Ако ви рече некој да се зачлените на ETH ads на телеграм, не прифаќајте, тоа е измама и нема пари во истото. Добро би било да направиме тема за ваков тип на заработки и да споделуваме искуства за реалните начини на заработка и за лажните.
Добро де, може тука во темава да се праша и да се одговори тоа, ако гледаме дека ептен има дискусија, може и посебна секција да се отвори, не е проблем
.
Гига, кој коин препорачуваш да се купи?
Не купувај коини, копај... не ради друго, после криво ќе ти биде за фрлената пара ако падне коинот
. Мада и вака ќе фрлиш, за струја, али барем нема да мислиш дека директно од џеб си ги дал
.
Најдобро купи си злато (турска лира пример).
Во право е
. Злато само нагоре оди, скоро никад не паѓа надолу. Инвестиција која апсолутно се исплати
.
Прост пример, за време на коронава, златото рипна скоро дупло
... не ме прашувајте како, не знам, ама а има лош настан на светско ниво, а добар, не е ни важно, само нешто важно да се случи, златото рипа
.
Има крипто валути кои вредноста им е базирана на вредноста на златото:" Tether Gold (XAUT) Gold Coin (GLC) DigixGlobal (DGX) Perth Mint Gold Token (PMGT)" ако е некој љубител на злато може да си купи од нив.
Е ова е добра информација, не сум го знаел ова
.
Моментално вредноста на скоро сите валути паѓа, јас мислам дека најдобра опција е да се поседува неколку различни валути.
Рипна наеднаш и после почна да паѓа... ОК, али не падна под вредноста од која наеднаш рипна
.
Јас минатата недела купив Helium(HNT) според тоа што читам е една од подобрите опции моментално, вредноста се качува, мислам дека септември ке се случи(Halving) заработката од копање ке се намали(ќе треба дупла работа за иста вреднос). Сите предвидувања викаат дека до крајот на годината ќе надмине 100$.
Да, ова заборавив да наведам... дефинитивно имајте си роковник кога има halving на некој коин. Алгоритмот станува дупло покомплициран за копање, автоматски цената мора да падне. Ова е МНОГУ МНОГУ важна работа. Единствена сигурна работа по која може сигурно да сметате дека ќе падне цената на коинот е halving-от
... мада, да бидам искрен, и оваа не е 100%-но... имало ситуации со BTC кога имало halving, а цената не паднала... мада он е прв, па и тоа играло улога сигурно, но скоро со сите други коини, да, секогаш било вака.