Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 34018 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Што е погрешно на сликата?

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Единиците за мерење

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Претпоставувам (не тврдам) дека повеќето членови па и гости кои го виделе постот не приметиле дека струја не се изразува во волти "V", а напон не се изразува во ампери "A" !
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Да бидам тотално искрен, заприметив, само не гледав поента на форум за електроника да се правам паметен дека ги знам единиците, како што и други ги знаат само не придадоа значење...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Само ме интересира зошто на форум за електроника постојат вакви теми? Ова час по македонски е, па ќе учиме како се пишуваат зборовите? Не гледам цел освен за да има нешто што да се постира на форумот, бидејќи проекти слабо се објавуваат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Темата е во секцијата за Забава. Не е против правилата... ако сметате дека не треба да ја има, отворете си анкета (poll), ќе ги видиме резултатите и врз база на тоа ќе се одлучи дали да се брише или не ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Додадена е анкета , кој сака може во наредните седум дена да гласа.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Анкетата да биде валидна треба да се постават услови, а според мене дестина анкетирани и пример резултатот во однос 6:4 (во било чија полза) дали ја отсликува вистината, па ќе одиме капиталистички 51%, и тоа е релевантно!!!
Гости не можат да гласат а ние не знаеме дали тие ќе се сложат или нема да се сложат дека анкетата е валидна.
Затоа како „Started by Toma“ имам некое легитимно право да барам да се одреди најмалиот релевантен број на анкетирани и тоа најмалку 30 што гласале.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Според мене доколку некоја тема не ги крши правилата на форумот, не е нападна или навредлива нема зошто да се брише или да се отвараат анкети за бришење на тема.
Доколку некој несака да чита некоја тема или постови од некој член немора, нека ја игнорира темата или постот кој не му се допаѓа.
Доклку се почне со анкети за бришење на теми кои не ни се допаѓаат што е на ред анкети за банирање членови чии постови не ни се допаѓаат?
Секој има право да отвори тема на форумот. Членовите кои не сакаат да дискутираат на таа или некоја друга тема нека ги игнорираат тие теми,  нека отворат теми на кои сакаат да дискутират па кој сака ќе дискутира таму.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
@Toma
Гости што не нашле за сходно да се регистрираат нема што да бараат да гласаат, нели... ;)
Иначе, 30 луѓе вкупно цела година не се логираат на форумот, не па за седум дена колку што трае гласањето.

@dr-mr
Анкетата не е поради бришење на темата или не, туку чисто како едно сондирање на мислењето дали членовите ги интересираат вакви и слични теми или не, а после авторот може, а и не мора да го прифати општото мислење... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Анкетата да биде валидна треба да се постават услови, а според мене дестина анкетирани и пример резултатот во однос 6:4 (во било чија полза) дали ја отсликува вистината, па ќе одиме капиталистички 51%, и тоа е релевантно!!!

На секој форум е така. Кој гласа во временскиот интервал во кој важи анкетата, гласа, кој не, тоа е тоа, наредна прилика.

Гости не можат да гласат а ние не знаеме дали тие ќе се сложат или нема да се сложат дека анкетата е валидна.

Гостите не се од интерес бидејќи и онака не можат да post-ираат. Автоматски, релевантно е само како ќе се изјаснат членовите.

Затоа како „Started by Toma“ имам некое легитимно право да барам да се одреди најмалиот релевантен број на анкетирани и тоа најмалку 30 што гласале.

И да чекаме дур да гласаат 30 души ::)... што може и никогаш да не се случи на форумов бидејќи е прилично неактивен ::)... не, не се сложувам.

На крајот на краиштата, може да се одвои анкетата од темава и автоматски нема ти автор да бидеш на анкетава.

Според мене доколку некоја тема не ги крши правилата на форумот, не е нападна или навредлива нема зошто да се брише или да се отвараат анкети за бришење на тема.

Не е прв пат да се изјаснат членови дека не им се по вкус определени теми кои ги има отворено Toma... само поради тоа и ја спомнав опцијата за анкета. Во секоја друга ситуација, да, нема потреба. Не се коси со правилата, не е нападна, не е навредлива, во адекватна секција е... нема причина зошто да биде избришана ;).

Инаку, лично на мене, воопшто не ми пречи темава.

Доколку некој несака да чита некоја тема или постови од некој член немора, нека ја игнорира темата или постот кој не му се допаѓа.

Секој има право да отвори тема на форумот. Членовите кои не сакаат да дискутираат на таа или некоја друга тема нека ги игнорираат тие теми,  нека отворат теми на кои сакаат да дискутират па кој сака ќе дискутира таму.

Апсолутно се сложувам.

Доклку се почне со анкети за бришење на теми кои не ни се допаѓаат што е на ред анкети за банирање членови чии постови не ни се допаѓаат?

Доколку опрелен број на членови се изјаснат дека не сакаат определен трет член да биде дел од форумов, иако можеби не прекршил ниедно правило, но е едноставно непожелен поради начинот на изразување или нешто сосема трето (можеби недолични или непријатни пораки... се бива :P :D)... не дека лично би се сложил со тоа, но генерално земено, и нема друг начин како да дознаеш дали повеќе членови сакаат или не сакаат определен трет член да остане или не како член на форумот... не може за овие работи да одлучува само администрацијата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Правилата на форумот постојат за да не се одлучува за секое нешто посебно. Доколку не се прекршени форумските правила и форумската култура, нема никаква причина да се избрише нечија тема или да се банира некој член. Ако се носат бришат теми банираат членови бидејки на одредена група не им се допаѓаат,(освен Администрацијата) зошто се тогаш правилата?
Ако толпата/мнозинството не се согласува со моето мислење , не знаќи дека се во право ниту тоа им дава за право да ме линчуваат.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ако се носат бришат теми банираат членови бидејки на одредена група не им се допаѓаат,(освен Администрацијата) зошто се тогаш правилата?

Пак ќе пишам, ова не треба да биде правило туку исклучок и да се применува во определени ситуации, не секогаш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Само едно мое прашање предизвика бура од реакции.  ???

Никаде не реков дека е потребно гласање за да се тргни темата, туку само прашав која е целта на оваа тема? Вие слободно може да дебатирате дали се пишува "сфати" или "свати", но не ја гледам поврзаноста со името на форумот. Немам ништо против, кој сака нека дебатира за било што.  :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ја одлучив свати да си го пишувам, и да не ме интересира како му текнало некому дека е правилно со ф, оти ова е граматика, како сакаш така можеш да ги направиш правилата, нема ни доказ дека треба да е со ф нити некој експеримен може да докаже/негира дека треба или нетреба да е со ф. А во науката, некој експеримен, под исти услови треба секогаш да дава ист резултст и нема бегање тука, тоа е зкон, правило и крај.