Инаку, веруј дека учат деца шаблонски на памет.
Над 90%, да, нема збор
... затоа е и поставен системот онака како што е поставен, т.е да одговара за над 90% од популацијата (децата). Да, има исклучоци, деца кои се навистина надарени, но тоа не се грото... е да, за нив образовниот систем е досаден, но јас барем лично сметам дека мора да го поминат онаков каков што е. Да, ќе фаќаат кривини кога ќе можат (и јас имам фаќано
), ама генерално, да го поминат за да сватат дека не се што сакаат, кога они сакаат, може да прават. Животот е полн со работи кои ги правиме, а не сакаме да ги правиме. Сега моментално го имаме тој проблем. Пример, војската никогаш не требаше да се укине. Зошто? Ај еве, вака, најреално, кој сака да оди во војска
? Никој
. Да, на крај имаш убави спомени (најчесто), но, најискрено, не знаеш што ќе начекаш... може и за никаде цимери и вод да имаш и многу лошо да си поминеш... но, и тоа е дел од животот
. Тоа треба децата да го сватат уште кога се мали - многу често се прават работи кои не сакаш да ги правиш. Но, и тој дел/период од животот ќе помине, па ќе почнеш да правиш се повеќе и повеќе од она што ти сакаш да го правиш
. И на тој период ќе му дојде крај, ќе има премрежја, ќе има проблеми, нема пак да можеш колку што сакаш да го правиш она што сакаш, ама и тоа ќе има крај
. Животот е падни стани. Ај размисли, зошто сега има толку многу депресии меѓу децава и младиве? Голем дел е од премногу користење на технологија и социјални мрежи (се споредуваат со многу побогати и подобро стоечки дечиња од нив), но дел е и од ова: „Мамо, сакам ова.“, „Нема проблем сине
, сега, не сакам нешто да ти недостасува
.“. Верувај, ова е ОГРОМЕН проблем со денешниве родители. Растеле во транзиција, они малце имале или живееле со парче леб и маргарин и сега „моето дете ќе има се што јас не сум имала“
. Ова е дефинитивно погрешен начин за растење на деца. Во екс социјалистички/комунистички држави, ова е голем проблем. Транзицијата направи многу лоша услуга на многу денешни деца... размазени, разгалени, до бесвест
.
да, за тоа се слагаме. Ене ги кинезине (травестити) пример, мерки ова она, и без вакцини се отарасија ( добро не скроз, ама под контола е) од короништено, ама немат кај ними чип ределе во маската, дистанцата била излишна не знам ти што, во ред сите ко војници со маски и драстично се намали бројката.
Токму така
. Кинезите најмалку настрадаа од целата корона криза
. Да, имаше жртви, ама ни оддалеку толку многу како во многу други капиталистички држави и одговорот е многу прост. Капитализам ти дава слобода да размислуваш и правиш како што ти сакаш. Во комунизам... ма ќе правиш како што ќе ти кажам јас и крај, нема што многу ти да размислуваш и пала*удиш.
Слични работи важат и за во школите. Не може кога на детето му текне да се појави на час или ако оно не сакало денеска да учи, да му се прости туку така и као „ај, утре ќе научиш, не е проблем“
. Мора да знае дека ќе има казна ако нема научено... лоша оценка, па ако сакаш, ќе имаш шанса да поправиш, но ако не сакаш... извини, али ќе ти остане лошата оценка. Ова се први чекори кон осамостојување на децата, да сватат дека некој ден ќе бидат одговорни сами за себе. Од што голем дел од децата ги гледаа како бисери на дланка некои наши родители, ден денеска имаме „деца“ кои и на 35, 40 години уште живеат со нивните, играат игрици 80% од денот, ништо не работат (вечен изговор, платата е ниска
), по 130, 140, 150 кила дигнале, по цел ден нешто грицкаат и јадат, ќе се прошетаат низ маало навечер и мрчат за политика
... верувал или не, има многу многу голем број на вакви паразити. Ама зошто се има ова случено? Одговорот е многу прост. Овие луѓе не биле деца во периодот на подем на социјалните медиуми... не, тие беа деца за време на транзицијата, но што се случи, нивните родители им фаќаа врски во школо за се живо и диво „зошто моето дете да се мачи, ене го Никола, син му на кардиологон, он така си проаѓа
“, арно ама, забораваат една многу важна работа - татко му на Никола е кардиолог на клиника и ако неговиот син некогаш западне во проблеми или стане ваков, он многу лесно може да го „одржува на вода“, дури и ако не работи ништо, по цел ден игра, итн. Но, за разлика од татко му на Никола (кардилогот), ти си, пример, дреар во Коце Металец
. Епа извини, ама не можеш да се мериш со него... и затоа син ти сега е неспособен, а ти си патиш... па и син ти си пати, ама не знае... тебе те цеди и финансиски и нервно, ама сега... малку доцна е за корекции, нели
.
Затоа треба да се инсистира на овие работи додека се децата мали, после многу тешко се корегираат овие работи
.
Зависи од повеќе фактори, да најдеш добра книга, да ти е ок професорот итн. Значи на тинајџер што го манало семето в гла треба малце по педагошки да му се понашаш, а не „кој сум јас“.
Пристапот е веќе сосема друга тема. Да, се сложувам дека веќе скоро и да нема добри професори, ама и нив им се врзани рацете до одреден аспект. Еве, порано ние добивавме педагошки кецови (си галамел на час, марш надвор, имаш кец)... епа... веќе не смеат да го прават тоа
. Еден кец, втор кец, трет кец... на крајот и родителот ќе дознае и (ако е добар родител) ќе отиде да направи муабет со класниот/класната „што е работава
“ и се разбира, на крај, дојде дома и да седне муабет да направи со детето, да види што е проблемот, дали се само хормони во прашање, дали е можеби само период, дали си има некој проблем детето т.е. дали можеби нешто тешко му е, љубомори на Марјан за новите патики, што и да е. Поентата ми е, тие беа едни од многуте алармирачки системи (педагошките кецови) кои им беа скратени на професорите и од основно и од средно... и... да бидам искрен, ги гледам, голем дел од нив изгубија и желба да се справуваат со децата. Кај имаат гомила административна работа (заведи online како одел часот, што сте правеле, како сте правеле, ова она, и ова го правиш за секој час, заведуваш и оценки, и вака и онака), кај не смеат да ставаат веќе никакви педагошки мери, не смеат да бркаат од час поради непослушност и немирност (скратување на правото на образование на детето
), не смеат да им свикаат (агресија врз деца
), не смеат ова, не смеат она... епа извини, и јас ќе работам колку да работам, да земам плата и толку.
Искрено, не ги обвинувам премногу професорите. Они аплериаа дека укинувањето на овие педагошки мерки дека ќе биде многу лош потег, никој не ги слушаше. Не секое дете е разбрано, не секое дете е во иста фаза на развојот, не секое реагира исто на исти дразби, информации, добри/лоши искуства, итн. Затоа и постоеја овие работи, како контролен механизам, за да се заинтересира и родителот за моменталната состојба на детето, која, ете, можеби не ја забележал... преотовареност со обврски, финансиски проблеми... X причини, не е ни важно која е, но ете, му се лизнало ова на родителот
... луѓе сме, на секој може да му се случи, но ова се важни алармантни системи, прво, поради тоа што, ако сака да ја поправи оценката, значи дека детето мора да се „уозбили“ (да биде мирно, да седне да научи... најверојатно, тој период додека учи за некој предмет по кој добил педагошки кец, ќе му го тргне мозокот од новите патики на марјан
, или можеби ќе развие интерес за предметот, кој знае
), родителот ќе мора поредовно да го проверува неговиот напредок, што значи дека ќе биде по поголема контрола од родителот, што значи дека помалку глупости ќе може да прави, нели, итн.
. Не функционира телефонски повик со само „знаете, вашето дете е веќе подолг период многу немирно на часовите“... не е доволно алармантно... од оценките зависи дали ќе може да продолжи детето понатаму да се школува или не (мада... веќе не, така да, и овој план може да падне во вода, но... нејсе, може да се проба, ако не повеќе, барем тоа
), што може да биде сватено прилично сериозно и од страната на родителот, и од страната на детето... и затоа ваквите видови на алармантни механизми се многу добри и даваат доволно (не премногу, се разбира) „стрес“ на правилното место - родителите и детето
.
Природно, секој систем се стреми кон мирување, па и ние Ама затоа некој повозрасен треба да ти ги објани работите ако те гледа дека си мрза. Инаку еве тебе да ти идат месечно по 3000 еу од небо, мислиш дека исто ќе ти се ојт на работа, исто креативен ќе бидиш? не дека цел ден дома ќе седиш, ама ко ќе ти се спиет, ќе си речиш, ај да си легна, за на работа нека ми скратат двеница...
Природно, секој систем се стреми да ја здржи состојбата во која е... без разлика дали е мирување или не
. Придвижи тело во безводушен безгравитациски простор, тоа тело ќе се стреми да се движи вечно
.
Затоа има луѓе како мене... треба малце само да се бутнам себеси или некој друг да ме бутне
.
А и да ми паѓаат од небо 3000 евра месечно, прво, тоа нема да трае вечно (ништо не е вечно
), второ, не, нема да можам само да седам дома. Ќе си одам на работа. Јас сакам да работам, ама јас така бев учен уште како дете, работата го обликува човекот, поентата е да се помачиш, а не да седиш и да траеш
. Да бидам искрен, не е само воспитувањето во прашање и карактерот е. Не сум човек кој може да седи мирен... да, можам... определено време... најчесто максимум две или три недели, потоа веќе морам да земам нешто да работам, едноставно не ми се седи
. И верувај, да, исто креативен ќе бидам, парите немаат врска со креативноста
. Можно е по фушерајски да направам нешто, ако не сум доволно платен за тоа, што не значи дека не ми дошла подобра и по креативна идеја како тоа да го направам
... но, колку пари, толку музика
.
и обратно, некој што е полн со знаење го заболе какви патики носел, еве да кинисаме сами од себе, гледаш некој со патики од 300 еу, и го гледаш дечкиов од
Fermilab (канал на yt), на кој би му се восхитувал повеќе ?
Јас и ти сме возрасни... правиме муабет за деца
. И јас и ти знаеме дека децата знаат да гледаат многу површно на работите... а и логично е
. Прво, немаат онолку информации колку што имаме јас и ти на располагање, второ, немаат доволно IQ (сеуште барем) за да ги примат и сватат тие информации, трето, дури и ако имаат, тоа не го менува фактот дека сите останати другарчиња му завидуваат на Никола за новите патики... а децата не се индивидуалисти како возрасните, децата сакаат да се вклопат во друштвото, да бидат пријатели со нивните врсници, а не да се одвојуваат
. Да, можеби јас и ти сакаме да го правиме тоа, ама ние сме возразни и оформени личности... како дете, сигурно не си го сакал тоа, си сакал само да вклопиш
. Јас го имав тој проблем, не можев да се вклопам, и да, тоа ми остави последици на краток рок (барем така се надевам
), но не значи дека ми беше сеедно... едноставно, не можев да се пронајдам со врсниците и нивните интереси, и да, ме фрустрираше тоа... и затоа, грото од времето кога бев основно, го поминував сам, или во работилница, или читав книги. Средно е веќе друг муабет, тогаш станав сосема подруга личност, но основно... да, да бидам искрен, релативно лош период ми беше во животот... но, и тоа помина
. Она за што правам муабет, има такви периоди во животот, те калат како личност и карактер, мораш да ги поминеш, дури и ако си дете
. Се разбира, важна е и помошта и поддршката и од родителите, пресудна дури, но... ако имаш такво дете, малку чудак и ексцентрик (во позитивна смисла)... тоа е тоа, немаш како да му помогнеш многу, биди тука до него, муабет, вицови, зезанции, ова она, ќе му бидеш најдобар пријтел некое време, ама после тоа, ќе се пронајде себеси, сите на крај се пронаоѓаат, со адекватна поддршка од родителите, се разбира
.
а кој ќе научи повеќе? Што е повредно? Што не значи дека некој ако имат пари не е способен да научи
Не значи дека е неспособен
. Поентата ми беше ако работата е апла очигледна - Никола ништо не учи, а пак на крај поминува со сите 5-ки
... апла е јасна ситуацијата
.
Секако е добар мотив, ама со знаењето можеш да просперираш, да си ги приуштиш понатака тие работи. Секако и стрплењем ќе ти треба, ама секој успех е заснован на доготраен труд. Барем во нормални држави, ама има и овде паметни дечки, добро ситуирани.
Кога си дете, не гледаш така на работите, по површно гледаш... веќе пишав, немаш ни IQ, ни доволно информации, ни доволно животно искуство за да можеш да гледаш толку долгорочно
. Да, ова можеби ќе ти го предочат родителите, ама тоа не значи дека секое дете ќе го свати... некои да, некои не, некои ќе имаат многу лоша реакција, некои ќе ги смири овој факт... не сите деца се исти
.
И искрен да бидам, и тука да си роден, ако се трудиш, ако не повеќе, барем ќе киднеш од тука
. Имаш и ситуации во кои не можеш, но тоа е тоа... такви карти ти има поделено животот... никој не е виновен, едноставно... карма
... тоа е тоа
.
Нема истражувано за циклусите на спиење кога е најдобро, предлагам да истражиме подобро, или да се јави некој по компетентен.
... порано, децата ги станувале во 5 сабајле за молзење на кравите... и гледам, сите тие деца сега се со ментални проблеми
.
Деца се, треба да се научат на дисциплина, кога се легнува, кога се станува
. Нормално дека ако легне во 12, 1 по полноќ дека нема да може да стане во 7 сабајле
.
Плус... ај да бидеме најискрени, тинејџери кога бевме, дали спиевме се на се 6, 7 саати во вечер... а и логично е, се друго е поинтересно од спиење
. Девојки, дружење, журки, проци
. Имало вечери, директно од журка на школо сум одел во сабота (кога сме одработувале нешто
)... и? Што ми фали
. Да, спиев на часови, ама па сите го прват тоа од време на време и ништо страшно не е... и не е само поради тоа што навистина ти се спие, некој да ти рече тогаш „брат, ај да идеме надвор да земеме по некое пиво“, одма ќе рипнеш
... туку муабетот е дека си на час, а не сакаш да си, досадно ти е, тебе крв ти врие, а ти мораш на школо да си
.
јбг, но родителите треба да помогнат детето да го извади својот максимум, исто и педагозите треба да помогнат да го оствари својот потенцијал. Затоа има смисла да не се оценува до 15 години, а за награда и за казна сигурно имаат по софицтицирани методи. Ај еве кажи ми, за нешто што си бил прв во класот, кое било чувството ? Има поголема награда и стимун ?
За награда и казна, само класичните методи функционираат кај децата и ништо друго. Некој убав ден, ако рипнеме на еволуциската скала, можеби и нешто друго ќе функционира. Моментално, не... а и далеку од тоа дека сме пред еволуциски скок
... што може да се види од се што се случува околу нас, од природата, до политката
.
За ништо не сум бил прв во класот... секогаш правев онолку колку што е доволно за да поминам одличен за да си ослободам време за другите поинтересни вон-школски активности
. Одев на натпревари во средно, ама никогаш не правев прво место (намерно, не дека не можев
)... бидејќи тоа значеше дека ќе требаше да одам на меѓународен, што значи дека навистина ќе треба да седнам да учам
, а не само да се за*бавам неколку саати пред натпреварот со задачи
, а двете недели дадени за спремање пред натпреварот да ги поминам во пијанчење, забави, журки и други начини на безделничњење
. Вадиш второ место, трето место, доволно колку да му донесеш диплома на школото и да те почитуваат професорите и да ти попуштаат за оценки, но не доволно за меѓународен
.
е добро де, и тие што не завршиле факс, не значи дека не поминале низ нешто теко, значи поентата на општеството е да го работиш тоа што си најефикасен, а ако мора, ќе работиш тоа што мора, но се до тогаш зошто да не го работиш тоа што сакаш, т.е. да немаш можност.
Не се разбираме, поентата ми беше друга... си почнал нешто? Па... редно е да го завршиш, нели, колку и да е тешко или да не ти е ќеиф што го учиш
. Добро, да, има и оправдани причини, пример, си мислел дека ќе ти биде навистина интересно она што го студираш, ама после некое време, дури и одбивно ти станува
. Да, се сложувам дека ова е добра причина, ама само „епа тешко е“... извини, ама барем според мене, не, не е доволно добра причина.
А и поентата околу YT каналите и сите останати кои заработуваат од куцање код, генерирање на мултимедијална содржина или било што друго што моментално носи многу пари... ОК, прави си го тоа, никој не рече дека не треба, ама имаш ли backup план ако некој ден се ова падне во вода? Верувај, од она што имам правено муабети со луѓе кои го работат ова, најчесто немаат. Еве, другар еден, монтираше клипови за 11 YT канали во време на корона... и му одеше ТОП
. Ама... за време на корона
... кога луѓево беа затворени по дома и не знаеја што да прават, па киснеа со саати online по социјални мрежи и YT... еве, сега, катастрофа му е
. Откажа скоро се од тоа, само еден YT канал моментално води, имаше 3-ца што работеа за него (монтираа, освен он), сега, не може ни за него пари да извади, а камо ли да ги плати тие 3-ца. Поентата ми е околу овие начини на заработка. Добро е што те бива за монтажа, што убава пара вадиш од тоа, ама имаш ли backup план ако се тоа падне во вода... епа другаров, немаше... а го имав предупредено „брат, ќе видиш, ќе падне гледаност, корона е сега, немој да се потпираш на тоа“, ми вика „не бе брат, тек сега ги разработивме, ќе видиш, после, се ќе оди како подмачкано
“... и... пак на крај испадна моето... не дека сакав така да е, баш ќе ми беше мило ако беше во право, ама знаев дека нема да биде... на луѓево веќе им спизди да седат дома сами со телефоните и лаптопите во рака, ние сме социјални суштества, сакаме да сме меѓу други како нас, сакаме да се дружиме, да се движиме, да комуницираме во реалност, а не само online... да, за брза комуникација, и телефон и video calls се супер, но најреално, не заменуваат комуникација во реалност... и тоа се случи... луѓе почнаа да излегуваат, попуштија меркиве, и падна гледаност на каналите... 9 ги затворија, 1 не го води веќе он, го водат самиве дечки кои го плаќаат него и на другаров му остана да монтира само за 1 YT канал.
Поентата ми е, убаво да се бафташ со модерни технологии и да заработуваш на начин на кој твоите татковци и дедовци не ни сонувале дека може да се заработи
... но, секогаш, имај си backup план
. Што би правел ако буквално се ова би пропаднало преку ноќ... е сега, ако имаш факс, сепак, можеш повисоко да се пласираш на сакалата на трудот... кај и да си, важи ова правило... а дечково се откажал и се концентрирал на YT каналот... тоа само ми кажува дека генерално земено, спремен е да ризикува многу... што е добро, кога си сам... а што ако некој ден имаш фамилија? Мислиш дека тоа ќе им се допаѓа на жена ти? А и на децата? Ако некој ден се ставиш на некоја коцка (некој план што само ти го разбираш) и, скраја да е, изгубиш се на тоа
? Не, се разбира дека нема да им биде сеедно.
Јас лично, би се водел по таа логика... ти работи си што ќе си работиш online, што и да е, но имај си некое знаење кое е од real world jobs, работа која најверојатно, никогаш нема да ја снема како работна позиција
. Ако можеш да имаш и 2, 3, 4, 5, 10 такви вештини, уште подобро, најверојатно никогаш нема да останеш без леб барем, но и една ако е, сепак, имај ја
... немој да мислиш дека побарувачката за определен тип на online jobs дека вечно ќе биде голема... сега е... интернетот е многу променлива работа... денеска нешто е in, утре веќе на никој не му е гајле за тоа... така да, јас лично не би ставил се во една кошница и да се „коцкам“ на „мојот неверојатен успех на YT каналот“... и да е најдобар канал било кога на YT, тоа не значи дека ќе стане славен и дека ќе има доста заработка од кликови... се има случено тоа и претходно многу многу пати... имам видено многу YT канали кои со години немаат ставено нов материјал, а се одлични канали, со секакви интересни туторијали... едноставно, не фатиле „бран“ и... тоа е тоа... оставени се така да стојат
... жално, ама тоа е, не успеваат сите, всушност, многу малку успеваат
.