Како мислиш 4 циклуси?
Ако мислиш на четирите операции кои ги извршува моторот (вшмукување, компресија, експлозија, издувување), кај двотактните мотори тие операции се вршат само во два циклуси (една ротација на коленестрото вратило).Кај двотактните мотори кога се врши експлозија клипот оди надоле со тоа од едната страна го отвара издувниот канал и гасовите излегуваат, од другата страна на цилиндерот клипот отвара друг канал кој го полни компресиониот простор со гориво, кога клипот оди нагоре се врши компресија на горивото во компресиониот простор, истовремено се отвара канал кај коленестото вратило кој внесува гориво во блокот.
Доколку се два цилинди, ги прават истите циклуси/операции само еден по друг.