Проблем број 1. Напајањето од Кина кошта 30-40 еу а деливери до Македонија 70еу.
Не сум во можност да нарачам поквалитетно од типот на Мeanwell, успеав да најдам во Англија со шипинг од 35 фунти по комад.
Проблем број 2.со драјверот, кога ке се загрее после едно саат два почнува да трепка.
Дали некој што има искуство би можел да даде претпоставка евентуално дали се исплати да се прави или не.
Се работи за dimmable или пригушлив по нашки.
Спецификациите се на сликата за секој случај ке ги напишам и овде.
Инаку имам 3 напојувања, едниот трепкач кога ке се загрее го спомнав, на второто напојување кучето ми го искина кабелот од страната на ледот, среќа изби автоматскиот осигурач а кабелот е неупотреблив без тоа со 2та пина што влегува во лед панелот.
Кога ке го уклучам и пробам со фазомер покажува напон, но немам мултимер да измерам вредности.
Третото напајање работеше без никаков проблем и не е користено 2 години +-, стоено е во соба на нормална температура но кога пробав да го уклучам не функционира.
Има можност и еден од контактите што влегуваат во ледот да се одлемени па затоа да не се пали панелот.
Инаку имам два панела и двата функционираат одлично со едното полуфукнционално напојување.
Не ми текна да го намалам на помала вредност и да видам дали ке функционира т.е дали ке почне да трепка после извесно време.
Веројатноста дека се лошо изработени е исто голема, иако гаранција на панелите и напајањата беа мислам 2 години, а во коресподенција со други корисници на истите никој немал проблем со напојувањата, а имам познаник кој го користи 4 години.
Еве ги вредностите(во Логинг немаат вакво) а веројатно ке ме чини ѓавол и пол накај два.
Model SV-150-36
Input: AC 170-250V 50/60 Hz 1.08-0.72A
Output: DC 37.5V 4A 150W
Чаре кај да барам?Логинг сервис дали се скапчии или се коректни со цени?
Знам дека не се баш ефтини со делови, барем кога сум имал потреба, ама биле коректни во секој случај.
Нема да е лошо да купам еден мултимер од пазарче, и така имам доста прегорени лед сијалици, ке се скрпи некоја, као нес 3у1
п.с
Извинете на опширниов пост, прво па машко.
Исто делот со кодирање не го сватив најдобро, ако сум згрешил при аплоад на фотката корегирајте ме, пробав со инсерт код и линк од фотката ама без успешно.