Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 34011 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Не го мислев така како англискиот израз, туку буквално како да те заболи грбот од седење пред компјутер додека го читаш/дебагираш тој код.

Хахах,,, ОК, се разбравме :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Како се пишува.

Пример за “programmable Read Only Memory“

EEPROM  или E2PROM или EPROM
еепром или е2пром или епром
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
EEPROM треба да биде. На Македонски нема да најдеш транскрипција ниту превод на кратенкава, а и подобро да не се прави. Дури и во Српско-Хрватските книги од бивша Југославија не се преведуваше овој термин. Ја пишуваа кратенката, во заграда ставаа од што е скратено, објаснуваа што тоа значи и тераа даље со PROM, EPROM, EEPROM, за што и да се елаборирало во книгата.

По правило, моментално сите мемории од ваков тип треба да се викаат EEPROM-и, иако често знаат да ги пишат и како EPROM или PROM. Дуплото E напред стои за да поентцира дека во меморијата, освен што се запишува по електричен пат, исто така и се брише по електричен пат (Electronically Erasable and Programmable Read Only Memory), така да, најправилно е да се викаат EEPROM-и. Сметам дека тоа се E2 е малку „фраерско“ означување (као демек ЕЕ се множи, па е E2). Вакви игри на зборови и кратенки се типични за free и open source software заедниците, па некако се тоа се прелеа и во светот на електрониката.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #123 on 17.02.2020, Monday, 21:20:06 (Edited 18.02.2020, Tuesday, 13:58:17) »
Според моите скромни теоретски перформанси сметам дека и двата изрази EEPROM и EPROM (латиница) и
еепром и епром (кирилица) се исправни само што постои разлика во начинот на програмирање (и не само тоа) и бришење на податоците од чипот
EEPROM во изведба DIL i SMD
Од Wikipedia ама српски!
Code: [Select]
https://sr.wikipedia.org/wiki/EEPROM DIL


SMD


Од Wikipedia ама српски!
Code: [Select]
https://sr.wikipedia.org/wiki/EPROMEPROM во изведба
DIL


Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
EEPROM (Electronically Erasable and Programmable Read Only Memory)
EPROM  (Erasable and Programmable Read Only Memory) - се брише со ув светлина.
Според мене EEPROM/EPROM и ЕЕПРОМ/ЕПРОМ немаат исто значење. Неможе само кратенка од Англиски или било кој друг јазик да се препише на кирилица. Пример е кратенката за името  БЈРМ и на Англиски FYROM.
Како би било според мене,
EEPROM (Electronically Erasable and Programmable Read Only Memory) Македонски ЕБПСЧМ (Електрично Бришлива и Програмибилна Само Читлива Меморија).
Мислам дека стручни термини и кратенки не треба да се преведуваат, само да се објасни што значат.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Од Wikipedia ама српски!

Да, со тоа што на Србите официјално писмо им е кирилично, а тоа што пишуваат и на латиница, тоа се остатоци од Српско-Хрватскиот и бивша Југославија, за да може полесно да се разбираат Срби, Хрвати и Босанци (под Босанци, мислам на сите оние кои живеат во Босна, бидејќи таму официјално писмо е латинично, барем јас колку што знам).

Кај сите оние кои „мешаат“ писма, и не е баш така тешко да се користат странски кратенки и ознаки за определени работи, како примерот што го даде. Но, бидејќи во Македонскиот официјално писмо е кириличното и ние не „мешаме“ како Србите, по правило, не смее да се користат латинични кратенки од зборови, туку треба ние да си направиме наша кратенка (како што даде пример dr-mr, што апсолутно не „лизга“ на јазик и јас барем, немам намера да ја користам... верувам и многу други).

Така да, за овие работи требаат лингвистине на нашите факутети, за кои најголем предизвик е дали „јамболлија“ да се пишува со едно или со две „л“ (немаат попаметна работа, очигледно), да си ги загреат столчињата и да размислат за тоа зошто има забрана да се користат странски термини и кратенки во Македонскиот јазик. Прост пример за јазик кој користи екстеремно голем број на Англиски зборови во него е Индискиот (знаеме, бил Англиска колонија и е сосема логично зошто има толку Англиски зборови во јазикот, но сепак, барем јас колку што знам, официјално се примени во јазикот и смееш да ги користиш).

Поентата ми е, нема потреба да измислуваме „топла вода“, некој веќе ја измислил. Транскрипции на зборови на Македонски, да, апсолутно сметам дека треба да се направат и да е дозволено да се прават (како примерот со „медијапан“ кој го дадов), но исто така, да смеат да се користат и странски латинични кратенки за определени работи за кои многу тешко е да се направи кратенка на Македонски (или едноставно лошо звучи, веќе е навлезен странскиот термин во колоквијалниот говор и нема поетна сега да се правиме паметни и да пробуваме да воведеме нешто сосема трето и да очекуваме луѓето да го прифатат тоа).

EPROM  (Erasable and Programmable Read Only Memory) - се брише со ув светлина.

Јас за овие знам дека се викаат UVEPROM.

Според мене EEPROM/EPROM и ЕЕПРОМ/ЕПРОМ немаат исто значење. Неможе само кратенка од Англиски или било кој друг јазик да се препише на кирилица. Пример е кратенката за името  БЈРМ и на Англиски FYROM.

Мислам дека стручни термини и кратенки не треба да се преведуваат, само да се објасни што значат.

Апсолутно се сложувам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Отворив тема на дискусија (post) во една група на FB, па еве што имаа да кажат некои поупатени конкретно за EEPROM.

Code: [Select]
https://www.facebook.com/groups/makedonskijazik/permalink/1567410753406877/
Извадок од правописот на Македонскиот јазик.



И еве што има да каже околу оваа проблематика Слободан Таневски.

Quote from: Слободан Таневски
Со проблеми во врска со употреба на стручните термини се судривме веднаш на почетоците на списанието Емитер во 1995 година. Ги имавме истиве дилеми па за нивно разрешување, освен од нашите лектори, побаравме помош и од Институтот за македонски јазик и од МАНУ. Имавме повеќе дописи до нив, а уште повеќе разговори за одредени термини и правила. Сублимат на тие разговори, но и на правилата од Правописот се следниве:
1. Секогаш кога има македонски збор за одреден странски термин треба да се користи македонскиот збор. На пример, снимач наместо recorder.
2. Кога станува збор за некој нов стручен термин, за кој се уште нема македонски еквивалент, треба да се направи обид да се преведе или да се најде соодветен збор од македонскиот јазик за тој термин.
3. Ако не е возможно да се применат правилата 1 и 2 се оди на транскрипција на зборот, на пример синтисајзер наместо synthesizer.
4. Ако и транскрипцијата е несоодветна или би можела да внесе забуна тогаш може да се користи странскиот (англискиот) збор во оригинал на латиница.
5. Кратенките кои потекнуваат од странски јазик по правило треба да се пишуваат на латиница, а на кирилица може да се напишат само оние кои се во широка употреба, како на пример НАТО или УСБ.
При примена на правилата 4 и 5 задолжително е, при првото спомнување во текстот, во загради, во посебна реченица или во фуснота, да се даде превод или краток опис на зборот или кратенката. За да се избегнат можни забуни ова е пожелно да се направи и при примена на правилото 3, а некогаш и за 1 и 2.
Конечно, да одговорам и на прашањето. EPROM не е општо позната кратенка па би требало да остане на латиница но, од друга страна, во книга или списание од електроника/информатика таа кратенка може да се смета за општо позната (за публиката за која е наменета книгата или статијата), па може да оди и на кирилица. Токму затоа, во многу факултетски учебници ваквите кратенки ги пишуваат на кирилица (на пример: ФЕТ, МОСФЕТ, ЕПРОМ...).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male

EPROM  (Erasable and Programmable Read Only Memory) - се брише со ув светлина.

Јас за овие знам дека се викаат UVEPROM

Колку што знам јас првите чипови од тој тип се EPROM ( Erasable and Programmable Read Only Memory) на кои содржината им се брише со  ув  светлина, затоа имаат стакло од горната страна. Не стои во кратенката како се бришат бидејки бил единствен начин на бришење на чиповите.
Откако се измислени чиповите кои можат да се бришат електрично додадена е уште една Е за електрично бришење и е добиена кратенката, EEPROM (Electronically Erasable and Programmable Read Only Memory).
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колку што знам јас првите чипови од тој тип се EPROM ( Erasable and Programmable Read Only Memory) на кои содржината им се брише со  ув  светлина, затоа имаат стакло од горната страна. Не стои во кратенката како се бришат бидејки бил единствен начин на бришење на чиповите.
Откако се измислени чиповите кои можат да се бришат електрично додадена е уште една Е за електрично бришење и е добиена кратенката, EEPROM (Electronically Erasable and Programmable Read Only Memory).

Можно е да си во право... можно е подоцна некаде некој да му текнало да додаде UV за да потенцира дека станува збор за EPROM-и кои се бришат со UV светлина, т.е. од оние постарите... бидејќи ги имам начекувано по литература и online и под тоа име, UVEPROM.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
 EPROM чипот некои го обележуваат како UVEPROM или UV-EPROM за да нагласат дека се брише со ув светлина.
 EPROM UVEPROM и UV-EPROM се исти вид на чип.
Според википедија:
Code: [Select]
https://en.m.wikipedia.org/wiki/EPROM
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Пред да ја поставам оваа тема, размислував дали би била корисна или не, па победи резонот дека со оваа тема преку забава и неформални пишувања да дојдеме и до некои правци, како понатаму со различностите! (во секој поглед)!.
Како пример има и два-три коментари кои се од типот се зезам илити што се правите паметни, ама за забава е дозволено и тоа!
Мене лично доста ми е познато како треба да се пишува, (затоа не ми се обраќајте мене туку на сите членови подеднакво), ама некому не, па се оди дотаму да се омаловажува македонскиот јазик и правопис, што е за осуда. Правописот секако има и “небулозни“ изрази но сепак тие се толку малку што сигурно со текот на времето би се коригирале!
Според мене темата е корисна од повеќе причини, ќе наведам делче од тие причини!
Многу често на форумот членовите пишуваат онака како што мислат дека е правилно и разбирливо за секого. Меѓутоа се јавуват и проблеми! Еден од нив е со пребарувањето на одредени теми или изрази, па во тој случај ако за една иста работа од различни членови се пишува кој како мисли дека е правилно (кирилски или латински изрази и ознаки), при пребарувањето доаѓаме до губење на време и остануваме без бараната информација! На еден форум (кој за мене е релевантен) пребарувачот работи со две букви и со „*“ и е‘ со многу добри перформанси.
Исто така комуникацијата помеѓу разни членови кои зборуваат различни дијалекти, ако секој пишува онака како зборува дома тогаш нема потреба од правопис а посебно во областа од науката и се‘ што е поврзано со неа. Многу често за опрвдување се употребува изразот “се подразбира“ ама дали секој подразбира?! (можеби некој не). Јас некаде напишав деке не е проблем во општата комуникација и‘ на форумот да се пишува со кирилско писмо само со употреба на зборот онака како го слуша во оригинал или како се чита од оригиналот!

Кога напишав
Како се пишува.

Пример за “programmable Read Only Memory“

EEPROM  или E2PROM или EPROM
еепром или е2пром или епром

го напишав така од причина што се толерира пр. 12В наместо 12V а истото нема пишано правило како да се пишува, тогаш оставив на членовите да го толкуваат латинскиот и кирилскиот израз, онака како мислат дека треба да биде напишано!

Впрочем кирилското писмо вели „Пишувај како што зборуваш и читај како што е напишано“.

Ако е така, а така е, тогаш јас не измислувам “топла вода“ ниту пак барам „FYROM“ да мора да се напише како “БЈРМ“
Значи изразите од било каков јазик(според мене ако се транскриптираат) би требало да се пишуваат онака како се слушаат при оригиналниот изговор на соодветниот збор а не напишаното да се преведува буквално на наш јазик или да се бара соодветно толкување!
Пример (карикирам): main board (може да се напише како мејн борд) или главна плоча, или Motherboard (мада(р)борд) или Матична плоча, и сега оваа некој го разбира дека јас задавам правила. Не, ни на памет не ми паѓа да сум лектор , само сакам да се придржуваме на засега колку-толку кодифициран македонски јазик!?


Еден цитат
Проучувањето на дијалектите започнало некаде во втората половина на XX век. Прв проучувач на дијалектите бил Георг Венкер (гер.Georg Wenker), кој во 1876 започнал да испраќа еден вид на поштенски прашалници низ разни населени места во северна Германија. Овие писма всушност содржеле една или неколку реченици напишани на литературен германски јазик, и оставил место каде да се транскриптираат истите на разните наречја т.е. дијалекти. Во наредниот век, дијалектологијата се развила и постанала огромна гранка на лингвистиката.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Иначе кога сме кај EEPROM,самата кратенка е нелогична (на англиски).
Како што кажа Гига пред некој пост, тргнале со ROM, PROM, EPROM - и на крај EEPROM - electronically erasable programmable read only memory.
Што значи меморија само за читање, ама не е само за читање, може и да се програмира, а може и да се брише па пак да се програмира,... :) - што значи дека појдовната кратенка ROM веќе не важи.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Го памтам муабетот со професорката по Дигитални Систдми во средно за истава проблематика. Ми рече само дека е така земено како стандард и дека колку и да звучи грешно веќе е стандард земено и тоа е тоа, што мене лично ако ме прашате е жално...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@MarkoMK: Оваа нелогичност се појави поради напредок на технологијата... практично веќе не постои ROM. Постојат OTP чипови и тоа е еквивалент на некогашниот ROM, но генерално земено, термините ROM, PROM, EPROM, EEPROM, итн. веќе не прават многу логика, но сепак, ги користиме... веќе навлегле како терминологија, не гледам поента да се менуваат (на било кој јазик, па и на Македонски), само ќе се јават забуни ;).

@KiloVolt: Жално, не жално, тоа ти е... и ова не е единствен пример, ги има вакви милион примери, и тоа не само во електрониката, и во многу други науки.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
А најјако ми е кога гледам некои фирми што продаваат мобилни телефони, ги рекламираат како, пр. Телефон тој и тој, има 2 GB RAM и 32 GB ROM меморија :) :)
Life is too short to remove USB safely ..