Author Topic: Неисправно тркалце за прелистување на глушец  (Read 2413 times)

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Gender: Male
Има ли некој сервисер за глувчиња да препорачате, поконкретно за тркалцето за прелистување на страници нагоре-надоле ?
 
Глувчето го има овој проблем повеќе од 2 години, го игнорирав досега бидејќи и онака не го користам толку многу тркалцето, но во последно време почнува самостојно да лудува нагоре-надоле, па морам да го размрдам малку за да се смири. А третиот клик си работи без никаков проблем, само прелистувањето нагоре-надоле не функционира.
 
Глувчето е Cooler Master Mizar, и оптиката прави проблеми одвреме навреме, но за тоа го кривам мауспадот бидејќи постојано собира прашина, еднаш неделно му го чистам сензорот со алкохол и си функционира без никакви проблеми. Не сум навлечен на видео игри, па затоа и не ми ни треба нанометарски прецизно глувче, доволно е само да е исправно и функционално.
 
Quote
https://www.coolermaster.com/en-global/products/mizar/


Offline trouble92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Скоро јас го чистев моето. Можиш да го отвориш од долу има штрафчиња (најверојатно под лепенките), одврти ги, отвори го и исчисти го тркалцето од цела прашина, влакна итн. и повторно врати сѐ назад на место. Кај мене се реши проблемот. Поздрав.

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Gender: Male
Благодарам за советот.
 
Тркалцето од поодамна го имам исчистено, еве и денес повторно го исчистив, но не го решава проблемот.
 
Механизмот на кој е поврзано тркалцето очигледно е неисправен, тешко дека ќе се најде некој со резервен механизам и ќе прифати да го замени.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Се отвара и чисти механизмот, плус добро е да се пошмиргнат малку контактите со гравирка.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Gender: Male
Мехамизмот е чист како што открив денес кога го исчистив, проблемот е во тоа што е изместен и не може да се помести бидејќи е залемен.
 
Малку бочно поместување на тркалцето кон налево кога се врти нагоре-надоле и си функционира одлично.
 
Нема лек за ова, механизмот е залемен и не може да се помести, ќе чекам маусот да си го истера своето па да купам нов.
 
Имав Logitech MX300, си потраа 10 години ако не и повеќе, единствено кликовите морав да му ги менувам во просек еднаш на секои 2 до 3 години.
 
Ќе си знам за друг пат да си останам со Logitech.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Малку бочно поместување на тркалцето кон налево кога се врти нагоре-надоле и си функционира одлично.

Точно знам што му е проблемот ;D.



Гледаш тоа што се трагите... епа не треба да ги има ;D. Треба се тоа да се исчисти и да се шмиргне малку. Јас го правам обично со гравирка, најпрецизно е.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline koki88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
  • Gender: Male
Сигурно е тоа, но ќе мора да се одлеми прво механизмот, а јас немам алат за тоа.
 
На претходниот глушец кој си траеше повеќе од 10 години маста му ја извадив, но никогаш немав проблем со тркалцето.
 
Несомнено дизајнот и квалитетот на изработката играат улога, на Logitech MX300 ниту еднаш не му ја исчистив леќата, си работеше без никакви проблеми, а овој сегашниов еднаш неделно го чистам со чист алкохол.