Author Topic: Mr.Carlson's Super Probe  (Read 165 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Mr.Carlson's Super Probe
« Opened on 11.11.2020, Wednesday, 19:43:20 (Edited 12.11.2020, Thursday, 00:08:36) »
Ова е еден интересен уред кој што го видов на јутуб каналот на Mr.Carlson, во суштина претставува бесконтактна сонда за детектирање и следење различни сигнали - аудио, шумови, осцилации и сл. и соодветен засилувач. Подоле е оригиналното видео и во него е се детално опишано, па кој планира да го изработи овој уред препорачувам да го изгледа:



Ова е шемата за сондата, јас нацртав моја верзија на плочката која е комбинација на through hole транзистори и електролити со SMD отпорници и кондензатори. Може да се употребат било кои универзални NPN транзистори, јас имав оригинални 2N3904 па ги искористив нив:




Бидејќи станува збор за мошне осетлив уред, заради намалување на евентуалните надворешни влијанија плочката за сондата ја изработив на двостран витропласт, при што целиот горен слој е маса. Врвот на сондата е парче коаксијален кабел, на кој што неколку милиметри од ширмот на крајот му е отстранет. Изгледот на плочката и склопената сонда:











Во неговиот уред Mr.Carlson користи засилувач со LM4871, бидејќи мене не ми се даваа 210ден. за него, се решив да користам обичен LM386. Шемата е стандардна според даташитот, со тоа што наместо фиксен отпорник ставив тример во серија со електролитот помеѓу пиновите 1 и 8 за да може гејнот да се подесува од 20 до 200. Исто така, бидејќи е пожелно засилувачот да биде што поосетлив, додадов и еден предзасилувачки степен со транзистор според оригиналната шема на Mr.Carlson, но излезе дека нема потреба и само внесува дополнителен шум, па целиот тој степен го премостив. Ако некој ја користи оваа плочка, нека не ги леми транзисторот, отпорниците 1к. 68к, 22к, 100R, електролитите 4u7 и 22u, а лизгачот од 4к7 потенциометарот за гласност нека го врзе директно на кондензаторот од 100n на влезот од интегралецот.



Засилувачот е пожелно да биде сместен во метална заземјена кутија заради намалување на надворешните влијанија. Јас додадов и еден прекинувач со кој сондата може да се заземји или да остане да „виси“, зависно од потребите и во овој случај џекот за поврзување на сондата треба да е изолиран од кутијата.







Сондата мора да биде целосно оклопена, јас ја ставив во метална цевка која е врзана на масата, „капачињата“ на краевите се од витропласт со бакарот од внатрешната страна, исто така поврзан на маса. Кабелот за поврзување на сондата со засилувачот мора да е оклопен и препорачувам да е што поквалитетен, пробав неколку различни и приметив разлика помеѓу нив. Надворешниот кабел за прилкучување на масата/заземјувањето може по потреба да се откачи за да не пречи:





Еве и неколку видеа, на првото имаме сигнал 1kHz и амплитуда 1V од сигнал генераторот кој што сондата го „фаќа“ преку парче жица. На ова и наредните две видеа прекинувачот е во normal position (аудио):



Не се слуша на видеото, но кога ќе се доближи сондата до дисплејот од сигнал-генераторот се слуша високофреквентен тон, пиштење, најверојатно од драјверите за дисплејот. Слично се случува и кога ќе се доближи сондата до некој дигитален уред, мобилен, дискмен, MP3 плеер и сл.



На ова видео се гледа како сондата го „фаќа“ аудиото од MP3 плеерче преку излезниот џек:



На ова видео прекинувачот е во noise position, сондата го фаќа „гребењето“ со шрафцигер по парче пертинакс на далечина од дваесетина сантиметри, а иначе фаќа и од многу подалеку, но бидејќи со една рака снимав мораше да ја доближам сондата иначе не ми собираше се во кадар. Реагира и на палење/гасење прекинувач на далечина од неколку метри:

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6280
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #1 on 11.11.2020, Wednesday, 19:48:00 »
Само гаси мобилниот пред да работиш со сондата ;) Закон уредче е ова !
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #2 on 11.11.2020, Wednesday, 19:57:04 »
Мобилен, LED сијалица, CFL сијалица ако имаш на маса се треба да се гаси, се фаќа... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #3 on 11.11.2020, Wednesday, 23:21:15 »
Ова е се многу убаво, ама... не ми е јасно, што ќе ми е ова ???. Малку го загледав клипот, вика како помошно уредче (сонда) при поправка на апарати... освен RF и аудио, јас искрено, за друго и не можам да согледам која би му била примената ???. Евентуално електролитски кондензатори и трансформатори/калеми во исправувачки секции на SMPS напојувања, ама тие сите помалку или повеќе „ѕвонат“... не можам да се водам по тоа „колку ѕвони“ дали е сув или не електролитот. Некои дури и зујат, па нема проблем, на ESR метар ги јавува како ОК и колото си работи супер. Плус, голем дел од SMPS-ите не работат на switching фреквенција во чујно подрачје (постарите, да, ама поновиве, не)... практично, ќе чуеш само некои пониски хармоници и толку.

Освен ова што спомнав за SMPS-иве, за други видови на уреди, пред се дигитални (а, да бидеме искрени, тоа се над 90% од уредите во денешно време), не можам да му најдам примена. За аудио, да, може да помогне, за RF, да, и за тоа, ама освен за овие две... па... не ми текнува нешто трето ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #4 on 11.11.2020, Wednesday, 23:42:29 »
Епа убаво си кажува, за Рф и аудио  ;). Исто и ако имаш некое полупрегорено делче што ствара шум, отпорник, транзистор и сл., можеш да го лоцираш. Можеш да го користиш како бесконтактен  сигнал трејсер и да го следиш сигналот низ плочката, да видиш кај се губи. Можеш бесконтактно да испитуваш осцилатори од радија, да провериш дали функционираат (осцилираат). Можеш на пр. да провериш и колку далеку оди расипното поле на некој трансформатор, каде се шири во кутијата или надвор од неа, дали делува на деловите во близина и сл.
Use your imagination... :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #5 on 11.11.2020, Wednesday, 23:56:41 »
Го изгледав клипот, барем она што ме интересираше. Да, практично само за аудио и RF може да се користи. Он вика „милион примени“... за жал, за мене барем, ниедна примена нема :-\.

Но, да бидам искрен, кул уредче е ;). Сигурно ќе им се најде ан луѓе што се занимаваат со RF и адуио ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Mr.Carlson's Super Probe
« Reply #6 on 22.11.2020, Sunday, 20:41:39 »
Го зачував и видеото, за секој случај. Таму ја има и шемата и се што треба ;).

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/231t/9wqr7z7qN
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/62D3171ACB9E466EA3CFD0E0642A5FABY
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."