Author Topic: 5G - опасност по здравјето или не?  (Read 3795 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
Re: 5G - опасност по здравјето или не?
« Reply #90 on 10.05.2020, Sunday, 19:13:57 (Edited 10.05.2020, Sunday, 22:23:52) »
Повеќето докази, од 2те страни се пафтање со лифчиња наречени докази. Потребни се параметри, услови и постапка на експериментот. А тоа што рекле по физика во 7 мо или 8 мо дека е.м. од опсегот на микробраново подрачје нема никакво влијание нити е потврдено нити е објаснето нешто повеќе. По хемија велеа прво дека атомот е понатака неделлива честица за понатака да го напраат парам парче. И тоа беше на час по физика, а не биологија. Сите што излагаат со тврдења дека е.м. од микробраново подрачје се нештетни се електро инженери, не доктури. Замисли сега да излези некој доктур-лекар и да расправа моторола в.с. сименс. 
За многу болести појма немаме ни од кај се добиваат ни како се лечат. Нека испитаат да имаат јасна слика прво тие што испитуваат па после и обичните смртници, па тек тогаш може да излезат и да речат, немајте гајле, безбедно е нештово. Ние работиме на електро магнетни импулси и има добра основа е.м. зрачење да ти се меша во работата на организмот.
Длабоката ув светли а ги ништи вирусите и не е опасна ако си крако изложен на нејзе, како што кажува линкот
И јас сум да напраат испитувања, не велам дека ако напраат 100% ќе покажат дека има нешто штетно.
И јас го пишав одговорот на 2 пати од исти причини...

Online dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 630
  • Gender: Male
Да, ова е јасно, но ти сепак си поставен од онаа страна на „границата“ која е за 5G, а ние (оние кои сметаат дека има сериозни идикации дека има шанси да биде опасна за околината и живиот свет) од другата страна... многу блиску до границата сме, но ти (вие) од едната, а ние од другата страна. Практично, ти инсистираш да има дополнителни испитувања, но да бидат on the go (пушти во работа, па ќе видиме), со што ние не се сложуваме. Нека има дополнителни испитувања, долгогодишни, па потоа ќе се пушта во работа или не.

Не зазимам никакви страни само викам дека треба да се користи логично, рационално и објективно размислување пред да се одобри или одбие нешто, а не субјективно и сентиментално напаѓање на нешто за кое се нема доволно или воопшто информации.
Јас не викам дека 5Г треба да се пушти во употреба пред да се тестира, само викам пред да се тестира да не се обвинува дека е штетна. Без разлика како ќе се прават тестовите.
Незнам како би се направила 10 годишна студија за технологија која после 2 години ќе биде застарена? Како би се правела студија од 10 години за масовно користење во јавноста на некоја технологија без да се користи 10годин масовно во јавноста  таа технологија???
Не треба недостатокот на информации дека 5Г  е штетна да се сваќа како потврда дека 5Г е штетна. Посебно не кога праксата покажува дека користењето на слични технологии нема покажани и потврдени штетни ефекти кога тие технологии се користат како што се предвидени да се користат.

видео з 5Г
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не зазимам никакви страни само викам дека треба да се користи логично, рационално и објективно размислување пред да се одобри или одбие нешто, а не субјективно и сентиментално напаѓање на нешто за кое се нема доволно или воопшто информации.

Напаѓањето од моја страна барем, не е воопшто субјективно. Има сериозни индикации дека може да влијае врз живите организми. Наведов барем две причини: високите фреквенции на кои комуницира и огромниот bandwidth кој го завзема на тие фреквенции.

Незнам како би се направила 10 годишна студија за технологија која после 2 години ќе биде застарена?

Е, сега и ти го претера. Проток од 20Gbit/s, застарена технологија по 2 години ::). Па значи секоја матична плоча која моментално може да се најде на пазарот, а е со вградена гигабитна картичка е застарена технологија уште сега, LOL :D.

Како би се правела студија од 10 години за масовно користење во јавноста на некоја технологија без да се користи 10годин масовно во јавноста  таа технологија???

За тоа не треба јас и ти да му ја мислиме, има организаци на светско ниво кои се одговорни за тоа. Да не зборам што луѓето вработени во тие организации се дебело платени за она што го работат.

Кои се тие технологии? Wi-Fi? Јас ни под разно не би земал Wi-Fi router со новиот протокол кој се спрема кој користи носител во опсегот на 10-тици GHz. Ти... како сакаш.

А ако правиш муабет за сателитските комуникации, пак ќе напоменам, тоа е насочена комуникација, со насочени антени, не со стап антени кои зрачат на сите страни.

А еве, дури и ако се воведе, што ако не се користи како што треба? Што ако се додаваат анекс по анекс на стандардот со се повеќе високофревентни носители? Што правиме тогаш? Тогаш треба да реагираме? Како што веќе реков, тогаш ќе биде предоцна. Штом еднаш навлезе на масовно ниво, нема враќање.

Да бидеме искрени, 5G ќе си дојде и тоа е тоа. Ако ви е страв дека можно е да има некакво влијание врз вас, лесно можете барем дел од зрачењето да го заобиколите. Поставете го телефонот да работи на 3 или 4G и решен проблем... не целосно, но барем вашиот телефон нема да работи на 5G, а за зрачењето околу вас... епа сега... тоа е... други имаат решено место нас, така да, не можете против тоа да одите. Ако сакате да живеете во урбано место, тоа си има предности, но и недостатоци.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 630
  • Gender: Male
Re: 5G - опасност по здравјето или не?
« Reply #93 on 12.05.2020, Tuesday, 19:50:09 (Edited 12.05.2020, Tuesday, 20:37:38) »
Не зазимам никакви страни само викам дека треба да се користи логично, рационално и објективно размислување пред да се одобри или одбие нешто, а не субјективно и сентиментално напаѓање на нешто за кое се нема доволно или воопшто информации.

Напаѓањето од моја страна барем, не е воопшто субјективно. Има сериозни индикации дека може да влијае врз живите организми. Наведов барем две причини: високите фреквенции на кои комуницира и огромниот bandwidth кој го завзема на тие фреквенции.

Какви индикации и од кого дека фреквенциите и моќноста која ќе зрачи 5Г се влијателни/штетни, не се манипулирани тие како и другите ????

Не е прашањето дали и кои фреквенции се штетни, секое електромагнетно зрачање може да биде штетно. Прашањето е дали 5Г е штетна технологија, дали фреквенциите и моќноста со која ќе зрачи имаат штетно влијание врз луѓето.

Незнам како би се направила 10 годишна студија за технологија која после 2 години ќе биде застарена?

Е, сега и ти го претера. Проток од 20Gbit/s, застарена технологија по 2 години ::). Па значи секоја матична плоча која моментално може да се најде на пазарот, а е со вградена гигабитна картичка е застарена технологија уште сега, LOL :D.
Има матични плочи со вградена 10 гигабитна картичка, тоа ја прави таа со гигабитна картичка застарена.
На пазарот можеш да најдеш матични плочи од пред 10 годин кои некој би ги користел, не значи тоа дека не се застарени. Можеш да купиш и да кориастиш и Nokia 3310 не значи тоа дека таа технологија не е застарена.
Во 2019 почнаа да се појавуваат матични плочи со pci 4.0, веќе се планира pci 5.0. И тука на темата е спомнато дека 5Г сеуште не е пуштена во масовна употреба а веќе се планира и тестира 6Г.

Како би се правела студија од 10 години за масовно користење во јавноста на некоја технологија без да се користи 10годин масовно во јавноста  таа технологија???

За тоа не треба јас и ти да му ја мислиме, има организаци на светско ниво кои се одговорни за тоа. Да не зборам што луѓето вработени во тие организации се дебело платени за она што го работат.
Сакав да кажам дали и колку е изводливо тестирање на некоја технологиа во реални услови/масовно користење на подолг период без таа технологија да се пушти во масовна употреба.
како инаку би знаеле како 5Г ќе влиаје на живиот свет доколку масовно се користи.
Не треба недостатокот на информации дека 5Г  е штетна да се сваќа како потврда дека 5Г е штетна. Посебно не кога праксата покажува дека користењето на слични технологии нема покажани и потврдени штетни ефекти кога тие технологии се користат како што се предвидени да се користат.

Кои се тие технологии? Wi-Fi? Јас ни под разно не би земал Wi-Fi router со новиот протокол кој се спрема кој користи носител во опсегот на 10-тици GHz. Ти... како сакаш.

А ако правиш муабет за сателитските комуникации, пак ќе напоменам, тоа е насочена комуникација, со насочени антени, не со стап антени кои зрачат на сите страни.
Ако ти не би земал wi-fi  кој емитува на високи фреквенции тоа не значи дека не постојат.
Јас колку што знам не сите сателити зрачат само кон приемната антена посебно не комерцијалните.
5Г за мобилни уреди ќе користи под 6ghz многу слично на 4Г. 5Г ќе користи и beamforming нема само да зрачи насекаде без потреба како 4Г. 
А еве, дури и ако се воведе, што ако не се користи како што треба? Што ако се додаваат анекс по анекс на стандардот со се повеќе високофревентни носители? Што правиме тогаш? Тогаш треба да реагираме? Како што веќе реков, тогаш ќе биде предоцна. Штом еднаш навлезе на масовно ниво, нема враќање.

Тоа е веќе проблем со луќето не со технологијата, неможе да се забрануваат работи затоа што можеби некој некогаш некаде би ги злоупотребувал. Не можеме да одлучуваме на можеби или што ако, што ако излезам од дома и некој кој незнае да вози ме згази. Да го забраниме сега возењето??
Има регулаторни тела кои се задолжени за регулирање и уредување на користењето на сите фреквенции не само на 5Г. Колку што знам јас досега солидно си ја работат работата.
Ако 5Г почне масовно да се користи и се покаже дека е штетна, јас мислам дека ќе се стопира или модифицира/регулира за да се отстрани штетнот влијание. Како пример, порано масовно се користел азбест како огноотпорен материјал, откако се дозна дека е потенцијално канцероген се забрани неговата употреба и се почна со отстранување на азбестот.
Доколку се покаже/потврди штетност може да се примени и решението кои некои сега се обидуваат да го користат(палење на антени) со таа разлика што тогаш ќе има масовна и оправдана поддршка.
Моралната одговорност или неодговорност и лакомоста секогаш ќе имаат влијание врз животот на луѓето.

Да бидеме искрени, 5G ќе си дојде и тоа е тоа. Ако ви е страв дека можно е да има некакво влијание врз вас, лесно можете барем дел од зрачењето да го заобиколите. Поставете го телефонот да работи на 3 или 4G и решен проблем... не целосно, но барем вашиот телефон нема да работи на 5G, а за зрачењето околу вас... епа сега... тоа е... други имаат решено место нас, така да, не можете против тоа да одите. Ако сакате да живеете во урбано место, тоа си има предности, но и недостатоци.
Точно е дека 5Г ќе дојде, но не значи дека ќе дојде и крајот на светот :)
5Г и 4Г работат на многу слични фреквенции, дали и  колкава разлика ќе има доколку телефонот  биде само на 4Г.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Какви индикации и од кого дека фреквенциите и моќноста која ќе зрачи 5Г се влијателни/штетни, не се манипулирани тие како и другите ????

Не, податоците околу фреквенциите и ширините на опсезите не се манипулација, добро се дефинирани во спецификациите за 5G. Моќноста е сосема друга работа. Ни јас ни ти не можеме да ја измериме. Треба да им верувам на операторите на „жими мајка“. Не дека они сакаат за џабе струја да трошат и да плаќаат повисоки сметки за струја, се разбира дека не. Прашањето е колку се и самите свесни за нивоата на зрачење (моќност) што ги има опремата која ја монтираат. Истото важи и за сите останати мрежи 3G, 4G, па и 2G... туку КОНЕЧНО исплива ова прашање на површината - колку има EMI загадувањето влијание врз човекот и околината во која живееме... а сметам дека е работа која треба сериозно да се разгледа со долгогодишно испитување и проучување и да се стави стоп на технолошкиот „пошто зашто“ напредок.

Не е прашањето дали и кои фреквенции се штетни, секое електромагнетно зрачање може да биде штетно. Прашањето е дали 5Г е штетна технологија, дали фреквенциите и моќноста со која ќе зрачи имаат штетно влијание врз луѓето.

Токму така. Прашање за кое треба да се одвојат сериозни ресурси и време. Ако не повеќе, барем 2/3 од ресурсите (парите) и времето кое било вложено во развивањето на технологијата (5G) ::).

Има матични плочи со вградена 10 гигабитна картичка, тоа ја прави таа со гигабитна картичка застарена.

Да, само на серверски плочи ::). Ај најди ми desktop плоча со 10Gbit/s картичка на неа, на прсти се бројат.

И зошто произодителите не се префрлиле на 10Gbit/s картици уште пред 10, 15 години ако се веќе гигабитните застарени? Нели, нема логика да ставаме нешто застарено на нови матични плочи ???... а да видиш чудо, еве, ден денешен сепак ги стават ::). И тоа не само на најевините модели, гигабитни картички има на сите модели до средна-висока класа. 10Gbit/s картици има само на сервери... а тоа не се уреди кои се наменети за масовна употреба, како што е конекцијата која треба да ја понуди 5G, која да, наменета е за масовна употреба.

На пазарот можеш да најдеш матични плочи од пред 10 годин кои некој би ги користел, не значи тоа дека не се застарени. Можеш да купиш и да кориастиш и Nokia 3310 не значи тоа дека таа технологија не е застарена.

Да, апсолутно се сложувам, застарена технологија е. Прашањето е дали бркаат работа за она за што се наменети. Ако бркаат, апсолутно не гледам никаква потреба да ги менувам.

Во 2019 почнаа да се појавуваат матични плочи со pci 4.0, веќе се планира pci 5.0. И тука на темата е спомнато дека 5Г сеуште не е пуштена во масовна употреба а веќе се планира и тестира 6Г.

И види чудо, на најголем дел од нив сеуште се монтираат „застарени“ гигабитни картички ;D.

Си помислил некогаш дека за повеќето работи, повеќе од доволна е таа брзина, особено кога станува збор за масовна (домашна) употреба? Поради што и се смеам на она во што пробуваат да не убедат телекомуникациските компании, дека апсолутно неопходна ни е брзина од 20Gbit/s на телефоните ;D ;D ;D.

Сакав да кажам дали и колку е изводливо тестирање на некоја технологиа во реални услови/масовно користење на подолг период без таа технологија да се пушти во масовна употреба.
како инаку би знаеле како 5Г ќе влиаје на живиот свет доколку масовно се користи.

И пак ќе повторам, јас на тоа не треба да му ја мислам. Има луѓе кои се многу повеќе од мене платени баш за да решаваат такви проблеми. На крајот на краиштата, зошто се идвојуваат дел од даноците на граќаните? Баш за вакви работи, за да се платат вакви луѓе, луѓе кои сигурно се многу поинтелигентни од мене и поради тоа ја работат таа работа и наоѓаат решенија за проблеми за кои јас не можам да најдам.

Јас колку што знам не сите сателити зрачат само кон приемната антена посебно не комерцијалните.

Да, во право си. И ова е дополнителен проблем на кој се има обрнато малку внимание.

5Г за мобилни уреди ќе користи под 6ghz многу слично на 4Г. 5Г ќе користи и beamforming нема само да зрачи насекаде без потреба како 4Г.

Ако детално разгледаш како се прави beamforming, ќе видиш дека е апсолутно неизводливо да се изведе кај мобилен телефон... парче бакар во телефон ќе прави beamfoaming ::)... абе иди бркај работа ;D.

Тоа е веќе проблем со луќето не со технологијата, неможе да се забрануваат работи затоа што можеби некој некогаш некаде би ги злоупотребувал. Не можеме да одлучуваме на можеби или што ако, што ако излезам од дома и некој кој незнае да вози ме згази. Да го забраниме сега возењето??
Има регулаторни тела кои се задолжени за регулирање и уредување на користењето на сите фреквенции не само на 5Г. Колку што знам јас досега солидно си ја работат работата.
Ако 5Г почне масовно да се користи и се покаже дека е штетна, јас мислам дека ќе се стопира или модифицира/регулира за да се отстрани штетнот влијание. Како пример, порано масовно се користел азбест како огноотпорен материјал, откако се дозна дека е потенцијално канцероген се забрани неговата употреба и се почна со отстранување на азбестот.
Доколку се покаже/потврди штетност може да се примени и решението кои некои сега се обидуваат да го користат(палење на антени) со таа разлика што тогаш ќе има масовна и оправдана поддршка.
Моралната одговорност или неодговорност и лакомоста секогаш ќе имаат влијание врз животот на луѓето.

Е, да си ми жив и здрав, болдираниот дел всушност Е најголемиот проблем. Како и за што точно се користи определена технологија... а историски гледано, не знам за тебе, ама мене некако климаво ми стојат работите.

Точно е дека 5Г ќе дојде, но не значи дека ќе дојде и крајот на светот :)

Крајот на светот, се разбира дека не. Крајот за нас и/или дел од живиот свет... ќе видиме.

5Г и 4Г работат на многу слични фреквенции, дали и  колкава разлика ќе има доколку телефонот  биде само на 4Г.

Од каде ти е оваа информација ???? Си ги разгледал спецификациите за 5G да видиш кои фреквентни опсези и ширини на опсези се планира да се користат?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
" Ако детално разгледаш како се прави beamforming, ќе видиш дека е апсолутно неизводливо да се изведе кај мобилен телефон... парче бакар во телефон ќе прави beamfoaming ::)... абе иди бркај работа ;D. " Антената ќе прај бимформинг, телефонот не ....
Како што одминува времето е.м. зрачење ќе биде се‘ по застапено, како ќе влијае-ќе видиме.
Баш дека може некој да те згази или да те отруе воведоа еуро 4,5,6... опфаќа безбедност за сите, сензори, ниво на издувни гасови. Овде имаме некоја граница од око т.е. препорачана максимална граница на зрачење. И да, за сега нивото е 1/10 од таа граница, ама во догледнна иднина ќе биде поинаку...

Online dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 630
  • Gender: Male
Не реков дека опсезите во кој ќе работи 5Г се манипулирани, туку дали тие сериозни индикации за влијанието на тие фреквенции се манипулирани. Бидејки очигледно се се манипулира се се лаже, не треба да му веруваме никому итн.итн.итн.
Ако е така зошто би ги разгхледувале тие индикации? Само поради тоа штони одговараат на нашето сваќање?

Моќноста игра голема улога во тоа дали некоја фреквенција ќе биде штетна или не, затоа постојат регулаторни тела кои ја дефинираат максимум дозволената моќност и се тие кои ќе вршат контрола.
Дали тоа ќе се злоупотребува е сосема друго нешто. Неможе да се забрани нешто бидејки некој некаде може да го злоупотребува.

Секако дека треба сериозни истражувања за влијанието на електромоагнетните зрачења врз живиот свет, во интервјуто Леонид Грчев кажува за 25000 истражувања направени, сите се согласуваат дека треба да се продолжи со истражувањата.
 
Комерцијална матична со интегрирана десетгигабитна картица.
Code: [Select]
https://www.anandtech.com/show/10501/consumer-10gbase-t-options-motherboards-with-10g-builtin
Дали некоја технологија е доволна за нечии потреби и сеуште се произведува е ирелевантно, иако телефоните од пред 5 6 години се доволни,секоја година излегуваат нови телефони и се купуваат масовно. Секогаш ќе има нешто што ќе биде малку побрзо, подобро, поинтересно што ќе го направи тоа од минатата недела застарено. Тоа е реалноста во која живееме без разлика дали ќе ја прифатиме или не.

beamforming  со повеќе предавателни антени не со парче бакар.
Колку што знам јас мобилните телефони ќе користат фреквенции до 6Ghz барем засега, бидејки 28+Ghz се непрактични за мобилни телефони.
4Г некаде користи (ретко) и фреквенции до 5,3ghz затоа реков дека ќе користи слични фреквенции со 5Г. Моја грешка мислев дека  фреквенциите околу 5ghz  се користат повеќе во 4Г.

Quote
5G needs spectrum across low, mid and high spectrum ranges to deliver widespread coverage and support all use cases. All three have important roles to play: - Low-bands (e.g. sub-1 GHz) support widespread coverage across urban, suburban and rural areas and help support Internet of Things (IoT) services.
- Mid-bands typically offer a good mixture of coverage and capacity benefits. The majority of commercial 5G networks are relying on spectrum within the 3.3-3.8 GHz range. Other bands which may be assigned to, or refarmed by, operators for 5G include 1800 MHz, 2.3 GHz and 2.6 GHz. In the long term, more spectrum is needed to maintain 5G quality of service and growing demand, in bands between 3 and 24 GHz
.- High-bands are needed to meet the ultra-high broadband speeds envisioned for 5G. Currently, 26 GHz, 28 GHz and 40 GHz have the most international support and momentum.
линк
Code: [Select]
https://www.gsma.com/spectrum/wp-content/uploads/2020/03/5G-Spectrum-Positions.pdf

Секоја технологија може и се злоупотребува некаде но тоа не ја дефинира таа технологија како штетна при нејзиното нормално/човечко користење.
 Функционирањето и влијанието на некоја технологија и моралната и легалната одговорност треба да се одделат и посебно да се дискутираат.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
" Ако детално разгледаш како се прави beamforming, ќе видиш дека е апсолутно неизводливо да се изведе кај мобилен телефон... парче бакар во телефон ќе прави beamfoaming ::)... абе иди бркај работа ;D. " Антената ќе прај бимформинг, телефонот не ....

А, за антентите било, не за телефоните, got it ;).

Не реков дека опсезите во кој ќе работи 5Г се манипулирани, туку дали тие сериозни индикации за влијанието на тие фреквенции се манипулирани. Бидејки очигледно се се манипулира се се лаже, не треба да му веруваме никому итн.итн.итн.
Ако е така зошто би ги разгхледувале тие индикации? Само поради тоа штони одговараат на нашето сваќање?

Апсолутно дека се може да се изманипулира, но нели мислиш дека е подобро навистина детално, непристристрасно да се испита пред да се пушти во употреба? Мене ова повеќе ми прави логика отколку да го пуштиме во работа и да се надеваме на најдоброто сценарио... бидејќи практично, работава моментално на тоа се сведува.

Моќноста игра голема улога во тоа дали некоја фреквенција ќе биде штетна или не, затоа постојат регулаторни тела кои ја дефинираат максимум дозволената моќност и се тие кои ќе вршат контрола.
Дали тоа ќе се злоупотребува е сосема друго нешто. Неможе да се забрани нешто бидејки некој некаде може да го злоупотребува.

А кога последен пат си видел нешто да не биде злоупотребено?

Значи да, проблемот се сведува на човечкиот фактор, јасно е тоа. Но ајде оди елминирај го кога технологијата што се развива ја прават луѓе.

Секако дека треба сериозни истражувања за влијанието на електромоагнетните зрачења врз живиот свет, во интервјуто Леонид Грчев кажува за 25000 истражувања направени, сите се согласуваат дека треба да се продолжи со истражувањата.

Тоа се истражувања од индивидуи, компании, тела како СЗО, ITU-T, IEEE. Треба да има вакво тело кое ќе работи на светско ниво. Добро е да има и индивидуални истражувања, ама тоа тело треба да биде одговорно и за потврдувања на овие индивидуални истражувања, со што нивниот кредибилитет ќе биде потврден. Вака, веруваме на жими мајка.

Комерцијална матична со интегрирана десетгигабитна картица.
Code: [Select]
https://www.anandtech.com/show/10501/consumer-10gbase-t-options-motherboards-with-10g-builtin

Е е е... ги најде едни од најскапите плочи на пазарот. Пак ќе повторам, кај се десет гигабитните картички во плочите до средна-висока класа? Овие што си ги дал како пример се high-end... што се разбира не е дефиницијата за производ наменет за масовна потрошувачка.

Дали некоја технологија е доволна за нечии потреби и сеуште се произведува е ирелевантно, иако телефоните од пред 5 6 години се доволни,секоја година излегуваат нови телефони и се купуваат масовно. Секогаш ќе има нешто што ќе биде малку побрзо, подобро, поинтересно што ќе го направи тоа од минатата недела застарено. Тоа е реалноста во која живееме без разлика дали ќе ја прифатиме или не.

За тоа нема збор, апсолутно дека е така. Вистинското прашање е дали ни е навистина потребен тој нов уред. Во над 90% од случаите, апсолутно не. Се купува „пошто зашто“... што всушност е последица на каптитализмот - да се купува колку да се вртат пари.

Затоа и претходно пишав дека не треба да се воведуваат технологии „пошто зашто“. Ако нема вистинска потреба за тие технологии, апсолутно, барем јас, не гледам причина да се воведуваат. Во конкретниов случај, сметам дека апсолутно моментално нема никаква потреба од 5G.

4Г некаде користи (ретко) и фреквенции до 5,3ghz затоа реков дека ќе користи слични фреквенции со 5Г. Моја грешка мислев дека  фреквенциите околу 5ghz  се користат повеќе во 4Г.

Загриженоста ја изразувам за фреквентните опсези во десеттици гигахерци, не и за оние до кај 9, 10GHz, како и за ширината на опсезите. Ако 5G беше наменет да се користи исклучиво со фреквенции до 9, 10GHz и ако воопшто немаше план да се користат цели опсеси од неколку гигахерци, јас барем лично, немаше да сметам дека можно е да има контраиндикации. За жал, тие брзини на размена на податоци, не можат да се постигнат без да се користи bandwidth во ширина од неколку GHz.

Секоја технологија може и се злоупотребува некаде но тоа не ја дефинира таа технологија како штетна при нејзиното нормално/човечко користење.

Историски гледано, секоја се има злоупотребувано.

Функционирањето и влијанието на некоја технологија и моралната и легалната одговорност треба да се одделат и посебно да се дискутираат.

Претходно веќе пишав...

Некој Американски претседател (не ми текнува сега кој) има кажано една мноооогу добра и вистинита изрека: Ако некој проблем не сакаш никогаш да се реши, оформи комисија.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 630
  • Gender: Male
Темата забега многу од тоа дали 5Г е штетна технологија или не.
Многу малку од коментарите се објективни и со информации, се мешаат премногу работи кои не треба да бидат релевантни и да се зимаат во обзир кога се разговара за технологија.
Дали ќе биде злоупотребена 5Г или не, дали некој лаком менаѓер ќе се обиде ги заобиколи или игнорира регулативите се прашања кои се сосема неповрзани со тоа дали 5Г ќе биде штетна или не.
Сите знаеме дека секоја технологија е потенцијално опасна и може да се злоупотрби, но тоа не значи дека треба да се забранат. Треба поголема контрола и регулација.
Според сите коментари кои ги прочитав, општото мислење тука е дека. Се се злоупотребува, се е штетно никому не треба да му се верува, сите лажат и манипулираат и сите сакат да не искористат. Тогаш проблемот не е 5Г или било која друга технологија, проблемот се луѓето и нивните вредности.
Да го забраниме човештвото така ќе се решат сите проблеми...
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
Чернобил и фокушима реакторите беа напрајни за добробит, од инженери, управувани од инженери и се 2 случаи од стотици реактори...
Ние делуваме како вирус, видиш, само 3 месеци имавме делумни рестрикции, колку многу се опорави природата, озонот се врати во состојба од пред десетици години итн...

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 706
  • Gender: Male
Јас лично не се грижам многу за воведувањето на 5Г. Единствено нешто што ме загрижува е тоа дека операторите после воведувањето ќе ги покачат цените на тарифните пакети, па сакал или не ќе мора да ги плаќаш ( иако да речеме немаш 5Г на телефонот, бидејќи не сум сигурен дека ќе успеат да ја покријат цела држава со предаватели ).  :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
Види, не велам дека ќе испоцркаме сите од 5г или дека не знам ти што. Едноставно мноогу малку заење имаме како општество, не знаеме што правиме. Зашто да не би измутирал некој вирус/бактерија? за вирус додуша е по компликовано, ама бактерија може да измутира.И тука нема никаква маѓија, освен што никој не знае оти воопшто постои мутација...  Ете погледни ја фармацијата, постојано повлекуваат лекови, као биле штетни, а до пред 2 дена ги препишувале. И не дека сакал некој да те зезне, толку е лимитот. Крај краева толку можиме so 200iq...

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 563
  • Gender: Male
Најдобро би било да го прерипнат 5G и директно да одат на 6G, не се трпи народ од рекла-казала.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
6 G Gejts - 3 шестки, СТОП!!!
Олабај се малце де, анџак да напрајме млака еуфорија.