Author Topic: Мозгање погодување размислување нагаѓање мудрување ...  (Read 49078 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Иако во темата имаше “варници“ сепак можеме да разговараме. Жал ми ама не знаеш се што се случувало за да го напишам онаа што го напишав погоре!Сепак сум сигурен дека не сакаше да завземеш страна и да се спротивставиш на твоите од администрацијата! Јас не видов дека имаш свое јас и да ме подржиш каде бев во право или да ме критикуваш ако сметаше дека не сум во право. Било па поминало а сега Тома се релаксира и нема ни малку да ме допре и да добијам БАН.
Некаде имам напишано дека мене не ми треба форумот туку јас сум му потребен на форумот!
Модератор сум повеќе од десетина години и тоа на форум кој има толку многу и квалитетни податоци што е жално за наш македонски форум да брка членови со знаење и податоци.
Навистина жално!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Мозгање погодување размислување нагаѓање мудрување ...
« Reply #376 on 01.09.2020, Tuesday, 01:56:58 (Edited 01.09.2020, Tuesday, 02:19:33) »
Превише офф отиде темата, али ај накратко, нема мои-твои од администрација, во последно време практично сме само Гига и јас, не сум те поддржал пошто не бевте у право за тоа што се бунтувавте, не сум те критикувал пошто веќе беше кажано се што треба и се останато ќе беше само дуплирање. Тоа што имаш знаење од одредени области не те апсолвира за да го „тупиш“ (не е ова пишано во навредлива смисла ;)) за секакви ситници што ти мислиш дека се битни. Форумот ни е таков како што е и е одраз на целокупната состојба во државата, дали тебе ќе те има на него (или мене) нема да смени многу во квалитетот, за жал.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И уште нешто. 100% сум убеден дека ниеден член (што не е модератор или администратор) нема да стои на твоја страна освен некој апологет.  :)

Чоек... ја не знам како не ти е јасно до сега дека скоро сите членови на форумот не ти го поднесуваат карактерот... не го измислувам јас ова, од post-вите е очигледно.

Па кој има “муда“ да му се пожали на администратор или модератор (посебно на овој форум) кога го следува БАН и тоа без предупредување!

Аман... ::) ::) ::)... до сега барем едно 10-тина пати си бил за бан, па никогаш не си бил баниран.

Мене сакавте да ме БАН-ирате затоа што “не“ бев на линијата на административната тактика за работата на форумот а која според мене се покажа и докажа дека не дава резултати, и затоа има десетина “активни“ членови.

Молам ???... кога се случло ова? Немаше апсолутно никаков предлог од твоја страна за зголемување на членството на форумот. Предлог за подобра функционалност, за „лажно прикажување“ (не е лажно ако прочиташ што пишува во fine print) на бројот на активни членови на форумот во определен временски интервал, да, ама освен тоа... ништо друго.

Факт: некоја конкретна тактика, немаше никогаш предложено.

Беше тргнат од администрацијата бидејќи беше дрзок и непотребно се мешаше со правила од други форуми во тема во која е активен друг член од администрацијата. Можеше да пишеш во секцијата за администрација дека сметаш дека „ова и ова не е во ред во оваа тема“ па да се развие дискусија, ама не. Ти и batka решивте директно вие да се справите со „лошиот нов член“, иако admin е активно инволвиран во post-ирање во таа тема. Па дури и да беше друг модератор, сметаш дека е тоа исправно? Па да... зошто воопшто прашувам ::). Сигурно сметаш дека е штом така постапи ::).

Моја мана е што немам влакно на јазикот и го пишувам онаа што мислам дека е исправно и точно.

Мислити и срати и цвече брати није исто.

Десет години сум модератор на овој форум и членовите добро ме знаат, многу од нив и лично, никогаш не сум банирал некого без предупредување, освен ботови и спамери од странство.

Уште еден факт. Јас сум член и пред да станам модератор и админ. LordZi беше модератор пред јас да станам... без разлика, комуникацијата и консултацијата секогаш ни била на ниво... апсолутно немам на што да се пожалам од професионалната соработка со него.

Од друга страна, не можам истото да го кажам за тебе.

Некаде имам напишано дека мене не ми треба форумот туку јас сум му потребен на форумот!

Во последно време, искрено... само на секцијата за забава и требаш... ако воопшто има потреба од некој кој post-ира само во неа... не е забрането да post-ираш само таму, ама апсолуно никаква корист нема од неа... таа е баш тоа... забава.

Модератор сум повеќе од десетина години и тоа на форум кој има толку многу и квалитетни податоци што е жално за наш македонски форум да брка членови со знаење и податоци.

Терај си таму, никој не ти брани.

Да не праам муабет што тој форум е Балкански (значи членови има од цела бивша Југославија), плус е наменет исклучиво за професионални сервисери, не и за аматери. Сосема нормално дека ќе има активни членови.

А зошто и наши post-ираат по Ex YU форуми и кршат јазик, навистина не ми е јасно... кажи ми да ти кажам... истото можам да го прашам и за луѓе од сите останати Ex YU простори кои не сакаат да бидат дел од форумов... ваква беше приказната и пред ти да станеш модератор и пред 7, 8 години кога форумот беше во подем. Само наши имаше на форумов. Кешки doca (Др. Бора) што чат-пат по нешто ќе пишеше, толку.

Форумот ни е таков како што е и е одраз на целокупната состојба во државата, дали тебе ќе те има на него (или мене) нема да смени многу во квалитетот, за жал.

Проблемот е што Toma ова не успева да го свати.

Toma, не знам колку ти е јасно... знаеш кој труд треба да се вложи за форумов да личи на EDAboard или некој сличен? Треба платен персонал да има кој секојдневно ќе работи на него. Тоа е неизводоливо во ситуацијата во која моментално се наоѓа форумот... а во таа ситуација беше и кога почна пред 11 години. Група на луѓе кои имаат вложено нешто труд во customizing на free и open source софтвер за форуми, толку. За да тргнеш од таа точка нанапред, треба капитал, труд и време да се вложи, нешто што никој од нас го нема на располагање во огромни количини... и нема да го има без да се плати за тоа.

Не знам како не ти е јасно тоа ???.



Ова и се понатаму (а и post-ови пред овој) ќе се сечат и нова тема ќе се отвори.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
"А зошто и наши post-ираат по Ex YU форуми и кршат јазик, навистина не ми е јасно... кажи ми да ти кажам... истото можам да го прашам и за луѓе од сите останати Ex YU простори кои не сакаат да бидат дел од форумов... ваква беше приказната и пред ти да станеш модератор и пред 7, 8 години кога форумот беше во подем. Само наши имаше на форумов. Кешки doca (Др. Бора) што чат-пат по нешто ќе пишеше, толку."
Мал (и расипан) народ сме, нема што да понудуме, се плашиме дакажиме нешто, оти претежно тоа е се' што знаеме, се банираме за банални причини, школството ни е стрАње и мора да се лижиме кај другите. Секако има исклучоци ама се 1%

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Постираат и прашуваат по екс YU форуми затоа што, за жал, повеќето се подобри од нашиот и тоа не е тајна.
Моментално според мене бр.1 е yu3ma.net, иако знам дека Гига не го мириса многу :D, таму се собрани одлични стручњаци за разни области од електроника со огромно познавање и искуство, и што е најбитно, несебично го споделуваат. Кај нас многу малку има такви луѓе, уште помалку што сакаат да споделат нешто и затоа сме таму кај што сме.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас не знам како не е јасно... сосема е нормално дека ќе бидат подобри бидејќи има кадар од цел Балкан. Македонски не беше официјален јазик во бивша Југославија, беше Српско-Хрватски, што практично значи дека Срби, Црно-Горци, Босанци и Хрвати се разбираа скоро перфектно. За разлика од нив Македонски и Словенечки беа the odd-balls out... и никој не сакаше да ги научи, а ние пак од друга страна, прилично сервилни бевме од овој аспект, па им зборувавме на сите на Српско-Хрватски (кршевме јазик да бидам искрен) и сосема е логично дека прво што ќе им падне на памет е „еј, отвориле форум Македонциве... ОК, нивна работа“... од друга страна, оние кои ги биваше од кај нас, или се отселија, или фатија друга работа, или сосема заборавија дека постои ваква област (електроника, техника, итн.) и дојдовме до ситуацијата до која дојдовме. Нема активни членови бидејќи нема квалитетна содржина, а квалитена содржина се прави со квалитетен кадар, т.е. луѓе кои имаат познавања од областа.

Во иста ситуација се и Словенците. Кажете еден Словенечки форум за електроника, освен Фанзо (не сум сигурен дали Словенец е основачот, ама мислам дека е така... и тоа е успешен, само поради тоа што се комуницира на официјалниот јазик во бивша Југославија, а мајчин им е на барем 4 националности) кој е наменет за електроника и успешен... нема. Фактите се тие. Милион пати е правен муабетот и милион пати е донесуван истиот заклучок. Свети реклами стави, ма кај сакаш, нема да има членство. Ќе се зголеми краткотрајно и толку... после пак ќе падне.

И не е дека „не го мирисам yu3ma.net“. Гледам дека е пред се наменет за аудио, а одамна сум излезен од тие води. Плус, треба да пишувам на Српски, а не ми се пишува од пусти инат што истото не им се прави и на сите останати Ex YU народи на нашиот форум... притоа, не се приморани да пишуваат на Македонски, тоа и во правилата стои, може и на ниниот мајчин јазик, ама ете, пак не сакаат... епа ние ако на нив не им требаме, зошто па јас да им пополнува содржина на нивните форуми. Не гледам причина.

А и една тема отворив за CH341A, 300, 400 прегледи, само еден одговор... и тоа јасно ми беше и зошто, бидејќи текстот ми беше пишан на Македонски, и тоа намерно, за да им угодам на сите, на латиница... епа извини, јас ако можам да разберам што сте пишале, зошто да не ме удостоите со некој одговор или коментар... не на Македонски, на кој сакаш јазик, не е проблем, јас ќе се снајдам... ама не, пусти инат се и националисти се „шо бара Македончево сега да пишува на Македонски, нека си пише на Српски па и да га Бог разуме ;)“.

Извини, ама не идам кај што не ме сакаат. И на работа истиот муабет им го праам. Ако комуницирам со некој од бившиве YU простори, секогаш ми викаат „не те разумем...“. Нема проблем, се шалтаме на Англиски? Ако речат да, ОК, ако не... извини, ја не знам Српски (ова не е точно, ама намерно така викам). Да видиш како кршат Англиски ако мораат.

Ме фаќа инат за вакви работи бидејќи сите од Ex YU што зборат Српски/Хрватски по default очекуваат ако си од некоја Ex YU република на која не и бил мајчин јазик некој „дијалект“ на Српски/Хрватски (практично, тоа се само Македонија и Словенија), да се прешалташ на Српски/Хрватски. Епа од мене нема тоа да го добијат, од други, не знам... секој за себе си знае.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Скупскиов дијалект е пола србски, има лиѓе шѕо живеат овде по 40 години и ушре не разумат Македонски, а кинезине што дојдоја за патон за 3-4 год научија мкд.
Онда имаме мн малце литература на мкд, скоро и да немаме научни институции ( кои се бават со наука, не со политика)...

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
@Гига
верувај нема национализам таму, не е проблем ако пишеш на македонски, ни на хрватски, има некои членови Хрвати цепаат на некој далматински дијалект што едвај го разбирам па никому ништо, плус си идат на гости, едните на Триода фестивал во Хрватска, другите на собирот во Крагујевац, така да не верувам дека намерно те игнорирале во темата што ја имаш отворено ;).
Иначе, уз муабет дознав и дека добар дел од србите таму, постарите генерации особено, имаат работено (живеено) во МК (Скопје, Кавадарци - Фени, Штип...) и многу солидно зборат македонски, а разбираат малтене 100%. Исто прошлата недела на мејл ми пиша и еден член од Фанзо форумот да му пратам некои скенови од Емитер, човекот е од Белград, ама живеел во Скопје и знае одлично македонски. :)

Словенците иначе имаат одличен форум, ама порано беше зезнато да се регистрираш пошто прашањата им беа на словенски, се мачев на времето и баталив, може погрешно ги разбирав прашањата, може и самиот форум имаше некој баг цело време ме вртеше во круг, којзнае, сега не знам каква е ситуацијата...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Скупскиов дијалект е пола србски, има лиѓе шѕо живеат овде по 40 години и ушре не разумат Македонски, а кинезине што дојдоја за патон за 3-4 год научија мкд.

Дијалектот е таков. Не значи дека зборуваат на Српски.

А тоа за Србите во Македонија, општо познато е. Ќе умрат, нема да научат Македонски. ::)

Онда имаме мн малце литература на мкд, скоро и да немаме научни институции ( кои се бават со наука, не со политика)...

И оваа тема е разглобувана до смрт... нема и нема да има... нема кој да ја пишува. Старите кадри што ги биваше се во пензија или починати, нови кадри нема. Тоа е тоа, ако сакате, Англиска литература, ако не, тоа е тоа.

верувај нема национализам таму, не е проблем ако пишеш на македонски, ни на хрватски, има некои членови Хрвати цепаат на некој далматински дијалект што едвај го разбирам па никому ништо, плус си идат на гости, едните на Триода фестивал во Хрватска, другите на собирот во Крагујевац, така да не верувам дека намерно те игнорирале во темата што ја имаш отворено ;).

Можно е... не знам, ти почесто си присутен на тој форум.

Иначе, уз муабет дознав и дека добар дел од србите таму, постарите генерации особено, имаат работено (живеено) во МК (Скопје, Кавадарци - Фени, Штип...) и многу солидно зборат македонски, а разбираат малтене 100%. Исто прошлата недела на мејл ми пиша и еден член од Фанзо форумот да му пратам некои скенови од Емитер, човекот е од Белград, ама живеел во Скопје и знае одлично македонски. :)

Добро, можно е погрешно да сум го интерпретирал немањето на одговори... не знам... можно е да си во право.

Словенците иначе имаат одличен форум, ама порано беше зезнато да се регистрираш пошто прашањата им беа на словенски, се мачев на времето и баталив, може погрешно ги разбирав прашањата, може и самиот форум имаше некој баг цело време ме вртеше во круг, којзнае, сега не знам каква е ситуацијата...

Епа очигледно тогаш само нас не не бива... како и за се останато... не знам што да кажам.

Видете, еве и јавно ќе пишам, ако некој мисли дека може подобро да го води, нема проблем, му предавам credentials, бујрум, немам проблем со тоа. Тогаш таква беше ситуацијата, Devil немаше слободно време и немаше кој друг. Ако има сега некој со познавање и да знае да го администрира, како од социјален, така и од технички аспект (сервер, подесувања, code tweaking), бујрум... нема проблем.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
"
Дијалектот е таков. Не значи дека зборуваат на Српски
"
Србизми се, не сум против дијалекти, него пеотив србизми, не веривам дека пред 150-200 год бил ваков

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Грешката ти е погрешна :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Грешката не може да биде погрешна затоа што не е една!  :D
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
ГрешкаТА... Членувано ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Toma
Грешката не може да биде погрешна затоа што не е една:D
Членувано или не (ГрешкаТА) има повеќе грешки.
Мозгањето е да се напишат кои се тие?
Do you understand me?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!