Author Topic: Засилувач TDA7375A , MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters и звучници  (Read 836 times)

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
После многу години повторно почнав со изработка на  мал стерео проект.
Ако има интерес постепено ќе го презентирам целиот проект кој го правам за младите кои сакаат да слушаат музика од компјутери,мобилни  и останати дигитални извори на звук.
Проектот се состои од:
- MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters(кинески 3-4eur)
-Засилувач со TDA7375A ,многу едноставно шема го има кај нас (2 eur) ,  работи како класично стерео (2.0)2х35w ,стерео +бас(2.1) или  кватро (2.2)
Напојување +12v , 8A
Звучници од стар систем  кои се во пластицни кутии, превам нови кутии од медијапан.
Забелешки  и прашања се добродојдени

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Можеш слободно да го презентираш проектот, сигурен сум дека ќе има интерес.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Re: Засилувач TDA7375A , MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters и звучници
« Reply #2 on 11.05.2020, Monday, 18:33:30 (Edited 11.05.2020, Monday, 18:38:47) »
Намена,
Стерео  засилувач  за  дигитални записи ,ФМ радио идеален за мали соби ,
Во овој проект засилувачот е дел од звучниците со кои прави една целина.
Звуцниците се компресорски тип.Во долниот дел на едниот е напојуванјето ,а во другиот MP3 Player    и засилувачот.
Избор на елементи:
MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters,
Од Кина(се нуди и кај нас)
Ако купувате од Кина изберите продавач со висок рејтинг и поголем број на продадени делови.Најдобро е да е производител ,а не продавач на се и сешто.
За дадениов MP3 Player проверите дали работи на 12v,како би имале исти напон на MP3 Player и засилувачот.На сликата даден е еден пример од MP3 Player  кој ги задоволува овие услови .Цена околу 3 еур со превоз (засега пратките од Кина стигнуваат многу тешко поради редки карго авио линии) ,
Засилувач,
Шема од
Code: [Select]
https://www.st.com/resource/en/datasheet/tda7375v.pdf    Figure 5. Double Bridge(2.0)
Или ако ви одговара некоја друга Quad Stereo(2.2)  или Stereo/Bridge(2.1).Ако немате искуство најдобро е да се употребуваат шеми од производителот на  интегралецот.
Ознаките во загради значат (2.0)стерео,(2.1)стерео +бас,(2.2) кватро стерео два предни и два задни звучници.
Интегралецот го има во Македонија , околу 2 еур.
Плочка,  многу едноставна .Се продаваат на форумов.
Појачалото денес е тестирано и се е во ред.
Проба на појачалото најдобро е да се прави на обични стари звучници,јас во принцип  користам од телевизор  без  кутии.
Напојување за проба користев лабараториско +12v  ,3А
За напојувањето подоцна, ќе биде торусно(зашто!!!!) кај нас во Македонија се прават машинско мотани.Се продаваат на форумов.

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Re: Засилувач TDA7375A , MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters и звучници
« Reply #3 on 11.05.2020, Monday, 19:18:32 (Edited 12.05.2020, Tuesday, 10:09:51) »
Како ќе изгледаат звучниците во комплет со засилувачот




Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Овие блутут радивца/плеери се закон, имам неколку нарачано до сега, супер се за парите.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Re: Засилувач TDA7375A , MP3 Player Bluetooth & FM Transmitters и звучници
« Reply #5 on 12.05.2020, Tuesday, 00:39:24 (Edited 12.05.2020, Tuesday, 10:14:25) »
Да да, супер се, но треба да се внимава дека исти вакви ги шиткат и без блутут модул, значи има само mp3 репродукција и радио.
Баш се вакви како што се на сликата погоре (над дисплејот пишува music speakers), оние кои што имат блутут модул над дисплејот убаво си пишува bluetooth.

На оваа слика убаво се гледа модулот за блутут. :)



Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Точно,се продава се и сешто.Зато напишав дека мора убаво да се обрни внимание на секој детал и да се читаат постовите под производот.
Производот кој е на сликата е слуцајно ставен ,но има блутут,се гледа и од знакот на него и од сликата .
Во секој случај мора да се чита се што пишува ,а не само насловот од производот.

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
 ...Да да, супер се...Значи задоволуваат „минимум квалитет за добар звук“?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не се ништо полоши од останатите кинески аудио „направи“ од тој калибар, со добар засилувач и звучници звукот е сосема ок, а имаш мали диимензии и многу опции, радио, блутут, усб, сд картица, далечинско...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
По реално звучи минимум пари за добар звук.Најслаб дел е фм приемот ,но ако се  стави и подеси антената тогаш е задоволително.
Проблем е ако се вгради во возило и тогаш има проблем со радио приемот.

Offline mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Први впечатоци
 MP3 Player, се работи, радио станици меморира аутоматски и е со пристоен квалитет, Bluetooth работи и лесно се поврзува со телефон,приклуцокот за поврзување на телефон или компјутер работи добро.Наинтересно MP3 Player има избор на тип на музика која ја слушаме рок, класика и др. и многу добро се слушаат разликите .Се се командува со далечинско .
Засилувачот не го форсирав има мал ладилник и напојуванјето е мало.
Намерно го пробав са звучници кои добро ги познавам(B&W 601–S2 mk) и пријатно ме изненади ,се бореше со нив но не се предаваше.
Заклучок, подобар од сите дигитални Bluetooth засилувачи со звучници кои се продаваат.Супер за својата намена и цена.
Останува уште доста работа на овој ситем(напојување,звучници подесување)
Објаснување, ознаката на   звучниците  B&W 601–S2 mk
Оваа  ознака со наставка mk  не постои јас ја додадов од причина што звучниците се направени со оригинал средни-бас кевлар звучници, оригиналните високотонци со Ал килоти кои мене и на многу други ни звучеа помалку  метелно заменети се со нови,кутиите се по димензии исти како оригиналот.Преместен е бас рефлекс отворот одпозади,скретницата малу модифинирана во однос на оригиналната.
Мене вака ми звучат подобро (субјективно!!!!!!)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 815
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Доста солидно за низ дома, да не тегниш кабел со тебе, едноставно си се поврзуваш и работи, многу ме бендиса решениево...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас сакав со некое старо радио за во кола да правам нешто вакво... не поради друго, ако не повеќе барем звукот е прилично солиден, но да, и ова брка работа. Секако многу практично е тоа што има Bluetooth onboard и USB, што тешко ќе биде да се монтира на класично радио.

Можеби евентуално да се направи комбинација од баш класично стар радио-кастетофон за автомобил, да се искористи влезот за Tape да биде влез за вакво чудо ;).

Има некои вакви направии поскапи, со LCD, да вадат подобар звук, итн.? Не мора да имаат излезен засилувач.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Сум гледал вакви исти монтирани во отворот за касети кај постарите авто радија, и така никој не користи повеќе касети :).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Има едно видео на YT каде русин монтира ваков модул на авторадио на местото каде што влегува касетата. Е сега не е многу лично но брка работа. :)