Како со серво мотор би го дозирал волуменот на течноста?Маг.поле би мерил со сензор за маг.поле но само ако се одлучам за капацитивниот сензор,па потоа би ја мерил пермеабилноста.Инаку повеќе сум за ултразвучниот сензор кој би го поставил горе под капачето,па би се измерило растојанието од одбиениот звучни сигнал и пуштениот звучни сигнал,би го искористил исто ултразвучниот сензор така што би измерил и висината на шишето,најпрво сензорот најдолу поставен,потоа горе кај капачето и разликата веројатно би значела висина на шишето.Инаку за точноста не е дадено ништо каква мора да биде,веројатно се бара преку самите мерења да се одреди колкава е точноста(и кои се границите(слабостите) на самиот избран систем).Во комбинација со ултразвучниот сензор па би додал и термистор(NTC) кој би ја мерил температурата и со тоа да се одреди точно волуменот?Дали ова изгледа добро?