Author Topic: Помош околу задача  (Read 365 times)

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Помош околу задача
« Opened on 10.08.2020, Monday, 00:16:48 »
Се работи за флип флоп ЈК две кратки задачи,дали постои некој со слободно време да ми ги објасни?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12483
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Помош околу задача
« Reply #1 on 10.08.2020, Monday, 01:27:07 »
Пукај.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Re: Помош околу задача
« Reply #2 on 10.08.2020, Monday, 09:15:31 (Edited 10.08.2020, Monday, 13:26:44) »
Морам да определам секвенца на генерирање на овие два бројачи,јас користејќи ја табелата на побуди,добивам различни резултати од кај решението.Под а точниот одговор е серијски бројач,што брои надолу:00,11,10,01,00 почетна состојба кај двата е Q1Q0=00.Под б точно решение е синхронски бројач,што брои нагоре 00,01,10,11,00.Ме буни за под а дека clock е поврзан со Q0,доколку може да ми сликате цела постaпка од двете задачи како вие би ги решиле.Еве ја сликата
Code: [Select]
https://prnt.sc/twz7kkEDIT:Решив под б точно сега само уште под а ми преостанува.

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2781
  • Gender: Male
Re: Помош околу задача
« Reply #3 on 11.08.2020, Tuesday, 15:44:09 (Edited 11.08.2020, Tuesday, 16:06:31) »
Code: [Select]
https://prnt.sc/txt05t
Како што кажа самиот под а е асинхронен down бројач.Главната поворка на импулси(Clock) ти пристигнува само на првиот,а излезот од првиот е влез на вториот Clock.

Ти ја сликнав секвенцата(решението),таблица на вистинитост е само JK се кецови("1"),напиши ја табелата со 4 можни комбинации и заокружи или засенчај дека се кецови.Отсега па натаму,го гледаш само clock-от.Чим clock(поворка од такт импулси) нарасне,се менува Q0(бидејќи ти е поврзан на Q0 и одма тој реагира).Излезот Q0 e влез на clock на вториот ФФ,па ќе има мало задоцнување,но на сликава не ти ставив доцнење за да не ти направи хаос.

Q1 ќе почне да се менува(ако е "1" ќе стане "0" и обратно) само кога Q0 од "0" ќе рипне на "1" и на сликата ти е означено со стрелки.За Q0 вредноста исто гледај ја од clock-ot(На ивица).

За полесно да го решиш,тоа што те буни нацртај го само првиот ФФ.Реши го со ивиците,па дали ќе стане од единица во нула и обратно.Па после за вториот да го решиш,некако со лист поклопи го првиот ФФ,а ослободи го вториот ФФ означи clock2 = Q0,Q1 = излез.

ВНИМАВАЈ на clock на вториот(или на другите доколку имаш повеќе ФФ-а),тој ти е излезот од првиот Флип флоп,и излезот ќе транзитира на ивица која расте.

Offline avalox7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Re: Помош околу задача
« Reply #4 on 11.08.2020, Tuesday, 23:07:50 »
Значи кога clock на почеток е нула,немаме positive edge,вредностите на Q1 и  Q0 се 00 тоест остануват исти како на почетокот.Кога clock е 1 се негираат и Q1 и Q0 заради Ј и К што се 1,после нареден циклус кога C е 1 се негира Q0=0,Q0=0 =C,значи останува на вториов флип флоп иста вредност од претходно Q1=1.Потоа нареден циклус С=1 прв флип флоп Q0=1, Q0=1=C се негира Q1=0.Секвенцата иде вака 00,11,10,01,00 ова е за Q1Q0.Фала за помошта ми помогна многу.

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2781
  • Gender: Male
Re: Помош околу задача
« Reply #5 on 11.08.2020, Tuesday, 23:52:44 (Edited 21.08.2020, Friday, 15:44:22) »
Positive edge е преодот од нула на единица и црвената стрелка што иде нагоре е битна!!(мислам во некоја литература е и rising edge),чим ти го кажат терминот знаеш дека работиш со FF,во спротивно работиш со latch.(види на слика што е rising edge под 2-ка)има и Флип флоп што реагира на опаѓачки раб 3ка(стрелката од логичка "1" на логичка "0" ,црвената стрелка што оди надолу).

Code: [Select]
https://en.wiktionary.org/wiki/positive_edge
Види ја табелата на вистиност(truth table).Во твојот случај и на двата ЈК флип флопа носиш постојано логичка "1" и така ти влагаш во мод на флип флопот(во овој случај во двата ФФ-а,бидејќи и на двата влеза носиш единица JK=11) да ако забележи ФФ-от rising edge на пинот Clock(clk) во истиот момент излезот Q  да се промени(инвертира) и ако бил логичка "1" ќе стане логичка "0" и обратно,од логичка нула во единица.И наредниот rising edge го инвертира(toggle).

Code: [Select]
https://lh3.googleusercontent.com/proxy/DzyW-f5alTNjPeT-5agvBZiV7VI4UZbiw_KAUmskWBRwO-K6UO-oJwT5k_yjXJvNupvR1HyCP9RI2rvtOLZnKB_V1cTRjNfoHL_pyc1qDw4tGzB2H9pwOeRB_2w