Author Topic: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB  (Read 1434 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 679
  • Gender: Male
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #15 on 26.08.2020, Wednesday, 19:05:07 »
Моментално на плочата е проверено се освен калемите и трансформаторите, сеуште е истата ситуација, има +7В и -7В на PS/ON има 3.25В.  На Б+ има само 2.14В.

Кога ги добив тие напони имаше и 12В и 15В.
Другиот ден кога ја вклучив плочата на место +7В и -7В имаше 4В немаше 15В ни 12В, ги мерев транзисторите и диодите сите се исправни.
Денес на плочата наместо 7В има помеѓу 0.1В и 0.6В, на -7В има помеѓу 0.3В и 0.5В, наместо 12В има помеѓу 03В и 3.1В, наместо 15В има помеѓу 0.5В и 2.7В
На зенердиодата ZD1 24в имаше околу 23.5В сега напонот се шета од 11В до 18,5В.
Сите компоненти кои ги проверував се или исправни или заменети со исправни, само трансформаторите не се проверени.
Незнам зошто така би се однесувало чудото, или јас незнам да мерам/користам мултиметер, или мултиметрите не ми ги бива, или плочата има духови   :D
Поради немање време и нерви плочата ќе одмара до наредната недела, а можеби и ќе заврши во канта.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12538
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #16 on 26.08.2020, Wednesday, 21:05:06 »
Хм... ај вака... ако имаш аналоген мултитемтар, провери дали на местата каде што напоните варираат, дали напонот „пумпа“ (паѓа па расте, па пак паѓа, па пак расте). Ова обично е тешко да се забележи со дигитален мултиметар, но со аналоген лесно се забележува (сказалката „игра“ во определен „ритам“, т.е. определена фреквенција).

Ако имаш осцилоскоп, уште подобро, ова најубаво се гледа баш со осцилоскоп, но често не ни спомнувам бидејќи знам дека не баш секој има и може да си дозволи ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 679
  • Gender: Male
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #17 on 26.08.2020, Wednesday, 22:44:13 »
Секаде каде што мерев напон сите се шетаат.
На ZD1 24В напонот оди нешто како 11В 12.7В 14В 15.8В 16.9В 18В (Бројките се само како илустрација) и пак од почеток сето тоа за 1 2 секунди, исто и bargraph линиата на мултиметарот се движи некаде од средината до крајот и пак одново.
Ќе мерам и со аналоген мултиметар, имам осцилоскоп но после неколку месеци преместување и чукање/шутирање се има збркано 1000%, сега кога ќе го вклучам нема ништо на екранот, светат сите диоди, и не функционира ниедно копче, кога ќе го вклучам осцилоскопот иако се на различни фази се збркува и компјутерот, компјутерот се однесува како тв без слика.

За осцилоскопот сум сигурен дека е опседнат, кога ќе го вклучам во штеќер ми ги опседнува и другите уреди  ;D ;D
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12538
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #18 on 26.08.2020, Wednesday, 23:36:37 »
... ,исто и bargraph линиата на мултиметарот се движи некаде од средината до крајот и пак одново.

А, имаш bargraph... епа супер, тоа е (скоро) еквивалент на аналоген унимер ;). Може и со тоа, јас така мерам дали пумпа некој напон, бидејќи немам аналоген инструмент (барем не некој исправен :P :D).

За осцилоскопот сум сигурен дека е опседнат, кога ќе го вклучам во штеќер ми ги опседнува и другите уреди  ;D ;D

Викни exorcist, за него не можам да ти помогнам ;D.

Рече ги провери и оптокаплерите?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 679
  • Gender: Male
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #19 on 27.08.2020, Thursday, 00:05:03 »
Колку што видов јас има само еден оптокаплер или грешка сум?
Оптокаплерот е исправен, пробав и нов оптокаплер исто.
Непроверени останаа само T1 T2 DT1 и CT1, после неколку пати одлеми залеми на компоненти од плочата почнаа да се одлепуваат и бакарните водови.
Понеделник или вторник ќе направам уште еден обид, ако не проработи, чудото ќе го искористам за stress relief   ;D ;D
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12538
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB
« Reply #20 on 27.08.2020, Thursday, 02:57:56 »
Колку што видов јас има само еден оптокаплер или грешка сум?

Дека на 3 страни шемата и се бунам... да, еден е.

Оптокаплерот е исправен, пробав и нов оптокаплер исто.

ОК.

Понеделник или вторник ќе направам уште еден обид, ако не проработи, чудото ќе го искористам за stress relief   ;D ;D

Па... гледајќи ја шемава, ова е тотално нестандарден тип на SMPS... зошто, не знам... некако непотребно искомплицирано се ми изгледа. Така да... и јас исто би играл :P :D.