Author Topic: Како се пишува! Слободна тема  (Read 34019 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #75 on 29.01.2020, Wednesday, 14:28:56 »
Quote from: dr-mr
...или на форумот @(at) dr-mr коментарот е наменет за/му се обраќаш на dr-mr.
Да, ама?
Quote from: Toma
...по кое пишнао правило се употребува на форум, фејсбук итн... ?!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #76 on 29.01.2020, Wednesday, 18:11:29 »
На некои форуми кога некој ќе ти напише @Toma ти стига нотификација дека некој те спомнал во некоја содржина, но се зависи од форумската платформа и можностите на скриптите кои се користат.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #77 on 29.01.2020, Wednesday, 23:44:43 »
Во SMF 2.1, имплементиран е систем за нотификации во кој спаѓаат и спомнувањата (mentions, кога некој ќе те спомне во post, слично како на FB, но за да го извади како нотификација, мора да го искористиш "at" симболот, @), но сега за сега сеуште е во RC фаза, така да, не би го upgrade-увал форумот сега.

А инаку, многу кул изгледа SMF 2.1, ептен модерно во споредба со 2.0 ;). И има многу нови функции и е пооптимизиран и побрз ;).

Е сега, за жал, извадени се некои работи, како на пример движечки текст (Marque), сенка на текст (Shadow), „сјаен“ текст (Glow) и flash (сметаа дека се непотребни и дека се 90's технологија... и онака ретко кој ги користи, а и знаат да бидат нападни), но WYSIWYG текст едиторот работи 100% како што треба ;). На 2.0 е... меееех... климав... кога како работи... почесто не работи отколку што работи :-\.

Сакаа и [hr] (хоризонтална линија) да го извадат, ама среќа јас и уште еден член од тимот се изборивме да го задржат ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве ви тест за правопис ;).

Code: [Select]
https://makedonskijazik.mk/2020/01/pravopis-01.html
Но, според „некој си нов правопис“, ова било точно ::).

Според мене и правописот од Блаже Конески, заокруженото е најточно.

Не ми е јасно по која логика се воделе кога го вовеле ова ново правило, кога станува збор за нов збор со сосема подруго значење... комбинација е од „се“ и „уште“, но е нов збор со ново значење. Ако е нов збор, мора да се пишува заедно. Не е акцентска целост, па да се пишува одделно, а да се изговара како еден збор.

Според мене, заокруженото е точен одговор. Мојот одговор беше без апостроф, но после прочитав дека правилно е да се пишува со апостроф за да се потенцира дека станува збор за нов збор и дека акцентот паѓа нормално, како што е правописот во Македонскиот јазик, на третиот слог од назад, но дека не е неправилно да се пише и како што јас имав заокружено (без апостроф), но дека најправилно е со апостроф да се пише.

Инаку добив оцена 3 :P :D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Во предметниот линк покрај другите правила, се дадени и објаснување и за ИЗВИЧНИК за кој толку многу „неосновано“ ме критикувавте размислувајќи само како ви одговара, па еве подолу прочитајте и донесте свој заклучок за неговата употреба и значење!

http://elektronika.mk/index.php?topic=14727.msg128942#msg128942

Toma
Quote
За извичниците не си во право.
Пишано е Извичник означува чудење а не карање.
GigaWatt
Quote
Очигледно не си долго време присутен на форуми или други видови на online заедници... не знам како да го објаснам ова на друг начин ??? :D... да, се вика и „чуденка“, но јас колку што знам, тоа е за прашалникот, а не за извичникот.
Без разлика, прашај кого сакаш кој долго време е по online заедници, големи букви и извичници (особено три по ред, кој ја прочита темата, ќе види дека во опомената од Toma, има буквално три по ред) значат ВИКАЊЕ!!!.
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/show/%D1%87%D1%83%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5/%D1%81%D1%80
Quote
...(се) чуди
Англиски: amazement
Примери:
Тоа за чудење!
И за големо чудење на мајка ми, и се родив.
Знак за чудење (!).

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ПРАВОПИС
ИЗВИЧНИК (!)
Извичник е интерпункциски знак. (Како правописен не се употребува.)
Со него се бележи извичната интонација, односно различниот интензитет на покачување на тонот. Тонот го покачуваме при изразени чувствени состојби или реакции, повикување, нагласена заповед, забрана, поттик или желба за вршење некое дејство итн.
Извичник се пишува:
на крајот од извичните реченици со кои се изразува чувствена состојба или реакција (возбуда, радост, чудење, воодушевеност, изненадување, предупредување, страв, лутина, гнев, итн.);
На пример: Земјо моја, татковино мила!

Оди си!
Каква убавина!

на крајот од речениците со кои се искажува заповед или забрана за вршење некое дејство;
На пример: Дојди ваму веднаш! Немој да излегуваш!

на крајот од извични реченици со кои се изразуваат желба или поттик за вршење (или невршење) на некое дејство;
На пример:
А да дојдеше кај мене! Ајде да работиме!

за изразување благослови и клетви;
На пример:
Живи и здрави!
Од убаво да не куртулите!
Оган да ги изгори!

на крајот или во средина на реченица преземена во директен говор;
На пример:
Во училната се слушаше: „Фати го! Грабни го!“ и трескање на вратата на крајот.

во нагласени форми за обраќање или повикување;
На пример:
Еј! Дојди ваму!
Ученици! Потивко малку!

по поздрави и зборови со значење на учтивост, љубезност, предупредување, погрдност;
На пример: Здраво! Добар ден! Мило ми е! Внимавај! Срамота!

зад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање на звуци или животински гласови;
На пример: Оф!, Леле!, Муу!, Мјау!

 Извичник може, но не мора да се напише:
 
во наслови на уметнички дела и медиумски содржини;
На пример: Никогаш не оставај ме

Браво! Мини библиотека на отворено!

 Повеќе од еден извичник (а најмногу три) се употребуваат:
 
за истакнување на значењето на извичната содржина;
На пример:
Врати се, веднаш!!!
Те почитувам премногу!!!

 Извичник со прашалник се употребува:
 
за зголемување на изразноста на извичната содржина и да се означи чудење. Во зависност од тоа што се истакнува, зачуденоста или прашалноста, тие го менуваат своето место.
На пример: Навистина!? Што зборуваш!?

Зарем и ти не доаѓаш?!

Извичник не се употребува:
 
по заповед или молба прекажани во исказна реченица;
На пример: Ги замолив да ја напишат домашната.

Му свика на детето да не трча.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ти три по ред знаеше да ставиш... тоа е веќе сосема друг концепт. И неколку пати е напоменато дека извичникот има сосема друго значење во форумската култура, особено ако е пишан од страна на модератор.

Освен тоа, тоа е интерпункциски знак кој и не е задолжително да се стави на крај на реченица за да се разбере контекстот на реченицата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: Toma

 Повеќе од еден извичник (а најмногу три) се употребуваат:
 
за истакнување на значењето на извичната содржина;
На пример:
Врати се, веднаш!!!
Те почитувам премногу!!!
Quote
Врати се, веднаш!!!
Ова може да значи наредба!
Quote
Те почитувам премногу!!!
Оваа може да значи воодушевеност, почит, радост итн...!

Значи овои цитати не значат ништо!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Како се пишува!
софтвер или совтвер или софтваре

А како е множина од софтвер ? 
Софтвери?
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
„ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК“ вели:
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/search/%D1%81%D0%BE%D1%84%D1%82%D0%B2%D0%B5%D1%80
А како се пишува -Панталони- во множина?!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кажуваш „X парови панталони“. На пример „купив 3 пара панталони“.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Quote
А како е множина од софтвер ?
Софтвери?
Болка во грбот... ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote
А како е множина од
Болка во грбот... ;D ?
Ишијас, лумбаго или ... ?  :D :) :P
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Болки во грбот. Е ако слези подолу е критично.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Како се пишува! Слободна тема
« Reply #88 on 09.02.2020, Sunday, 19:53:58 (Edited 10.02.2020, Monday, 11:53:54) »

Дискус хернија