Бидејќи темата е за забава ама и за ...размислување...мудрување ... без претензии за наметнување или сугерирање, нека секој си извлече своја поента од долу напишаната приказна
Ви споделувам една приказна со намера (кој како милува) да осознае дел од вредностите на животот.
Јас: Господе, може да те прашам за некои мои случувања?
Бог: Секако
Јас: Зошто дозволи толку многу работи да ми се случат денеска?
Бог: Што сакаш да кажеш?
Јас: Па, се разбудив утрово доцна..
Бог: Да
Јас: Мојата кола не можеше да запали!
Бог: Добро
Јас: За ручек ми направија погрешен сендвич и морав да чекам
Бог: Хммм
Јас: Кога се враќав накај дома, ми се исклучи телефонот баш кога сакав да се јавам
Бог: Во ред
Јас: Згора на тоа, сакав да си ги релаксирам нозете со новиот масажер, но не работеше. Сега кажи ми, зошто се случија такви работи денес?
Бог: Да видам! Да, ангелот на смртта беше во твојот кревет утрово и морав да пратам еден ангел да се бори со него за твојот живот. Мораше да го преспиеш тоа.
Јас Ох...
Бог: Не дозволив да запали твојата кола бидејќи имаше пијан возач на твојот пат кој ќе удреше во тебе на патот.
Јас: Лелеее...
Бог: Првата личност од сендвичарата која ти направи сендвич денеска беше болна од ковид-19 и не сакав и ти да се разболиш од истиот, знам дека не можеш да се излекуваш од тој вирус.
Јас: Добро
Бог: Телефонот се исклучи бидејќи личноста која те бараше сакаше да земе лажна изјава од тебе со тој повик, но вака беше покриен од лажно понижување…
Јас : Сфаќам
Бог: А за тој масажерот за нозе, не работеше бидејќи имаше краток спој ,и ќе ја исклучеше сета струја во куќата, и не сакав да седиш во мракот…
Јас: Жалам, прости ми!
Бог: Не жали, туку научи да веруваш…. Во сите работи, Добри или Лоши.
Јас: Ќе верувам.
Бог: И не се сомневај дека некој друг позитивен план за тебе е подобар од твојот план за денеска.
Јас: Нема. Само да кажам, благодарам сум за сето тоа позитивно што ми се случи денеска...