Author Topic: Совет околу систем за видео надзор  (Read 4134 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ми треба совет околу систем за видео надзор. Не се разбирам нешто премногу во оваа проблематика, па еве, ако има некој дополнителни информации добро би ми дошле ;).

Системот треба да ги има следните спецификации/карактеристики.

1) Број на камери: 2 до 3.
2) Камерите да бидат што е можно помали (т.е. на прв поглед да не се забележуваат), но да не бидат со батерии и да се полнат, туку да си имаат посебно напојување. Не мора да се врзуваат преку BNC за системот за снимање/репродукција (DVR/NVR), може и да се со Wi-Fi или некој друг безжичен стандард, но пожелно е да се врзуваат жичано.
3) Да снима и репродуцира/експортира во HD или (ако ептен не е возможно ова со мали камери) HD Ready.
4) Пожелно е да има DVR/NVR, но не и задолжително.

Значи, најголем проблем практично ми се камерите. Треба да се мали, но да не се со батериско напојување и со Micro USB конектор за полење и конекција со компјутер, туку треба да се класични, со конектор за напојување.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Тој систем со BNC конектори, коаксијални кабли и DVR е веќе застарен.
Повеќе се користи систем со IP Camera и рутер.
Камерата добива напојување преку мрежниот кабел, Power over Ethernet (Poe).
Снимањето може да биде било каде на интертнет.
Не сум работел со оваа проблематика неколку години, не можам да ти кажам ништо поконкретно.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Проблемот е што клиентот нема интернет и нема намера да става, ниту пак има комјутер и исто така, не сака да става ::). Знам за овие системи и се ми е јасно, дека се подобри и дека имаат предности, но... не можам да го натерам да става нешто што не сака.

Дури и ако нема интернет, ако му речам само рутер да земе, колку само за да ги врзе камерите, пак на крајот проблемот е надозорот, т.е. real time пратење на сигналот. Сака да биде на телевизор, значи да нема комјутер... а тоа може да се изведе само ако има DVR/NVR :-\.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline garfild

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Да пробам да пренесам мое искуство со поставување на видео надзор.

Камерите пожелно да се што по видливи за да се знае дека објектот има видео надзор.

За да немора да се употребува компјутер, мрежа и други додатни работи и со тоа да не е многу скапо за купување, монтажа и подесување на целиот систем најдобро е со DVR со хард диск и VGA монитор кој немора да е поголем од 19 инчи.
Напојувањето можи да биди централно и да се влечат кабли паралелно сигнал и напон или секоја камера да зема напон најблиску до неа а сигналот  да е со антенски кабел.
Или евентуално ако успееш да најдиш кабел во него да ги има коаксиалниот кабел, напонскиот и кабелот за звук. Порано имав ваков кабел и ми беше лесно за поставување.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Кај мене на работа ставивме NVR Hikvision DS-7604NI-K1/4P. ,52047841, системот може да се гледа преку интернетр и преку VGA, HMDI на монитор. Камерите  се поврзуваат со мрежен кабел/RJ45  и се напојуваат преку POE, уредот немора да биде поврзан на интернет или преку компјутер за да се користи, на NVR директно може да се користи монитор и да се гледаат камерите, уредот поддржува глувче и тастатура за работа и подесување со уредот.
Моделот кој е кај нас подржува до 4 камери, има модели со повеќе камери, има повеќе модели на камери кои може да се користат со тој систем.
Code: [Select]
https://www.hikvision.com/en/products/IP-Products/Network-Video-Recorders/Pro-Series/ds-7604ni-k1-4p-b-0/
Сигурно не е само тој NVR има и други со истите/слични опции.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Камерите пожелно да се што по видливи за да се знае дека објектот има видео надзор.

Поентата е да не се знае и доколку има некој проблем, работата да се реши интерно, т.е. клиентот да се разбере во „4 очи“ со... кој и да е. Претпоставува кој/кои се луѓето кои му прават проблеми, но нема докази.

За да немора да се употребува компјутер, мрежа и други додатни работи и со тоа да не е многу скапо за купување, монтажа и подесување на целиот систем најдобро е со DVR со хард диск и VGA монитор кој немора да е поголем од 19 инчи.

Мрежа и компјутер не се во опција... евентуално само рутер, но повторно, проблемот е врзувањето на рутерот со некој уред за preview на снимките и real time monitoring, така да, таа опција изгледа паѓа во вода... освен ако не се користи NVR (DVR ама мрежно се врзува за камерите, LAN или Wi-Fi).

За VGA монитор нема потреба, клиентот има телевизор, сака на него да може по потреба да гледа. Скоро сите DVR-и веќе имаат HDMI или VGA излези.

Или евентуално ако успееш да најдиш кабел во него да ги има коаксиалниот кабел, напонскиот и кабелот за звук. Порано имав ваков кабел и ми беше лесно за поставување.

Да, имам видено вакви кабли, но потешко се наоѓаат. Затоа во опција беше со IP камери, само со еден Ethernet кабел да решам се, ама NVR потешко се наоѓа, DVR-ите полесно се наоѓаат, барем кај нас.

@dr-mr: Да, имам гледано вакви системи, но има неколку проблеми. Прво, многу е скап. Не дека клиентов не сака динар да не даде, ама не верувам дека ќе даде толку пари за системот... мада ќе го прашам, никогаш не се знае :P :D. Второ, камерите се прилично големи, а поентата е да се што е можно помали. Трето, кој знае дали го има да се најде кај нас и, се разбира, како и се останато кај нас, цената можно е да е 150% повисока во однос на истиот систем на запад.

Значи, изгледа она што го барам, го нема. Практично барам класичен DVR (или NVR) систем со неколку камери (2 до 3, значи практично барам NVR со максимум 4 камери, односно најевтиниот DVR/NVR), но проблемот со овие системи се камерите - многу се големи. Големината на камерите треба да биде како на оние коцкине што Кинезиви ги продаваат на eBay и AliExpress, а ги дефинираат како spy cams, нешто како на сликата подолу.

Проблемот со овие камери е тоа што се наменети за независна краткотрајна употреба. Дел од нив имаат и Wi-Fi, дел не, ама сите имаат SD или некој друг вид на storage medium и Li-Ion батерија, што практично значи дека ќе треба континуирано да ги вадиш и полниш пак откако ќе се изпразни батеријата. Тоа не е решение.

Кратко и јасно, ми треба вакво нешто, ама без дополнителните тракатанци, батерии, SD, Wi-Fi и останато, треба да има „класичен“ интерфејс како што би користел DVR/NVR (кабел за напојување, кабел за сигнал/сигнали, толку). И пожелно е да снимаат и аудио.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Има мали камери, но најчесто немаат HD резолуција или пак ако имаат се многу скапи.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ништо... ќе му го соопштам ова на клиентот, ќе видиме потоа во која насока ќе одиме.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Незнам клој е буџетот но систем со мали/мин HD/ HD Ready камери сигурно нема да биде ефтин. Според тоа што имам гледано мини камера со реална HD резолуција под 100 евра немам сретнато, кинескиве по 15 20 евра даваат 15 20 проценти од HD резолуција.

Code: [Select]
https://www.hikvision.com/en/products/IP-Products/Network-Cameras/Special-Series/?category=Network+Products&subCategory=Network+Cameras&series=Special+Series&checkedSubSeries=Covert+Network+Camera%3BDual-Lens+People+Counting+Network+Camera
Доколку камерите се користат внатре една опција е да купиш камери за DVR и да ги растуриш и да ја искористиш само електрониката и сензорот(можеби вградени во нешто). Електрониката и сензорот не се многу големи.

Имам гледано (јас го немам правено тоа) некои користат мрежен кабел за поврзување на DVR (аналогни) камери,  мрежниот кабел има 4 парици кои можат да се искористат за напојување и аудио/видео пренос. Зависно од квалитетот на камерите и должината на кабелот сигналот, квалитетот на сигналот може да биде добар или катасрофално лош.

Доколку се работи за јавен објект мора да биде напишано/означено дека се користат камери, колку што се сеќјавам тоа важи и за Македонија
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Незнам клој е буџетот но систем со мали/мин HD/ HD Ready камери сигурно нема да биде ефтин. Според тоа што имам гледано мини камера со реална HD резолуција под 100 евра немам сретнато, кинескиве по 15 20 евра даваат 15 20 проценти од HD резолуција.

Абе... викам клиентот... реално е пријател :P :D. Затоа и се нафатив, инаку, немаше да се нафатам. Прв пат местам вакви камери, претходно имам местено само по потреба (исто за пријатели) ама само една камера со Wi-Fi.

Буџетот... се знае, Македонска работа, ако може да биде топ за малку пари ::). Мада чоекот не се разбира, така да, нема претстава колку ова би коштало. Видел некој систем, DVR + 4 камери за 100 евра... го видов системот... ако извади повеќе од 10fps на 640x480, еве на ::). Мада јас му го предочив ова, дека нема кој знае што да добие со ваков систем, но он ми рече дека квалитетот на снимката и не е баш пресуден... пожелно е да е добар, но не пресуден.

Така да, ова што го спомна...

Доколку камерите се користат внатре една опција е да купиш камери за DVR и да ги растуриш и да ја искористиш само електрониката и сензорот(можеби вградени во нешто). Електрониката и сензорот не се многу големи.

Ми изгледа како прилично добра идеја ;). Може ова да го направам со системот од 100 евра :P :D... ако му чини, ако не, ќе му речам, епа системи со Full HD или HD Ready за оваа цена, нема да добиеш... нема ни за дупло од ова да добиеш.

Имам гледано (јас го немам правено тоа) некои користат мрежен кабел за поврзување на DVR (аналогни) камери,  мрежниот кабел има 4 парици кои можат да се искористат за напојување и аудио/видео пренос. Зависно од квалитетот на камерите и должината на кабелот сигналот, квалитетот на сигналот може да биде добар или катасрофално лош.

Абе овој системот што го гледал за 100 евра, стига заедно со 15 метри кабел за секоја од камерите, така да, ако се одлучи за тоа, ќе ги искористам тие кабли. Ако не, да, дефинитивно разгледував и јас да пробам со Ethernet кабел. И онака дома имам парчиња Cat 5 (неоклопен) од по 15, 20, 25 метри ;). Ќе пробам со нив, ако тера, топ, ако не, ќе купуваме адекватен кабел :P :D.

Доколку се работи за јавен објект мора да биде напишано/означено дека се користат камери, колку што се сеќјавам тоа важи и за Македонија

Приватен објект е, нема проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Кажи му дека тој систем е застарен и дека е демоде, иднината е во IP камерите за надзор. Ако нејке компјутер ќе му предложиш помодерна варијанта NVR и готово. :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тоа е се супер, ама постар чоек е :D... ај иди објасни им на постариве дека нема FB App за компјутер ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Објаснување не помага, он си вика инсталирај ми FB на компјутерот и готово, наједноставно е да му го дадеш тоа што го сака или да мисли дека го добил. Јас ставам shortcut од FB на декстопот, и им викам тука кликаш и ти се отвара FB сега се е инсталирано.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро да, и тоа држи вода ;).

Сепак, куќиште и компјутер знае што е, така да, NVR останува како опција.

Ќе ги разгледам опцииве, ќе размислам, ќе му презентирам и на него кои се опциите и ќе пишам што е на крајот избрано ;).