Author Topic: Вештачко оптеретување 8/4 оми  (Read 74 times)

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 206
Вештачко оптеретување 8/4 оми
« Opened on 26.03.2020, Thursday, 02:02:38 »
Ми треба вештачко оптеретување за аудио појачала со снага од 1500вати на 8 ома т.е. 3000 вати на 4 оми тоа се големи жичани отпорници што не ја менуваат отпорноста во зависност од температурата т.е. има помала промена.
Да не има некој идеа ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Вештачко оптеретување 8/4 оми
« Reply #1 on 26.03.2020, Thursday, 11:00:56 (Edited 26.03.2020, Thursday, 11:18:09) »
За толкави моќности нај исплатливо е да го направиш од жица за греачи, кантал (цекас) или нихром, и тоа подебела на пр. 1mm или повеќе намотана на некое керамичко тело. Ако не ти се даваат пари за тоа, може да искористиш готови греачи, на пр. оние тенките стаклени за тн. „кварцни“ греалки, ќе ги отвориш. ќе ја извадиш жицата која е намотана во спирала, измери и исечи парчиња со потребната отпорност, на пример 32 или 16 ома и после со паралелно/сериско врзување направи ја потребната отпорност.
Рачунај дека ќе имаш одредена промена на отпорноста како ќе се загрева, кантал жицата (за нихром не сум сигурен) има позитивен температурен коефициент.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3706
  • Gender: Male
Re: Вештачко оптеретување 8/4 оми
« Reply #2 on 26.03.2020, Thursday, 19:14:55 »
Ид печка, или кантал, тој мислам имаше мала промена, ама провери. На ибеј, фасттек.цом али експрес имаш жици. Ако прајш сам греач, греачот потопи го во машинско уље, или уље за мемувач, тие се без додатоци. Уљето може да циркулира низ ладилник со вентилатор (како од фрижидер), за по екстремни снаги.