Претпоставувам дека веќе сите имате дома барем по еден од овие универзални тестери наменети за испитување разни електронски компоненти, ефтини се и одлично се покажаа за она за што се наменети. Едиствена мана им е што при почеста употреба релативно брзо ја трошат батеријата, па треба да се отштрафува цела кутија за да се смени, знаејќи притоа дека ни новата нема да потрае многу. Затоа решив мојот тестер да го преправам да работи на една 18650 литиумска батерија, на ибеј го најдов ова ефтино модулче комбинација од полнач/конвертор со променлив излезен напон и USB приклучок и нарачав неколку, вчера стигнаа, па денес веднаш се фатив за работа
.
Модулчето е нарачано од овде:
https://www.ebay.com/itm/202523477979
Одредување на најдобрата положба за модулчето, од десно е батеријата, извадена од стар лаптоп. Претходно го подесив излезниот напон на модулчето на 9V и проверив дали се функционира како што треба:
Исечен е отворот за USB приклучокот:
Модулчето е залепено со епоксид и нема шанси да мрдне негде:
Поглед од страна на приклучокот:
Бидејќи немав во моментот дома heat-shrink црево со потребниот дијаметар, целата батерија ја замотав со изолир за да не допре случајно негде и ставив две тенки парчиња сунѓер за да ја држат притисната да не мрда внатре:
Еве го финалниот резултат, во стендбај модулчето влече 0.3mA од батеријата, додека при употреба околу 40mA, така што мислам дека една 18650 батерија би траела прилично долго пред да треба да се дополни: