Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 34002 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Марко, шо е најжално, со колеги на електро го имам праено тој муабет... Ме убедуваја дека меморијата се делела на RAM и ROM...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
И не грешат KiloVolt. Различен е начинот на кој функционираат RAM-от и ROM, PROM, EEPROM (сите овие со ROM :P :D). Едните се volatile мемории (губат меморија со гасење на напојување) другите се nonvolatile (држат меморија и по губење на напојување).

@MarkoMK: Да, тоа е жива глупост... за жал, шират дезинформации. Ама пак кој се разбира, знае што скаат да кажат ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Гига, правев муабет за мемориите во телефониве, во никој случај немаш ROM во телефониве...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
За ROM и RAM во мобилните телефони ...

Code: [Select]
https://www.gearbest.com/blog/how-to/more-understanding-about-phones-memory-ram-and-rom-2766

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига, правев муабет за мемориите во телефониве, во никој случај немаш ROM во телефониве...

А што е bootloader-от ;)? Практично, тоа е BIOS-от ;).

Мора да има мал ROM, секој компјутер има. Мора поради chain loading, мора да знае како да го подигне оперативниот систем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
И не грешат KiloVolt. Различен е начинот на кој функционираат RAM-от и ROM, PROM, EEPROM (сите овие со ROM :P :D). Едните се volatile мемории (губат меморија со гасење на напојување) другите се nonvolatile (држат меморија и по губење на напојување).

@MarkoMK: Да, тоа е жива глупост... за жал, шират дезинформации. Ама пак кој се разбира, знае што скаат да кажат ;).

По терминологија, нели ссд/хдд се рандом акцес, оти можеш ид а пишуваш и да беришиш ? иако никој не би помислил на ними кога станува збор за рам ?

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Во секој уред во кој има firmware имаш ром.
Во сите телефони имаш RAM и ROM првата е работна меморија втората е меморија за чување на информации.
Не се маркетиншки трикови кога се пишува дека некој телефон има XX RAM  и XX ROM, некои внатрешната меморија ја бележат со ROM некои само како внатрешна меморија.
 Smsung во спецификациите за Note 10 има RAM и ROM:
Code: [Select]
https://www.sammobile.com/samsung/galaxy-note-10-plus/specs/#SM-N975F
Иако кратенката не е точна (содржината може да биде променета) тој тип на меморија сеуште се нарекува ROM.

Random Access  Memory  се нарекува бидејки можеш да пристапиш до различни локаци во меморијата директно, а не дека можеш да бришеш и пишуваш, кај HDD мораш да одиш по ред.
Ако сакаш да пристапиш до содржината на мемориската локавија 100 RAM и  SSD (SSD не ја губат содржината кога се исклучени) одат директно на таа локација додека HDD  треба да почнњш од 0, 1, 2 па да дојдеш до локација 100.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во сите телефони имаш RAM и ROM првата е работна меморија втората е меморија за чување на информации.
Не се маркетиншки трикови кога се пишува дека некој телефон има XX RAM  и XX ROM, некои внатрешната меморија ја бележат со ROM некои само како внатрешна меморија.

Ако е таква работата, и recovery console го рачунаат како дел од ROM, а всушност не е, ама ајде ::), нека биде.

Чисто технички гледано, само bootloader-от е еден вид на „баш ROM“ (и тоа не е баш ROM, ама најблиску до тоа е).

OTP чиповите во некои телефони се најблиску до она што навистина би се дефинирало како ROM.

Иако кратенката не е точна (содржината може да биде променета) тој тип на меморија сеуште се нарекува ROM.

Така сакаат да го нарекуваат... не е. Само посебна партиција на SSD-то/Flash-от од телефонот е, ништо повеќе од тоа.

Random Access  Memory  се нарекува бидејки можеш да пристапиш до различни локаци во меморијата директно, а не дека можеш да бришеш и пишуваш, кај HDD мораш да одиш по ред.

Не е сосема точно. Порано, да, сега веќе... не. Зошто инаку би постоело дефрагментација на диск ако податоците секогаш се запишуваат консеквентно. И порано не беше сосема точна оваа дефиниција, зависеше од оперативниот систем и CHS нотацијата, но да, определени оперативни системи запишуваа консеквентно на дискот.

Кратенката за RAM веќе нема никакво значење освен да означиме за каков вид на меморија станува збор. Практично, тоа е работна меморија, меморија која оперативниот систем ја користи за работа, толку, ништо повеќе од тоа.

Сите термини веќе го имаат изгубено значењето, освен за да разграничиме брзо и едноставно за што правиме муабет, толку.

RAM --> Меморија која оперативниот систем ја користи за „привремена“ (моментална) работа. Операбилна меморија е бидејќи е најбрза од сите. Содржината се губи кога ќе престане да се напојува меморијата.

ROM --> Меморија на која ретко и се менува содржината и најчесто само се исчитува од неа. Практично, тука спаѓаат BIOS-и, bootloader-и и мини-оперативни системи (како што се во рутерите, телевизорите, системите и се останато што му треба повеќе од 1 до 2 секунди за да се подигне).

HDD --> Меморија која се користи за „перманентно“ чување на податоци. Содржината не се гупи по исклучување на напојувањето. Често се чита и запишува во неа, но е релативно спора (SSD е исклучок). Во секој случај, многу поспора е во читање и запишување во однос на RAM-от и затоа не се користи како операбилна меморија за оперативниот систем... и затоа мора секој компјутер (смарт уред, што и да е, ако има CPU, компјутер е) да има RAM. Не е задолжително да има HDD/SSD, но мора да има RAM.

Практично, сите овие претходно наведени, во денешно време, ако сакаш, можеш да ги изведеш во RAM... како се викаат, ирелевантно е веќе, различно ги нарекуваме само за да разграничиме која меморија оперативниот систем ја користи како RAM, која како ROM (BIOS, bootloader), која како HDD. RAM disk е типичен пример за тоа. Секоја модерна Linux дистрибуција се load-а на овој начин, прво преку RAM disk, па потоа се останато.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Отидовме далеку од тоа како се пишува, можеби коментарите за штое е EEPROM  и слично да се преместат во друга тема.

Од многу луѓе е прифатена кратенката ROM  како кратенка за технологија за складирање и чување на податоци и ја користат за многу различни технолгии, 24XX/32ХХ EEPROM чиповите,  nand flash, UFS и eMMC сите се именуваат како ROM. Иако тоа не е технички точно кога таа терминологија се користи од страна на водечките компании во производство на тие технологии останатите само следат.

Единствено Mask ROM (MROM) е буквално reed only memory, се програмира за време на производството во фабриката, потоа само се чита од него.

Не мислев на тоа дека на HDD се запишуваат податоците консеквентно на секоја локација една по друга.
На HDD главата мора да ги помине сите предходни сектори пред да дојде до одреден сектор и да го прочита или запише таму, како се бираат секторите зависи од повеќе работи.  RAM (кратенката од старт нема врска со функцијата) можеш директно да пристапиш до одредена локација. Тоа е глобално и просто кажано, за разликите помеѓу RAM и HDD има цели книги напишано.
Има тип на RAM кој не ја губи содржината откако ќе престане да се напојува NVRAM.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Отидовме далеку од тоа како се пишува, можеби коментарите за штое е EEPROM  и слично да се преместат во друга тема.

Ај нека стојат тука... треба да сечам од местото на кое Toma праша, бидејќи дискусијата се разви од таму па навака, а сепак почна со прашање во врска со пишување.

Освен ако немаш некоја подобра идеја... јас немам во моментов.

Од многу луѓе е прифатена кратенката ROM  како кратенка за технологија за складирање и чување на податоци и ја користат за многу различни технолгии, 24XX/32ХХ EEPROM чиповите,  nand flash, UFS и eMMC сите се именуваат како ROM. Иако тоа не е технички точно кога таа терминологија се користи од страна на водечките компании во производство на тие технологии останатите само следат.

Многу логично и нормално ;).

Единствено Mask ROM (MROM) е буквално reed only memory, се програмира за време на производството во фабриката, потоа само се чита од него.

Ако станува збор за истата работа, јас ги знам како OTP (One Time Programmable) ROM-ови (чипови).

Не мислев на тоа дека на HDD се запишуваат податоците консеквентно на секоја локација една по друга.
На HDD главата мора да ги помине сите предходни сектори пред да дојде до одреден сектор и да го прочита или запише таму, како се бираат секторите зависи од повеќе работи.  RAM (кратенката од старт нема врска со функцијата) можеш директно да пристапиш до одредена локација. Тоа е глобално и просто кажано, за разликите помеѓу RAM и HDD има цели книги напишано.

Ако мислиш на тоа дека главата лебди над сите останати сектори, па „сакала нејќела“ ги „поминува“, да, тоа е точно.

Но, ако мислиш дека мора да ги „прочешла“ сите останати сектори додека дојде до оној од кој е зададена команда да исчита, не, ова е неточно.

Не постои CHS конотацијата за џабе (Cylinder, Head, Sector), за да знае дискот (главите) од кој сектор, кој цилиндер и која глава треба да чита. Целата „процедура“ за исчитување на определен податок од диск оди некако вака (од прилика).

1) Некој програм му вика на оперативниот систем „мене треба овој фајл да ми го исчиташ во RAM“. Оперативниот систем му враќа „ОК, ај да видам дали може да ти угодам“.

2) Оперативниот систем ја гледа FAT табелата на дискот и гледа дали го има фајлот кој програмот го бара запишано на диск. Ако го има, на драјверот за исчитување на податоци од диск му вика „слушај ваму, мене ми треба овој фајл, ај жити све, види дали може да го исчиташ“. Драјверот враќа „ај ќе пробам“.

3) Е сега, натаму комуникацијата е прилично low level и веќе (скоро) никаква улога нема оперативниот систем, скоро се е оставено на чиповите и нивните хардверски протоколи за комуникација, но од прилика, некако вака оди.

3-а) Southbridge-от/PCH-то е одговорно за оваа работа. Преводот на „мене ми треба овој фајл“ во „исчитај го овој, овој и овој податок од дискот“ го прави тој.

3-b) Е сега, дискот треба да знае што да прави со оваа команда. Он знае дека треба да исчита определена мемориска локација, но чипсетот не може да знае која, тоа е работа на дискот, нема што он да му се меша во неговата работа ;).

Е сега, мало појаснување. CHS нотацијата е измислена бидејќи порано (уште на времето, кога прв пат се измислува IBM PC стандардот, во 80-тите од претходниот век) микроконтролерите за дисковите биле прилично „глупи“ (денешна гледна точка), па не можеле баш се да обработат и одговорен за задавање на CHS командата практично бил чипсетот, а на електрониката на дискот практично му останувала само задачата да ја преведе CHS нотацијата во контролни сигнали за главата/главите. На овој принцип комуницира IDE стандардот. SCSI стандардот не комуницира на овој начин, но затоа бил многу поскап како стандард (мислам на чиповите со кои треба да работи SCSI) и затоа никогаш не стана mainstream во PC-ињата. Се користеше за многу други работи, но во класично Home PC, не. Во сервери, да.

Да се вратам назад. Затоа е направен SATA стандардот (една од причините), за да не мора CHS нотацијата да ја обработува чипсетот, туку дискот, т.е. да се препушти баш целата работа на дискот. Ова вака требало да биде уште во старт, но, тогаш дисковите ќе чинеа колку цел компјутер, само поради микроконтролерот кој ќе мора се ова да го обработи... и затоа е направен овој компромис.

Е сега, кога дискот веќе знае да чита само команди за „исчитај ова и ова“ и сам си обработува се (CHS и се останато), значи он треба да го преведе се ова во CHS и да и ја даде оваа команда на главата/главите... и ова треба да го направи, па... голем број на пати, бидејќи скоро ниеден фајл не е 512 бајти голем (можеби на времето биле и толкави, но сега веќе се прилично прилично големи библиотеките).

Практично, преведувањето на CHS командата се сведува на пресметка на јачината на електричните сигнали (напон, струја, што и да е) со која геометриски треба определена глава да се позиционира над определена локација на плочите од дискот. Не е за џабе дадено името disk geometry за вкупниот број на цилиндри, глави и сектори. Со помош не овие три параметри определена е целата геометрија на еден диск.

3-c) Откако ќе исчита и врати се што треба на чипсетот од податоци, он враќа се назад кон драјверот, драјверот кон оперативниот систем (поточно кернелот), а овој пак load-а се што треба во RAM и му вика на програмот „бујрум, од таа до таа мемориска адреса е она што го бараше од мене“.

Ова е симплифицирано објаснување и не е баш сосема точно, но од прилика, вака одат работите.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Мислам на тоа дека главата мора да дојде до тој сектор, не ги чита секторите пред тоа но мора да ги помине за да стигне до одредениот сектор. Дискот треба да заврти на одредената страна и главата треба да се позиционира над одредениот сектор. Кај  RAM нема такви егзибиции секоја локација е достапна моментално.

OTP се One Time Programmable чипови, се купуваа празни и се програмират од страна на корисникот само еднаш.
MROM се програмират кога се произведуваат во фабриката.
 
Code: [Select]
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Mask_ROM
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислам на тоа дека главата мора да дојде до тој сектор, не ги чита секторите пред тоа но мора да ги помине за да стигне до одредениот сектор. Дискот треба да заврти на одредената страна и главата треба да се позиционира над одредениот сектор. Кај  RAM нема такви егзибиции секоја локација е достапна моментално.

Добро, ова е сосема логично, земајќи во предвид која е основата на работа на класичен диск и RAM меморија. На времето, и не можело да има подруг начин на работа.

А за поминување, не, не мора да ги помине. Пресметката за геометријата и на која позиција треба да се позиционира главата/главите при исчитување на содржина од дискот се прави во микроконтролерот на дискот и нема потреба да ги помине сите сектори за да стигне до оној кој му треба... можно е вака да функционирале дисковите во 80-тите и 90-тите, не сум сигурен, но кај сите модерни дискови, не е вака.

OTP се One Time Programmable чипови, се купуваа празни и се програмират од страна на корисникот само еднаш.
MROM се програмират кога се произведуваат во фабриката.
Code: [Select]
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Mask_ROM

Добро... од аспект на архитектура/дизајн, да, се разликуваат. Од аспект на функционалност, практично е истата работа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Што сака да се потенцира со сликата и текстот?!


Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Тоа дека маслото е наводно Руско. :)



Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Кое масло е “наводно“ РУСКО ? 😋
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!