Доколку мислиш за трошоци околу увоз.
Колку што се секјавам јас за МК 21% данок 17% царина плус шпедитерски трошоци помеѓ 1000 и 1500 денари, плус поштарина која зависи од каде доагја и колкав е пакетот.
Линк од Царината.
https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk
Незнам каков осцилоскоп сакаш да купиш (какви карактеристики), јас мислам доколку самиот го порачаш осцилоскопот ке ти излезе поефтино одколку да одиш преку Македонските продавници, трошоците околу увозот највероватно ке треба пак да ги платиш, но нема да плакјаш провизија на продавницата а и ќе имаш поголем избор од каде и што да нарачаш.
На Aliexpress има Ridol, Siglent, или поевтини брендови како Hantek, Owon Uni-Tдоколку ти ги задоволуваат потребите може да порачаш самиот, потоа во МК да платиш трошкови за увоз.
Јас мислам така ке ти биде поевтино отколку преку Продавница/Посредник.
Пред да се одлучиш за кој осцилоскоп разгледај по интернет има многу теми во кои се дискутират осцилоскопи посебно кинеските.
Има теми за хакирање на осцилоскопи каде од 100Mhz може да го направиш 200, 300 или 500Mhz зависно од осцилоскопот. Има и многу теми каде луѓе се жалат дека одредена опција не работи или не работи како треба.
Многу од ефтините осцилоскопи од сите брендови посебно кинеските имаат FFT ама е скоро неупотреблива.