Author Topic: Софтвер за едитирање на видео  (Read 208 times)

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 949
  • Gender: Male
Софтвер за едитирање на видео
« Opened on 07.01.2020, Tuesday, 00:21:01 »
Колеги, препорачајте некој софтвер за видео едитирање.. одамна не сум правел ова иако на времето  VirtualDub користев кога беше во мода Div-x компресијата...
Инаку се работи за МП4 фајл, сакам наједноставно само да го поделам (SPLIT) пошто е голем.
Симнав неколку програми, и сите те трајал, па оставаат Watermark-ови, па некакви безвезни ограничувања... Затоа мислев некоја што сте ја испробале дека е ОК.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
MeGUI ако ти е само за делење (просто сечење, simple cut) ;)... со тоа што ќе треба да правиш recode на клипот, ама тоа е тоа, не е се веќе така едноставно како во времето на AVI ;D.

Code: [Select]
https://sourceforge.net/projects/megui/
И станува се покомплицирано кога ќе сватиш дека преку File --> Open всушност и не бара фајл туку нешто друго (скрипта) ::). Јеб*га :-\. Побарај туториали online за MeGUI, има доста ;).

Hint: Tools менито е покорисно него File --> Open. Практично, се преку него ќе работиш ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 812
Пробај со Avidemux

Жан

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 110
windows movie maker

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 949
  • Gender: Male
MeGUI ако ти е само за делење (просто сечење, simple cut) ;)... со тоа што ќе треба да правиш recode на клипот, ама тоа е тоа, не е се веќе така едноставно како во времето на AVI ;D.

Code: [Select]
https://sourceforge.net/projects/megui/
И станува се покомплицирано кога ќе сватиш дека преку File --> Open всушност и не бара фајл туку нешто друго (скрипта) ::). Јеб*га :-\. Побарај туториали online за MeGUI, има доста ;).

Hint: Tools менито е покорисно него File --> Open. Практично, се преку него ќе работиш ;).

Во право си Гига, ова комплицирано било.. јас мислев за 5 мин. ќе завршам работа ама не било така..
Сега ги симнав и MeGUI и AVIDEMUX, гледам некои туторијали па ќе пробам да видам што ќе направам..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ај да ти помогнам ;).

Фајлот прво треба да го индексираш (така се вика тоа). Фајлот се индексира преку Tools --> File Indexer (или Ctrl + F2). Откако ќе се индексира, во истиот фолдер во кој ти е клипот, ќе се појават уште два фајла: едниот ќе има .lwi екстензија, а другиот... зависи од што фајл си индексирал (дали avi, mp4, mkv, итн.), ќе биде или .avs скрипта (AviSynth Script), или аудио фајл со екстензија во зависност од тоа во што е кодирано аудиото во видео фајлот (ако е AAC, ќе има екстензија .aac, ако е MP3, ќе има екстензија .mp3, итн.).

Е сега, наредно треба да направиш AVS (AviSynth Script) скрипта врз база на индекс фајлот (.lwi фајлот). Отвори Tools --> AVS Script Creator. Ќе се отвори еден прозорец. Кај Video Input (трите точки), отвори го .lwi фајлот и ќе се отвори еден нов прозорец во кој е дадено preview од видеото. Во главниот прозорец има опции како resize, crop, deinterlace, итн., но слободно може сите тие опции да ги одштиклираш, ако немаш намера да му менуваш резолуција или да сечеш black bars или некои такви работи ;). Така да, одштиклирај се, отштиклирај и On Save close and load to be encoded и само стисни Save. Ќе се креира нова .avs скрипта во фолдерот во кој го имаш клипот. Ова се обични текст фајлови, може да ги отвараш со Notepad или било кој текстуален едитор ;).

Е сега, на крај е сечењето ;). Tools --> AVS Cutter ;). Во него ја отвораш .avs скриптата и повторно се појавува preview window. Во preview прозорецот, имаш кочиња Zone Start, Zone End и Set. Мрдај со slider-от каде што сакаш да почне новиот клип и кликни на Zone Start. Мрдај со slider-от каде што сакаш да заврши клипот и стискаш на Zone End. На крајот, стискаш на Set. Во AVS Cutter прозорецот, кликни на Do all and close. Во истиот фолдер каде што е клипот, ќе се креира нов фајл, .clt. Овој ти треба за сечење на аудиото. За сечење на аудиото, се користи Tools --> Audio Cutter. Во Cut file, го отвораш .clt фајлот, во input file го отвораш аудио фајлот (ако се изгенерирала скрипта наместо аудио фајл при индексирањето на фајлот, ќе мораш да ја отвориш скриптата со некој софтвер за едитирање на аудио, Sound Forge, Adobe Audition или нешто слично и да ја зачуваш баш како адуио фајл, препорачливо WAV, но може и MP3 и AAC ;)) и кликаш на Create job. Во Queue табот на MeGUI, ќе се креира нов job. Стисни на Start и ќе се испроцесира тој job и ќе се креира нов аудио фајл кој е исечен врз база на сечењето на видеото.

После треба да го кодираш видеото. Тек сега оди на ред File --> Open ;D. Во Input табот имаш секција за AviSynth Script. Отвори ја скриптата за видеото, избери енкодер, конфигурирај, bitrate, тантара пантара и стисни на Queue. Кликни на Queue табот и стистни на Start. Ќе почне да се кодира видеото и ова можно е да потрае (зависи од тоа што процесор имаш, кои подесувања си ги избрал, колкав bitrate си избраш, што кодек си избрал, колкава е резолуцијата на клипот, итн.). Откако ќе заврши кодирањето на видеото, ќе се креира нов фајл во истиот фолдер во кој ти е ставен и клипот со екстензија која зависи од искористениот кодек (ако си кодирал со x264, ќе има екстензија x264 или avc, ако си кодирал со x265, ќе има екстензија hevc).

Сега, на крај, треба да ги споиш двете (аудиото и видеото) во еден фајл. Моја лична препорака е да го искористиш MP4 контејенерот (поради компатибилност, да може да го пушташ на било каков уред видео фајлот), но може и во MKV или и во некој друг контејнер да го ставиш ;). Tools --> Muxer --> MP4 Muxer. Го отвараш енкодираниот видео фајл, го отвараш исечениот аудио фајл, стискаш на Queue. Се појавува нов job во Queue табот од гавниот прозорец на MeGUI, стискаш Start, почнува muxing процесот (ова е брзо, не трае многу), завршува и тоа е тоа, имаш нов клип :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 949
  • Gender: Male
Го средив сега, фала   :) :)

Дужам пиво ;) ;) ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12176
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Со MeGUI работеше :)?