Зависи од уредот, некои уреди се дизајнирани така што ќе работат и со помал од 50% капацитет на напојуњето и неиспегланиот напон нема да им пречи многу.
Да, ама не им пречи ни ако има фазла, нели .
Зависно од тоа како е дизајниран уредот некогаш да некогаш не, најчесто зависи од тоа колку ќе има фазла.
Со денешниот начин на дизајнирање на уреди мнема каде да ставиш фазла.
Тие уреди се ретки и се обично висока класа на уреди.
Да, ама може и неко поевтини на овој начин да ги направиме да бидат висока класа, нели .
Сакав да кажам дека нема да им пречи дупло поголем капацитет на електролитите бидејки и другите делови се наддимензионирани а не дека ако ставаш дупло поголеми полумртви електролити ќе ги направиш висока класа или ќе им го продолжиш векот.
Се шегувам . Но да, дефинитивно им се продолжува животниот век . Е сега, за колку... зависи од остатокот од изведбата, не само од квалитетот и староста на заменетите електролитски кондензатори, нели .
Доколку еден стар електролит кој ќе работи уште 5 саати го замениш со друг стар електролит кој ќе работи 10 саат да им го продолжуваш векот.
Уредите кои ти не ги поправаш се повеќе од 50% од уредите во користење денес.
Навистина не ми е јасно што сакаш со ова да кажеш .
На тоа мислев
А околу димензионирањето на кондензаторите и повлекувањето на струја... не се секирај... ако е напојувачката секција изведена лошо, само од суви кондензатори може да се ѕвизне целата ... значи без никакви заштити, без лимитер за моментално повлекување на струја... такви уреди и напојувачки секции не ги ни поправам, ги враќам. Нема поента, уредот е осуден на пропаст... ако не биле електролитите, ќе било повисок/понизок влезен напон во примар, незаземјен конектор за антена, конкетор за Aux In, неизедначени напони... ќе било било што друго. Може и да не е лош дизајнот, ама ако е реализацијата за никаде... батали... нема поента. Го враќам уредот, кој сака нека го прави, јас тоа не го поправам .
Половина од уредите за масовна потрошувачка се така дизајнирани/изведени.
Мене повеќе од еднаш ми се има случено да ме заебава "Мерен исправен" од стара плоча кондензатор, особено кај засилувачи и AV уреди.
Аудио видео уред со подуени кондензатори во напојувачка секција, уредот бучи, се слуша повеќе брум од музика, со стари "исправни" кондензатори бучи помалку но сеуште бучи. Каде ми е ќарот/заштедата со користење на стари електролитски кондензатори ?
Аналогна аудио опрема е сосема друга приказна и не се бафтам веќе со неа... не поради друго, баш поради причината која ја спомна... да, за мене, „за моја душа“, или за некој близок (роднина најчесто), да, ама инаку, ц, се тоа враќам назад. "JBL" AIO Boom Box-ови со Bluetooth се џабелеску, а за проста маса, очигледно повеќе од доволно како „аудио опрема“ .
Незнам што точно мислиш со аналогна аудио опрема, уредите за масовна потрошувачка се далеку од аналогна аудио опрема.
Не зборувам за електролити во ауди делот или на патот на сигналот, зборувам за SMPS напојувачката секција.
Имам Harman Kardon HS200 уредот не чита дискови се друго функционира, кондензаторите во напојувачката секција се "ИСПРАВНИ" мерени се сите со 3 различни метри и сите вредности се во границите. Ги сменив сите електролитски кондензатори во напојувачката секција чудото почна да чита дискови, дисплејот стана појасен/посветол.
Кондензаторите ме коштаа 5евра, времето нервите и струјата која ќе ја потрошам за вадење стари електролитски кондензатори не се исплати.
Многу слични работи ми се имат случено со аудио опрема... затоа и ја баталив... нема поента... 2000 денари ќе фрлиш за нови кондензатори или ќе се утепаш од менување на користени дур не погодиш некој „асален“ (некој кој „му чини“ на уредот) и после... што?... колку да му наплатам на муштеријата, а? 5000, 6000 денари за недела дена потрошено време и нерви?
Батали... затоа одма им ги враќам назад со „најдете си друг мајстор, ја ова не поправам“ .
Не зборувам за аудио зборувам за тоа дека поради стари електролити уредот воопшто не читаше дискови, а не само аудио. Стари електролити имаат негативен ефект на уредот, приметливо одма или после 2 недели, или можеби на некој тоа не му пречи но негативни ефекти има.
Незнам зошто мислиш дека електролитските кондензатори се многу скапи, не се. Обично времето и струјата потрочена за стари е повеќе од купување нови електролити. според мене истото или многу слично важи и во Маќедониа.
Твоето искуство е различно од моет искуство, според мене освен како привремено решение за тестирање или во случаи кога неможе да се најдат или се многу скапи нови електролити, за се друго не се исплати.
Пишуваш од аспект на аудио опрема (и тоа релативно скапа, да бидам искрен... harman/kardon не се продава во Техномаркет, Нептун, Сетек, итн... требаше да напоменеш на почетокот, веднаш ќе се сложев со тебе), и за тоа, да, нема збор, се сложувам... но, пак ќе напоменам, само за СКАПА, Hi-End, аудио опрема... на Panasonic или Aiwa систем од 90-ти, верувај, нема некоја разлика да им направи она за кое зборуваш - нови или стари (користени) електролити .
Незнам како мислиш и на што мислиш кога викаш аудио опрема? Но во еден аудио/видео ресивер електролитите прават проблеми и на USB препознавање и на DVD комуникација и на интернет и на читањето/препознавањето на дисков и на се друго во уредот, а не само на аудио сигналот.
harman/kardon се далеку од Hi-End, барем тие што најчесто се расипуваат. Внатре се полни со capxon електролити (Dave Jones од eevblog ги вика
crapxon)
На уредите за масовна потрошувачка кај големите брендови изведбата и квалитетот се ѓубре, доколклу сакаш да ставиш поголеми кондензатори нема место.
Во напојувачката секција на harman/kardon HS250 електролитите од 470UF сакав да ги заменам со електролити од 560UF не ги собира, доколку пробам да става дупло или повеќе поголеми ќе треба да ги лепам на капакот одозгора.
Кога реков наместо 4700uf ако ставиш 9600uf ќе има огномет, мислев на линеарна напојувачка секција во аудио засилувач.
Епа тука се разидовме . Јас правев муабет исклучиво за SMPS напојувачки секции, какви што се над 95% од напојувачките секции во денешно време за Low/Mid-End опрема (било каква, па и аудио). Се разбира, не правам муабет за slave засилувачи за озвучување, тоа е сосема друга приказна.
И не, нема да има огномет... евентуално ќе смениш исправувачки диоди на секундар со некои појаки и нема да има проблем... и тоа само ако short trem peak current им е релативно ниска на исправувачките диоди, што е реткост во уреди од 90-ти па наваму (би требало да биде барем x5 од Ifmax)... мада, не знам каде ќе ги „напукаш“ тие 9600uF (10.000... whatever ) кондензатори, ако оригиналните биле 4700uF ... мислам... не поради друго, знам колку се големи, особено за тие работни напони (35V па нагоре, најчесто 50V па нагоре), али ајде, нема везе ... ти си знаеш, хахахаха .
Дали е линеарно напојување или смпс или нешто друго доколку ставиш дупло или трипати поголеми електролити нешто ќе страда.
Незнам како мислиш каде ќе ги напукам? што каде ќе напукам?
Денешните електролитски кондензатори не се големи колку што беа електролитите од 80 и 90 денешните електролити во просек се трипати помали на димензии. МОжеби така мислиш бидејки одамна немаш купувано електролитски кондензатори.
Дупло поголем електролит обично значи и дупло поголем esr, кој може да прави проблеми.
Е добро де, не мора да ставиш еден, стави два во паралела . И тоа сум правел .
Во денешните уреди едвај ги собира оригиналните електролити а не два во паралела.
И не, не мора да значи, зависи од електролитот и производителот. Сум купувал нови, споредени со стари вадени, ESR имаат x5 од вадените ... ама ајде, „нови се“, така сум си викал, „ваљда ќе бида боље од стариве, иако имаат поголем ESR од нив“... два пати ми се случи после месец, два да се подујат .
Пак ќе напоменам, менувани во SMPS напојувачка секција... во класична, линеарна, да, може и ќе траеја, не викам не . Таму нема напонски пикови и шпицови повеќе илјади (стотици илјади ) пати во секунда, нели .
Има електролитски кондензатори за различни намени, и со различни каректеристики и за различни фреквенции. Доколку тестираш еден електролит на сто херци и на 100килохерци ке добиеш различни мерења. Ако ставиш електролит во услови за кои не е наменет да работи брзо ќе умре.
Електролитските кондензатори одсекогаш се правеле со електролит, одтаму и името сегашните електролити траат многу подолго од тие пред 20 години.
Со ова дефинитивно не се сложувам ... а и нема да се сложи било кој кој има сервисирано уреди од 90-ти навака .
Јас мислам дека споредуваш електролитски кондензатори од 90 од реномирани бреендови со гјубре од 2021 затоа не се согласуваш.
Спореди Panasonic(или било кој друг бренд ) од 90 со Panasonic(или било кој друг бренд ) од 2021 а не Panasonic od 1990 со Capxon од 2021
Има квалитетни кодензатори и во денешно време, да, нема збор за тоа, нооо... за жал, во Македонија... нема каде да се купат... а извини, али да ги чекам од некој online shop недела или две, не, немам време и нерви. Имам и други тековни работи кои треба да се средат... не, немам намера да чекам за еден уред недела или две. Ако можам да најдам она што ми треба за ден или два, ОК, уредот се прави, ако не, склапам, ајт, на друг мајстор .
Јас во март купив електролит за засилувач од логинг цената им беше поевтина одколку на интернет, засилувачот работи секојдневно безн никакви проблеми.
Ако ти немаш време и нерви да чекаш порачка од интернет тоа не значи дека не се исплати или дека не е исправно.
Јас никогаш не порачувам точно колку делови ми требаат, секогаш порачувам екстра и секогаш имам на залиха делови. Доколку некој редовно се занимава преофесионално или полупрофесионално со поправка на електроника нема логика да порачува само колку му требаат и кога му требаат делови.
Ми се има случувано на интернет (Mouser) 20 кондензатори да бидат 3 евра а 100 кондензатори да бидат 5 евра.
5 евра пред 2 месеци, ги купив од mouser во Холандија.
Helloooo... Холандија... не е Македонија ... плус, кој ќе ги чека од Mouser тука да ми стигнат, дај не ме зезај .
А, и да не правам муабет за 5 евра во Холандија и Македонија... ммм... не, не се исто . Таму се pocket change, тука... па... некои фамилии и ден цел тераат со 5 евра... некои и два дена... мислам, да не ти зборувам, знаеш како е овде...
Јас од Mouser порачките ги чекам околу една недела, затоа кога порачувам порачувам повеќе од што ми треба, поевтино е не треба да се заебавам со порачки секој ден и не треба да чекам секогач кога ќе ми притреба кондензатор.
Јас знам како е во Македонија и во Холандија, но гледам дека многу луѓе во Македонија имаат некоја фантазија дека во Холандија и оопшто Европа, се е беспари а платите се по неколку илјади евра за седење дома или во кафиќ по цел ден.
Во Македонија има фамилии кои поминуваат со 5 евра на ден, но има многу повеќе фамилии кои имаат телефони од неколку стотици евра и трошат поповеќеод 5 евра за кафиња и цигари на ден.
Електролитот поран не бил поквалитетен, сега има многу подобри, поевтини и поквалитетни начини на производство.
Има... што не значи дека сите производители го користат . Мислам... петпарачни уреди, како што се над 90% од уредите во Македонија, сигурно немаат brand name кондензатори во нив, нели .
Евтините и неквалитетни делови се користат секаде во светот во уреди од ниска и средна класа, нер само во Макердониа.
Незнам за која Македонија зборуваш но кога јас бев последен пат во Март 2021 по пшродавници се продаваат LG, Samsung, Panasonic, се продаваат и брендови само за балканот, но и тука се продаваат евтини брендови кои се со исти квалитет ако не и истите уреди само со друго име.
Види, куповната моќ ни е таа... извини, ама јас немам пари за нов телевизор од 50.000 денари. Имам за некој од 100, 200 евра, толку имам . А се знае што ќе земеш за 200 евра - чинг чонг чунг шасија со чинг чонг чунг напојувачка секција и електролити правени во... господ знае кое село и подрум во Кина, нели .
Знаеме дека си моментално во Холандија, ОК, јасно ни е тоа, ама изгледа си се отцепил од Македонија сосема ... т.е. си заборавил како е да се живее тука со просечна плата од 300, 400 евра ... каде што треба да правиш планови и да полемизираш дали да го земеш телевизорот од 6000 или 7000 денари .
Куповната моќ на Македончето не е мала, голема е моќта за жалење и кукање, оди во кафич со телефон од 500+евра со фармерки од 100евра пие кафе од 200 денари и пуши цигари од 200 денари и се жали дека нема пари не му стига платата, оваа година ќе одел само 2 за грција не 4 пати како лани. Патем тоа се 80% од Македонците.
Ја претставуваш Макердониа како држава каде луѓето умираат од глад по улица, ги има и такви но тоа се помалку од 10%, останатите живеат удобно и лагодно. Доколку не беше така ке се бунеа, немаше да се полнат кафичите и да се оди по неколку пати на одмор.
Незнам можеби Струмица каде јас живеев е многу побогата од Скопје (сарказам)
Квалитетните електролити и сега како и пред 20 години се со слични цени и ги има во секоја подобро снабдена продавница за електроника.
Те молам дополни „во Холандија или било која западноевропска држава“, бидејќи, во спротивно, муабетов не ти држи вода , особено не на Балканов ... добро, ај, еве, поконкретно Македонија. Да бидам искрен... во соседствово и не е баш така лошо, ние сме тиње .
Незнам како е моментално во Македонија за електронски компоненти, последно што купив беа 22000UF електролити од логинг цената им беше скоро 50% поевтина од Mouser. Другите држави имаат многу поголеми пазари па затоа и поголем избор.
Во денешно време скоро и да неможеш да најдеш физичка продавница за електронски компоненти, скоро се е onlyne.Последно кога гледав Mouser нуди бесплатна поштарина за порачки над 50евра и за Македониа, ако некој работи со поправка на електронски уреди и неможе да порача компоненти за 50 евра тогаш проблемот не е до државата или достапноста туку до личноста.
Има многу електролити по aliekspress и ebay кои се препакувани или препечатени, и сед продаваат 10 пати поевтино, кондензатор од 1000uf 16v се продава како 1000uf 63v, ќе го стави некој на плоча и за неколку дена ќе умре и ќе почнат поплаките новото не го бива намерно го прават да се расипува итн итн.
Ова е сосема подруг муабет, конкретно поврзан со „фуфло кондензатори“ (како што би се изразлил LordZi ) и да, така е... но, тоа не го менува фактот дека порано имаше стандарди и не смееше нешто да излезе од фабрика (било која) со „работам, али у наредни месец дена максимум“ карактеристики или фалсификувани, местени карактеристики, итн.
Сега има луѓе/фирми кои прават фалсификати на големо со електронските компооненти, но ги има и истите фабрики од порано кои имаа добар квалитет и сеуште го имаат тој квалитет но сега ретко кој избира да плати за тој квалитет .
„5 евра пред 2 месеци, ги купив од mouser во Холандија.“
Како што рече Гига, холанѓанско и Мкд се поп и шеширџија, да беа кај нас иста цена ист квалитет секако дека не би се еб*але со прелмување кондензатори.
Денеска до кај што можат ги пикаат ефтините лектролити, а ефтин нов електролит е полош од хај енд стар електролит, тоа беше муабетот, и дека порано повеќе имаше контрола, или кина не беше толку дојдена кај нас. Не дека пред 20-30 год биле понапредни него сега
„Електролитот поран не бил поквалитетен, сега има многу подобри, поевтини и поквалитетни начини на производство.“ Секогаш квалитетот си бара и поскапа преработка, не знаа, за електорлитот конкретно може, ама во другиве индустрии пак тоа што било квалитетно некогаш е квалитетно и сега, и денеска да го изработиш со денешна технологија пак ќе те фати скапо, може поефтино од некогаш, ама незначително.
Холандија и Македониа се различни бидејки различно размислуваат, во Македонија народот не е таков бидејки нема пари, народот нема пари бидејки е таков.
Споредуваш стари квалитетни електролити со нови неквалитетни/фалсифдикувани електролити и викаш дека тогаш електролитите биле подобри од сега. Нов неквалитетен електролит доколку не е ѓубре и е избран соодветно ќе си ја врши соодветрно работат многу подолго од стар хај енд електролит.
Кина/Азија и гјубрето кое Македонците го увезуваат од таму се увезува бидејки македонците за тоа плаќаат и тоа го бараат.
Менталитетот на Македончето е зае*ан, надво ќе носиме фармерки од 100 евра и ке пушиме Малборо а дома ќе јадсеме сув леб. Затоа не не бива.
За хаббл прашав онака, ме интересира, сега ако знаеше арно, ако не здравје Секако нема закажани ванвселенски лет во скоро време
Незнам скоро ништо за вселенска електроника или хаббл, највероватно има по интернет тоа што те интересира.