Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 513 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1422
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Како се пишува!

mf или uF
mf или µF
mf или uf
mf или µf
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Бидејќи „ми“ (μ) немаме на тастатурите (Грците можеби имаат, ама ние не), најблиска замена (по изглед) е "u" (у), така да, не гледам поента да се дискутира околу ова. Се знае, "m" е ознака за „мили“, "u" е ознака за „микро“.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1422
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Мојот впечаток е дека многу парцијално и бегло се согледуваат нештата!
Не се работи за тастаурата што нема (μ), затоа пак има (u), ама нема mf (која е таа вредност, Ја подразбираме ама на фејсбук, а за овде да се употребува е апсурд)), затоа постои науката, а туку може да напише uF како што е прифатено на 90% од форумите од блиската и подалечната сфера. А како се пишува симболот за фарад f или F. Впрочем темата е за забава ама некој од членовите ја сметаат за заебава!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3667
  • Gender: Male
То е све ствар на договор. Оти па ние воопшто да користиме грцизми? Можиме да си воспоставиме наш стандард не мора да подпаѓаме под туѓи влијанија, или 10-⁶F. Farad озмачува име, тој ја открил појавата на капацитет (електростатски) и треба да биде со голема.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
F е со голема буква. Има мерни едицини кои се и со мали букви, но за Фарад, се знае дека е со голема.

bicikle, асполутно дека се е ствар на договор (т.е. стандарди кои некој ги воспоставил за да технички се разбираме полесно), но поентата на Toma (барем така мислам) е да се придржуиваме кон стандардите. Ние на форумов, ако сакаме, можеме и наш сопствен јазик да си измислиме и само ние да си се разбираме... но, тоа не е поентата, нели. Поентата е и некој кој го чита форумов, а не е член, да може да разбере што пишуваме, а не да се чеша за глава.

Сума сумарум, се сложувам со она што сака да го каже Toma за техничката терминологија, поточно ознаките на мили, микро, итн., но не сметам дека е критично. Ако е нешто нејасно, секогаш може да се допраша и да се дообразложи, тоа е мое мислење.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5289
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Инаку µ се пишува како alt+0181 ако не сте знаеле а сакате да го пишувате негде.
Зависно од потребите односно зависно од тоа кој ќе ги користи крајните документи понекогаш во техничката µ го пишувам како такво а некогаш како u
Големиве продавници за електроника (digikey, mouser и слично) го бележат како u, со што втората буква е секогаш како што треба да е , пр. кај кондензатори е uF
Имам заприметено дека кај американците почесто се користи m како замена за µ и често доаѓа до недоразбирање.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3667
  • Gender: Male
F е со голема буква. Има мерни едицини кои се и со мали букви, но за Фарад, се знае дека е со голема.

bicikle, асполутно дека се е ствар на договор (т.е. стандарди кои некој ги воспоставил за да технички се разбираме полесно), но поентата на Toma (барем така мислам) е да се придржуиваме кон стандардите. Ние на форумов, ако сакаме, можеме и наш сопствен јазик да си измислиме и само ние да си се разбираме... но, тоа не е поентата, нели. Поентата е и некој кој го чита форумов, а не е член, да може да разбере што пишуваме, а не да се чеша за глава.

Сума сумарум, се сложувам со она што сака да го каже Toma за техничката терминологија, поточно ознаките на мили, микро, итн., но не сметам дека е критично. Ако е нешто нејасно, секогаш може да се допраша и да се дообразложи, тоа е мое мислење.
треба да бидиме по влијателни да ги наметниме нашите стандарди, како што ни наметнаа инчи на пример за дијагонала на екран. Порано арно си беше цм, но сега веќе никој не рачина во см, сите се модернизиравме и преминавме на туѓи единици мерки. И да, во ред е да се нагласи која метрика е стандард за форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5289
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Не би можело да се речи да ние тука само во таа и таа мерна единица работиме (SI систем) посебно не во електрониката, кога сите димензии се во инчи кога се работи со дизајн на електроника затоа постојат ознаки според кои ќе знаеме за што мерна единица се работи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Инаку µ се пишува како alt+0181 ако не сте знаеле а сакате да го пишувате негде.

Знам, ама треба да ја помнам комбинацијата, а мразам на памет да помнам работи :P :D.

Имам заприметено дека кај американците почесто се користи m како замена за µ и често доаѓа до недоразбирање.

Бидејќи најголем дел од нив се технички неписмени затоа. А како ќе означуваме „мили“ ако со "m" означуваме „микро“ ::)? Глупости, но од Американци, ништо не ме чуди.

треба да бидиме по влијателни да ги наметниме нашите стандарди, како што ни наметнаа инчи на пример за дијагонала на екран. Порано арно си беше цм, но сега веќе никој не рачина во см, сите се модернизиравме и преминавме на туѓи единици мерки. И да, во ред е да се нагласи која метрика е стандард за форумот.

И порано беа во инчи, но ги еквивалентираа во cm поради пазарот на кој се продаваат. Кај си видел телевизор со некој екран произведен во бивша Југославија? Нема такви. И на Ei-Nis и на Gorenje и на сите останати производители на телевизори во бивша Југославија, на сите екраните им беа странско производство (најчесто Toshiba, едни од најквалитетните и најдобрите екрани ;)).

Е сега веќе, не се замараат да преведуваат инчи во cm. Исто како што е стандард во компјутерска индустрија да се означуваат големините на дисковите во инчи: 5.25" drive bay, 3.5" диск, 2.5" диск, итн. Нема што да се буниме, цела компјутерска индустрија потекнува од US ;). Добро е што M3 се користат за зашрафување на оптички и floppy уреди ;D, биди благодарен за тоа ;D.

И да, во ред е да се нагласи која метрика е стандард за форумот.

Метрика која во моментот најчесто се користи во Македонија (работите се менуваат, ова е жива работа). Ако во инчи се изразуваат моментално големининте на екраните на телевизорите и мониторите, во инчи ќе си ги пишуваат луѓето и тоа е тоа. Па и во cm дури и ако ги пишат, големо чудо, секогаш може да еквивалентираш во инчи, така ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1422
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #24 on 14.01.2020, Tuesday, 19:22:48 (Edited 15.01.2020, Wednesday, 17:57:29) »
Иако не е поврзано со темата но кога забегавме да направам исклучок!

Quote
И порано беа во инчи, но ги еквивалентираа во cm поради пазарот на кој се продаваат. Кај си видел телевизор со некој екран произведен во бивша Југославија? Нема такви. И на Ei-Nis и на Gorenje и на сите останати производители на телевизори во бивша Југославија, на сите екраните им беа странско производство (најчесто Toshiba, едни од најквалитетните и најдобрите екрани ;)).

Телевизорите во бивша Југославија се произведува во Еи-Ниш, Горење-Титово Велење, Искра-Крањ, РИЗ-Загреб, Руди Чајавец-Бања Лука...
Ознаките на екраните во скоро 100% беа од типот A56-510X, A56-540X, A66-540X, A51-590X, A59ECF00X01, A66ECF00X01 итн
Што се однесува за Тошиба екраните, треба да се каже дека тие беа најмногу во Горење Аквамарин (исто и во нишките, ама во мал процент) и ги беа замениле многу лошите Силваниа вградувани во Горење Аквамарин. После тоа Еи Ниш по лиценца на Филипс ги произведуваа екраните од типот A56-540X, A66-540X, A51-590X кои се покажаа многу квалитетни и кои ги вградуваа и останатите производители во Југославија, а исто така истите под името на Филипс се вградуваа и во други познати европски марки на ТВ, така да јас и ден денес среќавам од тие Нишки ТВ со тие екрани и можам да речам дека навистина се супер!
Во меѓувреме другите производители како Искра, Руди Чајавец и други почнаа да вградуваат Полски Чехословачки и од некои други земји!
Во тој период Горење почнаа со Нокиа и да не набројувам...
Поентата ми е дека самите екрани внатре имаа лепенка и се обележуваа во сантиметри пример A66 беше 66 сантиметри по дијагонала а Тошиба беа 67 сантиметри итн.
Имаше екрани Videocolor, Valvo, Nokia,Philips, Toshiba...
Некој список.

Silvania A56-510X како пример.

VALVO EURO COLOR (PHILIPS) A51-590X/3620

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знае дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3667
  • Gender: Male
Југославија изгледа била поим. Како што е стандардизиран јазикот, може и дел од метриката да се стандардизира, ко веќе се спомнаа други форуми, русине гхз си бележат и ич не се замараат.

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 488
  • Gender: Male
Затоа постоеше ЈУС (југословенски стандард) - по јус-у. :)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 776
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #27 on 15.01.2020, Wednesday, 05:01:06 »
Quote
русине гхз си бележат и ич не се замараат.
Да да, и не само тоа, имам заприметено В за Волт, Вт за Ват, Фд за Фарад. Само тоа м многу е збунувачки дали е микро или мили...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3667
  • Gender: Male
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #28 on 15.01.2020, Wednesday, 08:41:38 »
Не се праат енглези, што би се рекло.
Пак е тоа ствар на договор, ознаките за микро и мили треба да се разликуваат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #29 on 15.01.2020, Wednesday, 17:45:47 »
@Toma: Не знаев дека во Југославија се произведувале екрани, неинформираност од моја страна ;).

Без разлика, се правеле за Европско подрачје (Југославија и Европа), па не е ни чудно што ознаките се во cm наместо во инчи. Откако се стана NTSC (и да е сигналот interlaces, тоа пак на крај се се декодира и прикажува како една слика, а не две полуслики... PAL и interlaces остана само поради компатибилност, практично секој модерен LCD кој може да декодира PAL, може и NTSC и SECAM сигнали без проблем да декодира), се наметнаа ознаките за големини на екрани во инчи.

Плус, го заборавате фактот дека индустријата за LCD екрани прв пат се прошири во светот на компјутерите, каде што димензиите на мониторите по default се изразуваа во инчи. Не е ни чудно што тоа многу лесно се „прели“ и во светот на телевизорите.

И, како за крај на репликава, што е моментално разлика меѓу LCD телевизор и LCD монитор? Освен тјунерот и нешто плус софтвер во телевизорот, ништо друго. Така да, пак ќе кажам, не е чудно што димензиите почнаа да се мерат во инчи и кај телевизорите, дури и кај нас.

Да да, и не само тоа, имам заприметено В за Волт, Вт за Ват, Фд за Фарад.

Тоа им се ознаки уште од времето, кога ознаките беа кирилични на компоненти произведени во СССР. Па они си имаа и кирилични тастатури и оперативни системи на Руски кога развиваа компјутерска индустрија која (као демек ::)) требаше да биде конкурентна на западните технологии. Се остана само на пуста желба. Сега се знае кој е стандардот, ANSI и IBM Compatible PC... а и двете се Американски.

Кај Русите, тоа е традиција уште од времето на комунизмот. Во Југославија, се користеле западњачките ознаки, т.е. Грчки и Латинични. А и во средните училишта и факултетите низ Југославија, секаде се учеле латиничните ознаки. Не гледам поента да измислуваме „Македонски ознаки“ или па да ги прифаќам Руските. Да, нема збор дека Русите се закон за многу работи (пиратерија, иновативност, итн.), но со тоа „се да биде на Руски“, дури и на нерви ми идат >:(. Помирете се со реалноста, изгубивте во студената војна, нема поента да форсирате вашиот стандард да биде супериорен бидејќи западњачките веќе станаа стандард.

Ова ме потсеќа на стандардот за wireless data transfer на ITUT. Додека они се договорат како да го викаат, како да го стандардизираат, како да се произведува, Американцине веќе правеа рутери со Wi-Fi... тоа е тоа, касно палиме за некои работи ние Европјаните, вклучувајќи ги и Русите ;). Американцине ги интересира само профит и затоа се за скоро се први ;). Е потоа, откако стана популарен Wi-Fi, мораа да го стандардизираат и некако да го одобрат и во ITUT.