Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 34014 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ја одлучив свати да си го пишувам, и да не ме интересира како му текнало некому дека е правилно со ф, оти ова е граматика, како сакаш така можеш да ги направиш правилата, нема ни доказ дека треба да е со ф нити некој експеримен може да докаже/негира дека треба или нетреба да е со ф.

Се користи правило за едначење по звучност, затоа се пишува со „ф“ наместо со „в“. И јас често го грешам бидејќи грешно го имам научено на времето, но правилно се пишува „сфатив“, а не „сватив“... бидејќи иако правилниот начин да се пише е „сватив“ (мислам дека порано се има пишувано со „в“, но подоцна го имаат сменето), кога ќе го изговориш, „в“-то се слуша како „ф“, а нашиот јазик го користи правилото „како се изговара, така се пишува“. И ова во комбинација со правило за едначење по звучност, довело до тоа се пишува со „ф“ наместо со „в“... барем јас вака знам.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
како ти е арно така прај си :) мене по звучно ми е со в, правилата кому како ќе текне. Некои константи на пример како пи не можеш да ги смениш, секогаш биле, се и ќе бидат исти, ама ова е кому како текнало, секој јазик си има различити правила, гледаш ете и сфатив порано било со в.... Сосем небитно.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
...Со среќа нека ви е! Ви сакам многу деца со лоши ракописи, деца кои нема да се замараат со разликата меѓу „сфаќа“ и „сваќа“ или „незнам“ и „не знам“ ама многу добро ќе знаат што е селанец, а што е сељачиште.

Дарко Лешоски
фејсбук статус

Code: [Select]
https://www.libertas.mk/vi-sakam-mnogu-detsa-so-loshi-rakopisi-koi-nema-da-se-zamaraat-so-razlikata-megu-sfaka-i-svaka-ili-neznam-i-ne-znam-ama-mnogu-dobro-ke-znaat-shto-e-selanets-a-shto-e-selachis/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Е видиш мудар чоек

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Убаво си пишал човекот ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
...ама многу добро ќе знаат што е селанец, а што е сељачиште...
Со напомена дека некој ќе напише сељачиште а некој селјачиште а според речникот правилно би било селјак-селјачиште.

А разлика „што е селанец, а што е сељачиште“ е во сликите!




Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Оти лј ко имаме љ?
Да ја имам корветата, па нема уопште да ми смета да сум сељачиште.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Toma
Гости што не нашле за сходно да се регистрираат...
Зошто да се регистрира кога може да чита без регистрација!
Ако сакате да се регистрираат постапете вака како некој друг постапил да добие членови!

Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/index.php?sid=8e5d4605a3f6d7c112e68920b42056ddПотоа
Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/viewforum.php?f=2Па понатаму
Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/viewforum.php?f=46И на крајот нема дозвола за превземање на ама има мамка!
Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/viewtopic.php?f=46&t=8597
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Гостите можат да ги читаат темите и овде.
Тоа не значи дека треба да имаат право да гласаат.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Зошто да се регистрира кога може да чита без регистрација!
Ако сакате да се регистрираат постапете вака како некој друг постапил да добие членови!

Така беше подесен форумот на почетокот, но колегите од останатите Ex YU форуми се бунеа бидејќи не можат да читаат теми како гости и затоа беше сменето да можат и гости да ги гледаат сите секции од форумот.

И така не се привлекуваат членови, тоа од искуство можам да ти кажам. Членови се привлекуваат со квалитетна содржина.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: LordZi
Тоа не значи дека треба да имаат право да гласаат.
Мислата ми беше сосема друга!
Ако е член, ќе може да гласа!

Quote from: GigaWatt
Така беше подесен форумот на почетокот, но колегите од останатите Ex YU форуми се бунеа бидејќи не можат да читаат теми како гости и затоа беше сменето да можат и гости да ги гледаат сите секции од форумот.
Е сега дојде на мојот кога ме критикуваше дека пренесувам и наметнувам правила од други форуми а ти сега ги прифаќаш (на некој начин) правилата од други форуми и си подлегнал на сугестиите од други (а велеше дека не те интересираат другите што мислат и какви правила имаат!
Кога напишав скрати го времето на 15 минути рече дека не менува ништо!
А зошто го мислам тоа? Затоа што кога гледам дека некој е на “линија“ можам да контактирам преку ПП за брзи да речеме консултации. А најдобро би било во тој контекст времето да се скрати на пет минути (ако ми ја разбра поентата)
Клик при секое логирање на Users Online па ќе видиш во просек што читаат членовите и гостите или поточно што ги интересира и каква помош бараат. Ти имаш можност како сопственик на форумот да ја видиш статистиката од сите аспекти. Па според тоа можеш да видиш кои подфоруми би биле атрактивни и истити стави ги во “штос“.
Исто така пример во случајни муабети ( па и во други слични општи теми) има доста корисен материјал ама е недостапен (кој ќе чита 75хх теми за да дојде до случајно корисна информација). Затоа администрацијата треба да ги разделува тие корисни информации во посебни теми и се даде конкретен наслов кој би асоцирал на потребата на потенцијалниот член или гостин (сеедно).

Quote from: GigaWatt
И така не се привлекуваат членови, тоа од искуство можам да ти кажам. Членови се привлекуваат со квалитетна содржина.
По форуми сум најмалку петнаесетина години (имам пишано каде сум член) и нешто сум научил и тоа нема потреба мене да ми го потенцираш.
И јас го знам тоа. Потребни се квалитетни и квантитетни теми, ама на некој начин одбивате некој член кој има потенцијал (за десетина потенцијални со непознати квалитети и потенцијал) поради добиванње на потенцијано непознат член со непознато “милје“, и квалитети за зголемување на членови!

Quote from: GigaWatt
На крајот на краиштата, може да се одвои анкетата од темава и автоматски нема ти автор да бидеш на анкетава.
А зошто тогаш во темата за дрскиот напиша дека автор неможеш да промениш?!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е сега дојде на мојот кога ме критикуваше дека пренесувам и наметнувам правила од други форуми а ти сега ги прифаќаш (на некој начин) правилата од други форуми и си подлегнал на сугестиите од други (а велеше дека не те интересираат другите што мислат и какви правила имаат!

Ова се случи уште пред да бидам администратор. Борче беше администратор и он така го подеси форумот... и не, не се консултираше со нас во однос на одлуката, само ни пиша дека сега форумот е така подесен, јавно да може сите да го гледаат. Искрен да бидам, се сложував со одлуката и затоа не се смени ова откако станав администратор.

Кога напишав скрати го времето на 15 минути рече дека не менува ништо!

Го скратив и не смени ништо. Ако мислиш на времето за да јавува колку членови се моментално активни на форумот, по твоја сугестија беше подесено на 1 час, за да изгледа како „фиктивно“ да има повеќе членови активни на форумот, за да се привлечат повеќе нови членови (демек повеќе активни членови има), но тоа не вроди со плод, па подоцна, откако веќе беше тргнат од администрацијата, предложи пак да се врати назад на 15 минути (како што беше подесено по default) и го вратив назад.

Како што забележа, твојата сугестија не вроди со плод, но и јас мислев дека можно е вака да се привлечат нови членови со зголемување на тоа време, па затоа и ја прифатив сугестијата. Плус, барем тоа е лесно да се подеси, не ме кошташе буквално ништо, така да, немаше причина да не се проба. Не вроди со плод и подоцна само ме потсети дека времето за јавување на мометално активни членови на форумот е подесено на 60 минути наместо на 15 и пак го вратив назад. Толку, тоа беше целата приказна.

А зошто го мислам тоа? Затоа што кога гледам дека некој е на “линија“ можам да контактирам преку ПП за брзи да речеме консултации. А најдобро би било во тој контекст времето да се скрати на пет минути (ако ми ја разбра поентата)
Клик при секое логирање на Users Online па ќе видиш во просек што читаат членовите и гостите или поточно што ги интересира и каква помош бараат.

Ова би имало поента во случај да е форумот активен, не полумртов т.е. врзан на апарати за одржување во живот. Да имаше активни членови кои би побарале ова вака да биде подесено, да, сигурно би го направил вака. Сега... искрено, не гледам поента, но добро, ако сакаш, не е проблем, ќе се подеси да биде и 5 минути... мене, а верувам и на многу други не им прави некоја разлика бидејќи, ако не си забележал, многу честа ситуација е да си сам активен на форумот (лично за мене, ова е најчесто сценарио).

Ти имаш можност како сопственик на форумот да ја видиш статистиката од сите аспекти. Па според тоа можеш да видиш кои подфоруми би биле атрактивни и истити стави ги во “штос“.

Како тоа „да ги ставам во штос“? Да се post-ира повеќе во нив? Само јас и администрацијата да post-ира? Ако мислиш на ова, тоа време пројде. Едно време мислев дека може само со моја активност и на дел од администрацијата да се оживее форумот пак, но тоа никогаш не се случи и едноставно се откажав... и немам намера пак да пробувам.

Исто така пример во случајни муабети ( па и во други слични општи теми) има доста корисен материјал ама е недостапен (кој ќе чита 75хх теми за да дојде до случајно корисна информација). Затоа администрацијата треба да ги разделува тие корисни информации во посебни теми и се даде конкретен наслов кој би асоцирал на потребата на потенцијалниот член или гостин (сеедно).

Кога сум сметал дека требало, сум ги одвојувал, но не секогаш сум активен колку што би сакал да бидам, плус, некогаш сигурно сум заборавил, сум немал време или нешто сосема трето.

Како и секој форум и овој има функција Search. Ако некој пробува нешто да најде, ќе го најде. Да, Search функцијата не е идеална (пред се поради тоа што има илјадници начини да напишеш една иста работа на Македонски, а Search engine-от на форумот не е Google, така да, не вади баш секогаш најрелевантни податоци), но каква, таква ја има. Сепак, софтверот е open source и бесплатен. Тоа е тоа... од security аспект e top notch, но од функционалност... да, веќе застарен. На крајот на краиштата, секогаш може да го користи Google со на крајот додадено elektronika.mk за да го најде она што му треба. И јас често знам вака да правам.

По форуми сум најмалку петнаесетина години (имам пишано каде сум член) и нешто сум научил и тоа нема потреба мене да ми го потенцираш.
И јас го знам тоа. Потребни се квалитетни и квантитетни теми, ама на некој начин одбивате некој член кој има потенцијал (за десетина потенцијални со непознати квалитети и потенцијал) поради добиванње на потенцијано непознат член со непознато “милје“, и квалитети за зголемување на членови!

Не сватив што сакаш да кажеш со ова... имаш и неколку грешки во куцање... некако се изгубив во последната реченица.

А зошто тогаш во темата за дрскиот напиша дека автор неможеш да промениш?!

Автор на тема, не можам да сменам, дури и ако сакам (условно кажано... се е можно). Можам да ја избришам, можам да и сменам наслов, можам да ја edit-ирам како сакам, но не можам да сменам кој ја има отворено (да биде друг user, корисник, на пример јас или некој друг). Анкета е „додаток“ на темата. Не мора да биде автор корисникот, но да, може администрацијата да додаде анкета во некоја тема, доколку сака (не може било кој друг обичен корисник, освен оној кој ја отворил темата и/или администрацијата).

Поентата ми е, може анкетава да се тера во посебна тема, не мора да биде оваа. Може да биде било која друга тема и може било кој друг да ја отвори, не морам да сум јас или некој друг од администрацијата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
„ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ вели:
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D1%81%D0%BE%D1%84%D1%82%D0%B2%D0%B5%D1%80
А како се пишува -Панталони- во множина?!

Добро, панталони е само во множина..

Инаку гледам во дигиталниот речник ставиле софтвери - множина од софтвер.
ама мене некако не ми иде во глава.. по логично ми е само софтвер - и еднина и множина.. Во англискиот колку што знам нема Sowtwares...
Ама тоа е, некои наши лектори утврдиле дека така треба.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Quote
А како е множина од софтвер ?
Софтвери?
Болка во грбот... ;D

Исто се нервирам и за вакви глупи буквални преводи..

„Болка во грбот“ или на англиски "Pain in the back".

Значи НИЕ НЕМАМЕ ИЗРАЗ „БОЛКА ВО ГРБОТ“.. или “Болка во вратот“.

Кој во Македонија вика „Леле имам болка во вратот“ ???? НИКОЈ

Се вика „Ме боли вратот„ или „Ме боли грбот„

Ама тоа е, со овие изрази ,( најчесто користени на Топ-Шоп рекламите), никој не се замара..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Не го мислев така како англискиот израз, туку буквално како да те заболи грбот од седење пред компјутер додека го читаш/дебагираш тој код.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.