Е сега дојде на мојот кога ме критикуваше дека пренесувам и наметнувам правила од други форуми а ти сега ги прифаќаш (на некој начин) правилата од други форуми и си подлегнал на сугестиите од други (а велеше дека не те интересираат другите што мислат и какви правила имаат!
Ова се случи уште пред да бидам администратор. Борче беше администратор и он така го подеси форумот... и не, не се консултираше со нас во однос на одлуката, само ни пиша дека сега форумот е така подесен, јавно да може сите да го гледаат. Искрен да бидам, се сложував со одлуката и затоа не се смени ова откако станав администратор.
Кога напишав скрати го времето на 15 минути рече дека не менува ништо!
Го скратив и не смени ништо. Ако мислиш на времето за да јавува колку членови се моментално активни на форумот, по твоја сугестија беше подесено на 1 час, за да изгледа како „фиктивно“ да има повеќе членови активни на форумот, за да се привлечат повеќе нови членови (демек повеќе активни членови има), но тоа не вроди со плод, па подоцна, откако веќе беше тргнат од администрацијата, предложи пак да се врати назад на 15 минути (како што беше подесено по default) и го вратив назад.
Како што забележа, твојата сугестија не вроди со плод, но и јас мислев дека можно е вака да се привлечат нови членови со зголемување на тоа време, па затоа и ја прифатив сугестијата. Плус, барем тоа е лесно да се подеси, не ме кошташе буквално ништо, така да, немаше причина да не се проба. Не вроди со плод и подоцна само ме потсети дека времето за јавување на мометално активни членови на форумот е подесено на 60 минути наместо на 15 и пак го вратив назад. Толку, тоа беше целата приказна.
А зошто го мислам тоа? Затоа што кога гледам дека некој е на “линија“ можам да контактирам преку ПП за брзи да речеме консултации. А најдобро би било во тој контекст времето да се скрати на пет минути (ако ми ја разбра поентата)
Клик при секое логирање на Users Online па ќе видиш во просек што читаат членовите и гостите или поточно што ги интересира и каква помош бараат.
Ова би имало поента во случај да е форумот активен, не полумртов т.е. врзан на апарати за одржување во живот. Да имаше активни членови кои би побарале ова вака да биде подесено, да, сигурно би го направил вака. Сега... искрено, не гледам поента, но добро, ако сакаш, не е проблем, ќе се подеси да биде и 5 минути... мене, а верувам и на многу други не им прави некоја разлика бидејќи, ако не си забележал, многу честа ситуација е да си сам активен на форумот (лично за мене, ова е најчесто сценарио).
Ти имаш можност како сопственик на форумот да ја видиш статистиката од сите аспекти. Па според тоа можеш да видиш кои подфоруми би биле атрактивни и истити стави ги во “штос“.
Како тоа „да ги ставам во штос“? Да се post-ира повеќе во нив? Само јас и администрацијата да post-ира? Ако мислиш на ова, тоа време пројде. Едно време мислев дека може само со моја активност и на дел од администрацијата да се оживее форумот пак, но тоа никогаш не се случи и едноставно се откажав... и немам намера пак да пробувам.
Исто така пример во случајни муабети ( па и во други слични општи теми) има доста корисен материјал ама е недостапен (кој ќе чита 75хх теми за да дојде до случајно корисна информација). Затоа администрацијата треба да ги разделува тие корисни информации во посебни теми и се даде конкретен наслов кој би асоцирал на потребата на потенцијалниот член или гостин (сеедно).
Кога сум сметал дека требало, сум ги одвојувал, но не секогаш сум активен колку што би сакал да бидам, плус, некогаш сигурно сум заборавил, сум немал време или нешто сосема трето.
Како и секој форум и овој има функција Search. Ако некој пробува нешто да најде, ќе го најде. Да, Search функцијата не е идеална (пред се поради тоа што има илјадници начини да напишеш една иста работа на Македонски, а Search engine-от на форумот не е Google, така да, не вади баш секогаш најрелевантни податоци), но каква, таква ја има. Сепак, софтверот е open source и бесплатен. Тоа е тоа... од security аспект e top notch, но од функционалност... да, веќе застарен. На крајот на краиштата, секогаш може да го користи Google со на крајот додадено elektronika.mk за да го најде она што му треба. И јас често знам вака да правам.
По форуми сум најмалку петнаесетина години (имам пишано каде сум член) и нешто сум научил и тоа нема потреба мене да ми го потенцираш.
И јас го знам тоа. Потребни се квалитетни и квантитетни теми, ама на некој начин одбивате некој член кој има потенцијал (за десетина потенцијални со непознати квалитети и потенцијал) поради добиванње на потенцијано непознат член со непознато “милје“, и квалитети за зголемување на членови!
Не сватив што сакаш да кажеш со ова... имаш и неколку грешки во куцање... некако се изгубив во последната реченица.
А зошто тогаш во темата за дрскиот напиша дека автор неможеш да промениш?!
Автор на тема, не можам да сменам, дури и ако сакам (условно кажано... се е можно). Можам да ја избришам, можам да и сменам наслов, можам да ја edit-ирам како сакам, но не можам да сменам кој ја има отворено (да биде друг user, корисник, на пример јас или некој друг). Анкета е „додаток“ на темата. Не мора да биде автор корисникот, но да, може администрацијата да додаде анкета во некоја тема, доколку сака (не може било кој друг обичен корисник, освен оној кој ја отворил темата и/или администрацијата).
Поентата ми е, може анкетава да се тера во посебна тема, не мора да биде оваа. Може да биде било која друга тема и може било кој друг да ја отвори, не морам да сум јас или некој друг од администрацијата.