Author Topic: Модификација на кинески универзален тестер  (Read 240 times)

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Модификација на кинески универзален тестер
« Opened on 25.01.2020, Saturday, 18:27:55 (Edited 26.01.2020, Sunday, 00:26:21) »
Претпоставувам дека веќе сите имате дома барем по еден од овие универзални тестери наменети за испитување разни електронски компоненти, ефтини се и одлично се покажаа за она за што се наменети. Едиствена мана им е што при почеста употреба релативно брзо ја трошат батеријата, па треба да се отштрафува цела кутија за да се смени, знаејќи притоа дека ни новата нема да потрае многу. Затоа решив мојот тестер да го преправам да работи на една 18650 литиумска  батерија, на ибеј го најдов ова ефтино модулче комбинација од полнач/конвертор со променлив излезен напон и USB приклучок и нарачав неколку, вчера стигнаа, па денес веднаш се фатив за работа :).
Модулчето е нарачано од овде:

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/202523477979


Одредување на најдобрата положба за модулчето, од десно е батеријата, извадена од стар лаптоп. Претходно го подесив излезниот напон на модулчето на 9V и проверив дали се функционира како што треба:



Исечен е отворот за USB приклучокот:



Модулчето е залепено со епоксид и нема шанси да мрдне негде:





Поглед од страна на приклучокот:



Бидејќи немав во моментот дома heat-shrink црево со потребниот дијаметар, целата батерија ја замотав со изолир за да не допре случајно негде и ставив две тенки парчиња сунѓер за да ја држат притисната да не мрда внатре:





Еве го финалниот резултат, во стендбај модулчето влече 0.3mA од батеријата, додека при употреба околу 40mA, така што мислам дека една 18650 батерија би траела прилично долго пред да треба да се дополни:

People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 687
  • Gender: Male
Претпоставувам дека веќе сите имате дома барем по еден од овие универзални тестери наменети за испитување разни електронски компоненти, ефтини се и одлично се покажаа за она за што се наменети.

Изгледа дека јас немам таков тестер.  ;D Ќе може линк да видам за што станува збор?  :D

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Модификација на кинески универзален тестер
« Reply #2 on 25.01.2020, Saturday, 19:29:25 (Edited 26.01.2020, Sunday, 00:30:59) »
Еве ова, го ставив првиот линк што ми излезе, најверојатно може да се најде и поефтино:
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/273206601967
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12269
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И колега на работа го има вака преправено неговиот тестер ;). Закон се тестерчињава, се наоѓаат многу често за многу различни работи ;).

А да не му прави проблем модулчето на тестерот ако е врзан за USB да се полни батеријата? Забележав дека има две LED диоди на плочката, ама не видов за што се. Едната ваљда сигнализира кога се полни батеријата, а другата... кога е полна светнува ???.

Мислам дека темава може да оди во „Туториали“ бидејќи на некој начин и е ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не приметив дека има некаков проблем кога е врзан полнач на USB-то, бидејќи ги пробав сите комбинации пред да го спакувам во кутија. Повеќе ми беше шубе од тоа што модулчето на излез нема никаков кондензатор за филтрација, да не прави некакви сметњи на тестерот, ама се си е ок.

LED диодите се едната црвена, другата зелена, црвената свети кога ќе се поврзе полнач, зелената најверојатно е индикатор кога е полна батеријата, иначе свети и кога нема приклучено батерија.

Ако мислиш дека е за во „Туториали“ слободно префрли ја темата... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Online krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 516
  • Gender: Male
Re: Модификација на кинески универзален тестер
« Reply #5 on 26.01.2020, Sunday, 01:36:15 (Edited 26.01.2020, Sunday, 03:22:27) »
Еве јас како го решив проблемот со батерија, моево работи или на USB или со 14500 литиумска батерија (АА), но бидејќи не можев да ја најдам и додадов од страна поголема батерија. :)
Кога ќе се подиспразни ја полнам нормално преку USB портот. :)







Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12269
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не приметив дека има некаков проблем кога е врзан полнач на USB-то, бидејќи ги пробав сите комбинации пред да го спакувам во кутија. Повеќе ми беше шубе од тоа што модулчето на излез нема никаков кондензатор за филтрација, да не прави некакви сметњи на тестерот, ама се си е ок.

Си можел некој електролитски и пластичен кондензатор да ставиш... чисто онака ;).

Изгледа играат на карта дека скоро секој ваков уред кој работи на батерии, на влез има барем пластичен кондензатор за стабилизација на напонот при евентуални мали скорови или падови ;)... не е често, но ако повлече уредот на краток интервал малку повеќе струја, може ова да се случи. Изгледа кондензаторите на влез во напојувачката секција на тестерот се доволни и стабилизираат ;).

LED диодите се едната црвена, другата зелена, црвената свети кога ќе се поврзе полнач, зелената најверојатно е индикатор кога е полна батеријата, иначе свети и кога нема приклучено батерија.

Како мислиш „свети кога нема приклучено батерија“ ???... па од каде струја за да свети ;D?

Ако мислиш дека е за во „Туториали“ слободно префрли ја темата... ;)

Префрлено ;).

Еве јас како го решив проблемот со батерија, моево работи или на USB или со 14500 литиумска батерија (АА), но бидејќи не можев да ја најдам и додадов од страна поголема батерија. :)

Паметно што си купил таков ;). Ова се изгледа некои понови верзии. Јас имам иста како на LordZi, постара верзија која работи на 9V-на батерија, така да, преправкава на LordZi не е на одмет ;).

И јас си нарачав од овие конверторчињава ;). Само штета што не се со multiturn потенциометар :-\. Ич не ги сакам овие микроскопскиве потенциометарчиња, многу лесно се расипуваат :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 516
  • Gender: Male
Нарочно избрав да не биде со 9v батерија, мислев дека ќе најдам 14500 батерија но не најдов, затоа и направив ваква преправка. :)


Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Си можел некој електролитски и пластичен кондензатор да ставиш... чисто онака ;).

Знаеш како викаат, ако не  е расипано, не го поправај... :) Го пробав, работи и вака и го оставив... ;)

Како мислиш „свети кога нема приклучено батерија“ ???... па од каде струја за да свети ;D?

Мислев кога е приклучен полнач, а нема поврзано батерија, тогаш светат и двете... ;)

Нарочно избрав да не биде со 9v батерија, мислев дека ќе најдам 14500 батерија но не најдов, затоа и направив ваква преправка. :)

Ај пиши линк од овој твојот тестер, не сум ја загледал оваа верзија.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12269
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знаеш како викаат, ако не  е расипано, не го поправај... :) Го пробав, работи и вака и го оставив... ;)

Добро да, така е ;).

Мислев кога е приклучен полнач, а нема поврзано батерија, тогаш светат и двете... ;)

А, изгледа тоа му е сигнализација дека нема батерија ;).

А работи ако е на USB, а нема батерија или не? Мислам, го конветира напонот во 9V, колку што му треба за да работи тестерот?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 516
  • Gender: Male
Re: Модификација на кинески универзален тестер
« Reply #10 on 26.01.2020, Sunday, 14:11:09 (Edited 26.01.2020, Sunday, 14:54:19) »
@LordZi

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm//392343676168
Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/202597793674




Јас го земав пред 3-4 години ~$15, само ова успеав да го најдам, на алиекспрес не сум барал но можно е и таму да се појават.

И да, овие се малку понова верзија од мојот тестер.

едит:
Само што проверив, ги има и на али.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/32746404578.html




И да, овие се малку понова верзија од мојот тестер.


Online LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2964
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Модификација на кинески универзален тестер
« Reply #11 on 26.01.2020, Sunday, 14:29:23 (Edited 26.01.2020, Sunday, 14:39:51) »
А работи ако е на USB, а нема батерија или не? Мислам, го конветира напонот во 9V, колку што му треба за да работи тестерот?

Да, ако има приклучено полнач на USB портот, а нема приклучено батерија, на излез од конверторот има напон колку ќе подесиш и при тоа светат двете LED. Истовремено и на контактите за батеријата има околу 4.1V колку што треба за полнење на батеријата.

@krema
Овие изгледа се генерација пред овој мојот тестер, кој се води како LCR-T4, а сега гледам има некои LCR-TC1/LCR-T7 верзии со OLED екран и вградена батерија:

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/184095804170
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Online krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 516
  • Gender: Male
Овие новите со OLED се многу полични и подобри за парите, предност е што имаат веќе вградено литиумска батерија.


Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1447
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Модификација на кинески универзален тестер
« Reply #13 on 26.01.2020, Sunday, 16:01:29 (Edited 26.01.2020, Sunday, 23:29:15) »
Како се употребува модулот! 
Lithium Li-ion 18650 3.7V 4.2V Battery Charger Board DC-DC Step Up Boost Module TP4056 DIY Kit Parts

Code: [Select]
https://ae01.alicdn.com/kf/HTB1QXyGVQzoK1RjSZFlq6yi4VXaL/TZT-NEW-Lithium-Li-ion-18650-3-7V-4-2V-Battery-Charger-Board-DC-DC-Step.jpg


Code: [Select]
https://ae01.alicdn.com/kf/H710066b6781f4047bcd06ced0c9b609cc.jpg

Видео:

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/3qJZ/bdNCF9fsh
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/32951247451.html
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!