Исто така, не знам каков мотор да барам, со која јачина, со или без редуктор, бидејќи се работи за многу мала брзина на вртење.
Мора да има редуктор... инаку, нема шанси моќноста да ја извадиш.
Ако планираш да ја користиш „за по дома“ (од време на време), може и рачна да ја направиш со пренос (редуктор), но ако е за во употреба во погон (фабрика, редовно користење), да, се разбира дека ќе мора со мотор да биде, инаку... ќе треба некој батка да си најмиш само за вртење
.
Најдобро би било со трофазен мотор.
За најдобро, да... за најкомплицирано, од аспект на „мали погони немаат секогаш трофазни приклучоци, т.е. пуста Македонија и зависи во кое село/населба/предградие ти е погонот
“, да, апсолутно е.
Јас би одел со монофазна верзија, без разлика на тоа дали си сигурен дека ќе имаш трофазен приклучок онаму каде што ќе работиш или не. Не знаеш дали некој ден ќе се селиш од тие простории или не... плус, знам и ситуации каде што им пуштиле „трофазна стуја“, која е всушност монофазна, од трафо станицата истата фаза ја делат на три кабли и „бујрум дечко, имаш трофазна
“
... обичен смртник никогаш нема да ја забележи разликата, на таа карта играат.
За јачината не знам, зависи од редукторот и од оптоварувањето.
Искрено... мислам дека до кај 1KW мотор би завршил работа
... да, со редуктор, се разбира.
Сега баш ми текна
. Мотор со редуктор од стара градежна електрична дигалка со сајла
. Се разбира, ќе треба да се преправи се тоа, но брзината на вртење им е прилично спора
. Можеби има некои и со подеслив редуктор, за да биде брзината уште поспора, немам разгледувано искрен да бидам...
https://bois.com.mk/product/elektricna-digalka-900w-ingco/
Имаш вакви и поевтини, не мора баш оваа да биде
. Оди напред и назад и лесно може да се преправи рачниот тастер во ножен
.