Author Topic: Мерење на количина на вода во пластично шише  (Read 8195 times)

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Може да се избере еден од овие сензори:load cell,сензор за мерење притисок,оптични сензор,ултразвучни,капацитивни,енкодер,од актуаторите се избира од следните:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Она што треба да опфаќа покрај мерење на количината на вода во едно шише е:да може да се прикажат две точки на мерење на пример да прикаже целосната количина на вода во шишето и некоја рандом точка(на пр. На средина од шишето),како да се намалат грешките заради нелинеарноста на системот,да се идентифицираат границите на самиот систем(до каде точно може да мери,кои се слабости итн.),да може да ја измери количината на вода и за неправилни облици на шише.Ми треба само концептот(принципите) на самите мерења од избраните материјали(се избираат неколку од горенаведените не сите), и самиот начин на изведба за мерења.На пример конкетно ако изберам ултразвучни сензор една од неговите слабости е што е ограничен со дијаметорот на шишето,кога е помал звучниот сигнал што оди во шишето,се одбива од самите “ѕидови на шишето” и дава погрешни резултати.Значи како да се искомбинираат самите компоненти за да може да се дојде до успешен мерилен систем.Ми треба значи само точна дефиниција на концептите на системот во однос на избраниот сензор(добро дефинирана идеја) и оформувањето на самиот мерилен систем(при што ќе опфаќа и другите каракт.:да се прикажат две точки итн.тоа што го имам напишано што треба да опфаќа покрај успешно измерена количина на вода).Самото програмирање и поврзување го правам сам.Фала однапред за секоја сугестија.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас лично би избрал мерач на потисок. Ако се мери само вода (како што е поставена задачата), густината е веќе позната на водата, наједноставно ќе биде за мерење. Недостаток - нивото ќе важи само за вода, освен ако не се смени параметарот густина во системот за мерење, тогаш ќе важи и за други типови на течности ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Само проблемот е што мораш да избериш сензор кој што на прв поглед нема никаква врска со задачата,на пример ултразвучни кој мери растојание,се бара некое поиновативно решение.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа толку од мојата иновативност :P :D. Не сум иноватор, барем не на ова поле :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Хаха,во секој случај фала ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Пресостат. Нз сензориве за бензин кај моториве како работат, може со пловак ? Не знам, може шишето да го ставиш меѓу две плочи од кондензатор, ама не знам која е диелектричноста на водата. Да беше масло нанпример би можело, зашто  има изразени диелектрични својства. Па ќе мериш проток на струја на разни фрекфенции

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Здраво,
Ево еден предлог ако добро го сватив барањето.
Нивото на вода се мери со мерач на притисок (висина на воден столб).Мерачот на притисок може да се замени со вага.
Формата на шишето треба да е дефинирана во 3д(волуменот на шишето во однос на висината)
Софтвер кој притисокот (  висината на водениот столб) ќе го  компарира со дефинираната форма на шишето и ќе тресметува во секој момент колкав е волуменот .

Во софтверот можат да се стават променливи за тип на течност(густина),моментална температура и дерги параметри.
Важно е да се знае со колкава точност треба да биде мерењето.

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
А каде би можел и како да ги искористам еден од следниве актуатори:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Пошто вака само мерачот на потисок го користам.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Како што предходно напишав за точно одредување на волумен потребно е и мерење на температуре,термисторот ќе го искористиш замеренње на температура на течноста.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.

Тоа е за јачина на електрично поле, не за магнетно поле ;).

Како што предходно напишав за точно одредување на волумен потребно е и мерење на температуре,термисторот ќе го искористиш замеренње на температура на течноста.

Да, ова до некаде има логика ;). Мада... што знам... не знам колку се менува волуменот на течностите со менување на температурата... кај водата се менува релативно малку, освен ако не замрзне, тогаш е нешто повисок волуменот, ама во распон од околу 80 степени (на пример, 5 степени до кај 85 степени), волуменот и е релативно константен. Не знам како оди ова за други типови на течности (масла и слично).

А каде би можел и како да ги искористам еден од следниве актуатори:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Пошто вака само мерачот на потисок го користам.

Термисторот, веќе пишаа. Серво моторот... навистина не би знаел за што да го искористам :-\. Сензорот за мерење на забрзување, па ич па :P :D. Сензорот за мерење на јачина на магнетно поле... и тоа, искрено, не би знаел за што да го искористам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
« Reply #11 on 02.11.2020, Monday, 10:44:02 (Edited 02.11.2020, Monday, 18:46:37) »
Quote
Тоа е за јачина на електрично поле, не за магнетно поле ;).
Два калеми ќе стајш, низ едниот ќе пучтиш струја а во другиот ќе мериш индуцирана струја. При различни средини би требало да добиеш различни резултати. При променлива струја и фрекфенцина.

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Ги користам само компонентите кои ми се дадени.Немам воопшто дадено два калеми.

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Количина на течност ако се сложиме дека е еднаква на волумен може да ја дозираш со степ моторот.
Треба да имаш пумпа со константен проток и со помош на степ моторот полниш колку сакаш волумемн. Дали ова може да помине.
Искрено задачата не е најдобро објаснета.
За точно да се измери волуменот во шишето(подразбирам за секоја форма на шише) треба да се знае површината на шишето во функција од висината и само така може да се измери волуменот.
Точно волуменот малу е зависен од температурата,затоа и трашав колкава точност се бара.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Со цилиндар со ппзнат волумен, придвижуван од степ мотор мојш да дозираш посакуван волумен на течност. Слично работат бензиските пумпо, со таа разлика што тие ја мерат позивијата на цилиндарот преку друг сензор, но пошто е степер можеш да ја серираш нулта точка и крајна точка.
Со што мериш магнетно поле ? Забрзување, па да го ставиш садот на диск, да го заротираш со одредена брзина и да мериш центрифугална сила. Би ја пресметал масата така.