Author Topic: "Станица" за полнење/празнење на литиумски 18650 батерии  (Read 205 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 117
Сакам да најдам кај нас ефтини кинески литиумски батерии но ретко кој се со вистинската капацитивност па затоа се решив да ја составам "станицава".
Естетиката ми е на крајно ниво за проекти за домашна употреба.
Горната, помала плочка е полначот на литиумски батерии со заштита од преполнување на батериите, заштита за погрешен поларитет нема.
Плочката полни максимално до 1А батерии како што се од телефон, фото апарати, ќелиите од батеријата од лаптоп итн. Плочката има лед индикации за кога се полни батеријата, кога е полна батеријата и престанува да полни, кога батеријата не е поврзана/не сака да се полни. ( TP4056 5V 1A Lithium Battery Circuit Board Protection Board Charge Module ).
Долната, поголемата плочка е за празнење на батериите и мерење на нивната капацитивност. Како потрошувач за празнење на батериите се користат керамички отпорници. Со плочката идат 2 керамички отпорници со вредност од 7.5 оми 5вати, со користење на 1 отпорник од 7.5оми батеријата се празни со 0.5А, а ако се постават двата 7.5 омски отпорника во паралела батеријата ќе се празни со околу 1А, празнење со поголема струја не е препорачливо.
Плочката има функции за мерење на напонот на батеријата, струјата со која што се празни и капацитивноста во ампер часови, функција за поставување до колку волти да се испразни батеријата. ( 18650 Li-ion Lithium Lead-acid Battery Capacity Meter Discharge Tester Analyzer ).
Двете плочки се поврзини во паралела на влезот каде што се носи напојување. За напојување користам микро усб 5V 2А полнач од телефон. Во иднина би поставил прекинувачи помеѓу плочките за ако користам само една другата да не свети за џабе и прекинувач помеѓу отпорниците за побрзо да можам да го менувам празнењето дали со 0.5А или со 1А да се празнат батериите.




Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12269
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хмммм... интересно проектче ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1447
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: "Станица" за полнење/празнење на литиумски 18650 батерии
« Reply #2 on 21.03.2020, Saturday, 20:04:44 (Edited 22.03.2020, Sunday, 09:25:51) »
Во врска со проектот

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3706
  • Gender: Male
@mkdSime
Liitokala e 20 долари, lii-500 моделот, него кај најде ватњрии во мк?

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 117
Прв пат дознавам за полначов. Пред некоја година имав нарачувано од ebay iMax b6 полнач/празнач за повеќе видови на батерии ама не стигна па му ја качија цената и не купив повторно копија затоа што оригиналот беше околу 10$ повеќе но па за него не најдов достава до кај нас.
Па решив сам да си направам и купив 5парчиња од малите плочки за полнење околу 2-3$. Овие плочки од проектот имале заштита за ако плочката се стави во некаков проект каде што ќе се напојува од батерија, да ја штити батеријата да не се испразни под 2.5V и да не влече струја повеќе од 3А. А има и плочки без ваква заштита 10парчиња за околу 3$ којшто се само за полнење.
него кај најде ватњрии во мк?
Мислиш на плочката за празнење што е со дисплејот ? Таа е од ebay околу 3-4$ ја купив, немам сретнато кај нас.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 516
  • Gender: Male
Точакот мислеше на тоа - „каде најде батерии во МК“? ;)


Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 117
Re: "Станица" за полнење/празнење на литиумски 18650 батерии
« Reply #6 on 26.03.2020, Thursday, 21:23:09 (Edited 26.03.2020, Thursday, 21:57:05) »
Од стара батерија за лаптоп ми дадоа ги извадив. Само 2 исправни батерии ги измерив околу 1Ah, LG батерии а треба да се 2200mAh.
Едно време имаше во ГАЦ (немам купувано), сега незнам.
Code: [Select]
https://www.facebook.com/Gacelektronik/photos/a.10150103173937711/10156345405567711/?type=3&theater

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12269
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мееех, 1Ah е повеќе од довлно за многу уреди ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3706
  • Gender: Male
Тоа е знак дека е деграрирана батеријата. Пробано на сијалица, (10 w e) на најјако ко ќе ја пуштам трепка. Инаку  сите играчки ги препрајв со батерија од стар телефон (литиумска) и таа заштитата, 3 кратно ми се испати за сега, ем деците задоволни :)