Не дека се скапи и дека не може нова да купите за 60, 70 денари, ама... ако имате слободно време, зошто па да не
.
Повеќето и онака работат со драјвер кој генерира константна струја и се во серија врзани, така да, автоматски ќе се прилагоди на новонастанатата ситуација, т.е. фали LED диода во серијата
. Краткоспојувањето не мора да го правите со вадење на LED диодата или лемење за нејзините пинови
. Едноставно, изгребете дел од silk screen-от (површинскиот слој) и ќе стигнете до водовите
.
Мислам дека напојувањата за LED панелите се изведени на база на константен напон, не струја, т.е. дека даваат 12V на излез, така да, кај LED панели (плафоњерки), можно е да не работи оваа модификација... т.е. ќе работи, но можно е појако да светат останатите LED диоди, со што ќе им го намалите векот на траење драстично, така да... прво проверете во каков мод работи напојувањето, CC (Constant Current) или CV (Constant Voltage), па потоа модфицирајте
. Ако е CC, нема проблем, ако е CV... подобро не пробувајте, да не го изгорите потоа и напојувањето
.
Е сега зошто „и за тестирање“
. Многу често и не е очигледно која LED диода е изгорена или делумно изгорена (кога ќе почнат да трепкаат
... некоја е делумно изгорена и проведува/престанува да проведува и ова се повторува како циклус, а останатите трепкаат), па оваа метода може да ви помогне и за откривање на која LED диода е изгорена
. Краткоспојуваш една, пушташ во работа, гледаш дали трепка, ако трепка, значи не е таа, одиме понатаму, ако не трепка, значи сте ја погодиле онаа која попушта
.
И ова не е full proof метод, бидејќи можно е повеќе од една диода да откажува (иако, да бидам искрен, ова е многу ретка ситуација, принципот е сличен како на ланец, најслабата карика попушта прва, што не дозволува онаа која е втора по јачина да попушти
), но во секој случај, може многу да помогне како метод.
И да, како метода... апсолутно дека е мнооогу макотрпна... кратко кажано, не се исплати
. Но, од друга страна, кај овие видови на сијалици, многу често и не функционираат како што треба тестерите за LED диоди за телевизори и LCD монитори (пробано). Ја јавува како исправна, си свети, а не е
. Е сега, прашањето е зошто... една од две можни причини се барем според мене (или комбинација и на двете). Прво, тестираме една LED диода монтирана на ладилно тело кое е наменето за 5, 10, 15 LED диоди... јасно и логично е дека, доколку термички откажува LED диодата (само кога светат и греат сите LED паралелно), дека дури и толкаво ладилно тело (најчесто, екстремно поддимензионирано), сосема доволно ќе биде за ладење на само една LED диода. Второ, неретка ситуација е да овие тестери не тераат една единствена LED диода до нејзините максимални граници (максимален работен напон и/или максимална јачина на струја низ неа). Зошто, е веќе сосема друго прашање... дизајнирани се пред се за тестирање на LED strip-ови од телевизори и LCD монитори. Не дека и едните и другите не се LED диоди, се разбира дека се
, но претпоставувам дека параметрите им се разликуваат и тестерот не ги детектира параметрите на овие LED диоди секогаш како што треба. Зошто... не знам
. Само знам дека скоро и сум немал проблеми да откријам зезнати LED диоди во телевизори и/или монитор со тестер, но од друга страна, за вакви сијалици, сум пробувал и мака сум мачел и не
... едноставно не оди
. Ја јавува како исправна, не трепка, извади ја, преспои ја секцијата, сијалицата престанува да трепка... стави ја пак назад, трепка
. Не ми е јасна логиката зад ова однесување, освен она што веќе пишав: или термички не може да стигне до моментот да почне да трепка, или едноставно не се товари правилно LED диодата за да дојде до состојба на трепкање... можеби и импулсниот режим на работа е проблем... можеби само во таков режим почнува да трепка, т.е. се покажува дека откажува... не знам
.