Јас имам тестирано, акумулаторче од 12Ah може да даде максимум 120A но не подолго од 30 секунди, после тоа се топи внатрешно клемата. Мислам 30 секунди е сосема доволно но 120А за дизел не се доволни, за палење на дизел се потребни барем 200 до 250А, иначе за бензинец со помала кубикажа може и ќе завергла но напонот ќе биде многу мал (3-4 волти) така да мора да ја правиш „финтата“ со дополнување на големиот акумулатор од малиот (да чекаш) за да може после двата заедно да дадат струја за палење.