ).
За интегралните кола пожелно е да се користи подножје.
Документацијата, шемата , готов изглед на печатената плоча и потребните .hex фајлови за програмирање на пикот можете да ги превземете од тука:
http://www.bruno.netstrefa.com.pl/radio/projekt/lcmeter/index.htm
Hex фајловите за програмирање на пикот може да се симнат директно од тука
http://sp7dqr.internetdsl.pl/downloads/lc_meter_zrodla.zip
овие 2 фајла се на полски со тоа што едниот е малку не стабилен ќе варира цело време, се разбира ќе ја добиете точната вредност но 2те последни цифри ќе се менуваат нонстоп.
Стабилна верзија од ова има во VIP делот, исто така за некое време ќе биде доставена и пробна македонска верзија која исто така ќе биде во VIP делот.
Резултати од мерењата
Кондензатори
1. блок кондензатор 220nF-- резултат =220.7nF
2. блокче од 150nF 10% -- резултат 166.2nF
3. керамички од 100nF --- резултат 95.54nF
4. хартиен кондензатор (ехаха стар) од 10nF 10% --- резултат 9.6nF
5. керамички од 6pF --резултат 5.6pF
6. некој непознат ( нема ништо на него црвен е по боја ) -- 130nF
Калеми
1. калем од 50mH-- резултат 50.12mH
2. калем од100uH -- резултат 94.01uH
3. калем од 145uH -- резултат 145.7uH
4. некоја жица намотана
-- резултат 21.4uH
Некоја слика од готовиот уред
На последната слика десно се гледа пораката „ Over Range“ таа се појавува при мерење на индуктиност ако местата за испитување на елементот се отворени, а кај капацитивност ако се кратко споени.